Богословие: Аскетика

Свети Григориј Ниски - За целта [на животот] по Бога и за вистинското подвижништво (II)

II,1 Поради тоа нам ни следи во иднина, да ги приведеме телото и душата кон Бога по законот на набожноста, и да Му принесуваме бескрвно и чисто служење така што ќе направиме раководител на [нашиот] живот да биде набожната вера кон која низ целото Писмо нé повикуваат гласовите на светите. Послушната и кротка душа мораме да ја изведеме на борилиштето на добродетелите токму така што во чистота самите себе ќе се ослободуваме од патиштата на овоземниот живот, ќе се избавуваме од робовското служење на [сé] ниско и празно, потполно ќе се предаваме на верата и живеењето само поради Бога, и јасно ќе знаеме дека на оној, кој во себе [ја чува] набожната вера и непорочниот живот, му е својствена и силата Христова, а во кого е силата Христова, тој го избегнува секое зло и смрт, која го разурнува нашиот живот. Лукавите [духови] немаат во себе таква сила која би можела да ú се спротивстави на силата на Господ [на овој свет]; на тие духови им е својствено само да ја следат човековата непослушност кон заповедите. И како што во дамнина поради тоа пострада првостворениот [Адам], така и сега го подражаваат оние кои,своеволно, [чекорат на патот] на непослушноста. [продолжи]

Богословие: Катихизис

д-р Игњатије Мидиќ - Православен Катихизис

III

Во зависност од тоа на кој начин пристапуваме кон прашањето за Бога, зависи и нашиот однос кон него, односно дали веруваме или не. На сите луѓе што веруваат, својстено им е за Бога да говорат врз основа на верата. Другите луѓе, пак, на прашањето за Бога пристапуваат врз основа на „знаење“. Познат е проблемот на односот помеѓу верата и знаењето. Тој проблем се изразува низ дилемата: или веруваш, или знаеш.
Наведената дилема, која се појавила на христијанскиот запад, произлегува од специфичното сфаќање на верата и знаењето. Знаењето за се’ што постои, па и за Бога, поистоветено е со објективно познавање на некого или на нешто т.е познавање врз основа на природата, а верата – со отсуство на такво знаење. Ваков вид на сознание довел и до појава на атеизмот, зашто Бог по природа никој никогаш не го видел и врз таа основа и не го познава. Затоа ваквото знаење ја негирала верата во Бога, односно го негирало самото постоење на Бога, зашто Бог по природа е невидлив и несознаен. [продолжи]

IV

Знаењето е идентификација, поистиветување на нешто или некого со самиот него, или одредување на нешто дека е тоа, а не нешто друго, односно на некого дека е тој, а не некој друг. Кога не можеме нешто да идентификуваме, тоа значи и дека не го познаваме. Да се признае дека Бог постои и да се говори за него, значи да се познава Бог. Сознанието претпоставува постоење на оној кого или што сознаваме. Со други зборови, познавањето некого или нешто има врска со постоењето. Она што не го познаваме – тоа за нас и не постои.
Пред да говориме за можностите на Божјото позание, најпрвин треба да објасниме како и на кои се’ начини познаваме, го идентификуаме светот кој не’ окружува. Треба да се нагласи дека со единстевн и ист метод на сознание не можат да се идентификуваат и предмети и луѓе, зашто во зависност од тоа на кој начин сознаваме нешто зависи и идентитетот на она што сознаваме. [продолжи]

Богословие: Катихизис

д-р Игњатије Мидиќ - Православен Катихизис

I

Историјата на христијанската црква почнува со една конкретна историска личност – со Исус Христос од Назарет – и случувањата врзани за него, а пред сé со неговото воскреснување од мртвите. Значи, Христовата личност претставува основа на верата на сите христијани.
Поради тоа, пред да почнеме да говориме за основните вистини  на православната христијанска вера и да ги толкуваме во светлоста на нивниот впечаток врз нашиот живот, сметаме за неопходно да укажеме на тоа од колкава важност е  искуството на личноста за нивно правилно толкување и разбирање. Во што  е специфичноста во толкувањето на вистините на христијанската вера низ Христовата личност?

За да одговориме на ова прашање, потребно е да се потсетиме на најпрво што е личност. [продолжи]

II

Сите луѓе имаат некаков поим за Бога. Дури и оние кои формално не припаѓаат во ниедна религија, сепак имаат некаков поим за Бога, едноставно затоа што постојат и што не се помируваат со смртта, туку сакаат вечно да постојат. Тежнеењето на човекот да дојде до вистината и сигурноста во променливиот свет во кој живее, односно средбата на човекот со проблемот на смртта, неминовно го упатува на овој или оној поим за Бога. Во зависност од тоа што човекот ќе прогласи за вистина, односно на кој начин го одминува проблемот со смртта и мисли дека остварува вечно и непроменливо постоење, тој тоа и го обожува. Значи на овој или оној начин, од овој или оној агол на гледиште, поимот за Бога е присутен кај сите луѓе без исклучок. Но, ќе се запраша некој - што е со атеистите, односно со тие луѓе кои не веруваат дека Бог постои? Дали тие со своето неверување го негираат наведеното тврдење? На крајот, ако Бог навистина постои, како тогаш едни го познаваат и признаават дека постои, а други не? [продолжи]

Богословие: Аскетика

Свети Григориј Ниски - За целта [на животот] по Бога и за вистинското подвижништво (I)

I,1 Ако некој, [живеејќи] по Бога, и оддалечувајќи ја мислата од телото и робувањето на страстите, и исто така престојувајќи надвор од неразумностите [на овој свет], со искрена и чиста помисла сам ја проучи душата своја, ќе ја види јасно во природата на таа душа [одразената] љубoв Божја кон нас и замислата Божја за време на нејзиното создавање. Проучувајќи се себе си на тој начин, ќе ја разоткрие и за човекот својствената и со него срасната склоност кон доброто и најдоброто, [која извира од природаната] желба за нив. Ќе ја забележи и [за човечката] природа својствената безстрастна и блажена љубов кон оној надсетилен и блажен Лик, чие подражавање е човекот. Меѓутоа, некое залажување од видливите и вечно минливи [пропадливи нешта] ја фрла душата во заблуда преку неразумната страст и горка наслада, ја пленува и така ја користи нејзината лекомисленост и ја привлекува кон опасниот порок, кој настанува од насладувањето со [минливиот] живот, а самиот раѓа смрт во оние го возљубиле тој порок. Заради тоа, на оние кои со љубов го примаат познанието на Вистината им бил даден спасоносен лек – благодатта на нашиот Спасител. Таа ја укинува лагата која го пленува човекот, а пред светлината на Вистината потполно исчезнува нечесната помисла [која ја води во соблазна] кај онаа душа која, примајќи го знаењето, оди по патот на спасението и тежнее кон божественото. [продолжи]

Созерцание

За љубовта Божја пишувам, а самиот Го љубам Бога недоволно; и затоа нажален сум и како Адам тагувам, кога бил изгонет од рајот, и плачам, и липтам. Помилуј го Боже, Своето паднато создание. Колку ли пати благодатта на Светиот Дух ми ја подари, и јас не ја зачував, оти душата моја е суетна; но сепак, Те познава таа Тебе. Творецот, и Богот свој, и затоа низ солзи Те бара, како што Јосиф за својот татко беше плачел на мајчиниот гроб, кога го беа воделе во Египет, во ропство.

Новости

Во тек е изработката на содржините на Православната презентација Созерцание. Доколку сте заинтересирани за соработка, слободно пишете ни на: jakovcevski [на] gmail [точка] com.