Православен Катихизис

Поим за Бога и Христијанството

Вера и знаење

Во зависност од тоа на кој начин пристапуваме кон прашањето за Бога, зависи и нашиот однос кон него, односно дали веруваме или не. На сите луѓе што веруваат, својстено им е за Бога да говорат врз основа на верата. Другите луѓе, пак, на прашањето за Бога пристапуваат врз основа на „знаење“. Познат е проблемот на односот помеѓу верата и знаењето. Тој проблем се изразува низ дилемата: или веруваш, или знаеш.
Наведената дилема, која се појавила на христијанскиот запад, произлегува од специфичното сфаќање на верата и знаењето. Знаењето за се’ што постои, па и за Бога, поистоветено е со објективно познавање на некого или на нешто т.е познавање врз основа на природата, а верата – со отсуство на такво знаење. Ваков вид на сознание довел и до појава на атеизмот, зашто Бог по природа никој никогаш не го видел и врз таа основа и не го познава. Затоа ваквото знаење ја негирала верата во Бога, односно го негирало самото постоење на Бога, зашто Бог по природа е невидлив и несознаен.

И додека знаењето е сфатено како собирање информации за она што постои, врз основа на испитување на неговите видливи – природни својства и логичко заклучување за тоа, верата во Бога е само претпоставка дека Бог посои. Затоа се мисли дека верата се појавува токму таму каде што отсуствува вакво знаење, и тогаш е поистоветена со незнаење. Со други зборови, нивниот став е: верните луѓе и понатаму да би останале верни, потребно е многу да не истражуваат. Оттаму изреката: „Верувај и не истражувај“.
Спротивно на тоа во источното христијанство не постои дилема помеѓу верата и знаењето. Верата во Бога и знаењето за Бога се поистоветуваат затоа што во православието поинаку се пристпува кон прашањето за познавање на Бога. Како и на кој начин? Да би одговориле на ова прашање, потребно е најпрвин да видиме што е тоа знаење и која улога има тоа во откртивањето на Божјото постоење.         

[претходно: Вовед]   [следно: За можностите на Богопознанието]
превод и обработка: Милош Дрпа