Православен Катихизис
Поим за Бога и Христијанството
За можностите на Богопознанието
Поим за сознание
Знаењето е идентификација, поистиветување на нешто или некого со самиот него, или одредување на нешто дека е тоа, а не нешто друго, односно на некого дека е тој, а не некој друг. Кога не можеме нешто да идентификуваме, тоа значи и дека не го познаваме. Да се признае дека Бог постои и да се говори за него, значи да се познава Бог. Сознанието претпоставува постоење на оној кого или што сознаваме. Со други зборови, познавањето некого или нешто има врска со постоењето. Она што не го познаваме – тоа за нас и не постои.
Пред да говориме за можностите на Божјото позание, најпрвин треба да објасниме како и на кои се’ начини познаваме, го идентификуаме светот кој не’ окружува. Треба да се нагласи дека со единстевн и ист метод на сознание не можат да се идентификуваат и предмети и луѓе, зашто во зависност од тоа на кој начин сознаваме нешто зависи и идентитетот на она што сознаваме.
Сознание кое светот го идентификува како нешта
За време на идентификацијата на нешто дека е тоа, а не нешто друго, односно кога тоа се сознава, денеска се користи еден вообичаен метод или постапка, кој е и во науката признаен, а тој се состои во следново.
- Кога кажуваме дека нешто е тоа, а не нешто друго, подразбираме дека за време на сознание на нешто негираме нешто друго. Велиме: А е А, а не е Б. Значи да би одредиле што е А, се трудиме да кажеме што не е А, одбивајќи, односно негирајќи го (ја) Б. Кога велиме дека ова е тоа, значи дека тоа не е она другото. Низ негација на другото доаѓаме до закличок што е нешто. Кога велиме ова е пенкало, истовремено подразбираме дека тоа не е маса или било што друго. Значи, без нешто друго и негоа негација, не можеме да идентификуваме ништо, зашто ако би постоел еднен предмет(ствар) во светот, тогаш не би можеле да го определиме ни нејзиниот идентитет.
- На овој начин на сознание, тоа што ние го сознаваме истовремено го одвојуваме од нешто друго, односно опишуваме околу него граници, (го ограничуаме) да би можеле да го идентификуваме. Опишувањето (ограничувањето) нешто е битен предуслов за негово спознание. Да би можеле тоа да направиме, потребни ни се категориите време и простор. Времето и просторот чинат нештата да бидат ограничени и меѓусебе одвоени. Кога не би било така, не би ни можело да биде никакво сознание, зашто ако сите ствари се слијат во едно, се губи и нивниот идентитет.
- Понатаму, опишувањето значи одредување на нешто со помош на неговите својства. Кога велиме „опишување со помош на неговите својства“, изразуваме дека тоа што го сознаваме, го сознаваме и во перспектива на неговата употреба. Од тоа за што служи нешто, зависи и неговиот идентитет. Во овој последен случај ние откриваме во некоја ствар поединечни својства, во занвисност од тоа во која цел сакаме да го употребиме. Што повеќе такви информации, тоа е и подобро познавање на нешто. На крајот од овој процес константираме дека нешто или некого знаеме.
Ваков начин на сознавање ни го открива светот кој исклучиво го познаваме како нешто. Затоа она што ќе го сознаеме на овој начин, за нас е една ствар која се претвора во нешто за наша употреба, односно во пари – без разлика дали станува збор за луѓе, животни, или буквално за ствари. Светот кој го сознаваме на овој начин настанува свет на ствари, односно свет за наша употреба – потрошувачка. Таквото знаење донесува корист и затоа денеска тоа е најзастапено во нашата цивилизација, која во голема мера така го идентификува светот – низ корист.
Колку ни е светот попознат, тој е за нас поупотреблив и „повреден“, зашто неговата вредност се мери исклучиво со употреба, и така стварите настануваат пари.
Значи, ако светот го сознаваме исклучиво на овој начин, тој за нас се претвора во ствар за употреба и наша потрошувачка.
[претходно: Вера и знаење]
превод и обработка: Милош Дрпа