старец Тадеј - „Овде се стигнува рајот“
Духовни поуки на старец Тадеј
1. За зависта и завидливоста
И да се ослободат од мрежата на ѓаволот,
кој ги улови живи,
за да ја исполнуваат неговата волја.
2. Тим. 2, 26
Кај нас преовладува духовна неписменост, големо непознавање на Првиот и Новиот Завет со Псалмите.
Без животна наука нема ни мир ни спокојство, се паѓа во песимизам од кого доаѓаат незадоволството на зависта. Немојте да се ограничувате себеси со зависта!
Завидливците се ограничуваат самите себе, од нивниот ум како демонот да им ги одзема уздите и го држи во гнев. Сакаат да владеат, а совладани се. Се почнува од влијание на лошо друштво, користење магија, заробување со световни животни стандарди. Мислејќи дека тоа му е целта, и со своето огромно ЈАС во срцето, човекот станува затворен за Божјиот благослов.
Родителите ги издигнуваат децата за светот и така од мали ги учат наопаку.Тие ги наведуваат на забави во беззаконие. Упатувањето во светот и световниот живот како единствена смисла на животот, води кон нараснување кон беззаконието и уништување на духот. Самоуништувањето на духовните вредности не е ништо друго, туку допирање на пеколот уште во овоземниот живот.
Иако сите земни планови се неостварливи, тие сепак ги нарушуваат Божјите закони и заповедите за љубовта. Пораснатите не сакаат да го слушаат и почитуваат редот и Божјата промисла, и затоа Бог го прекратува умножувањето на злото и ги зема „Овие“ за да ги спаси од нив самите. Да се знаат, а да не се стреми кон промена на лошите навики и напуштање на грешните патови, значи смртно да се ранува својата душа. А Господ не дозволува со неговите созданија да се полни пеколот. Пресекувајќи го смртниот пат, ги зема дишите на поправање на посебниот суд, зашто треба да се очистат наносите гревови стекнати со погрешниот живот на земјата.
Истото се случувало во времето на Господ Исус Христос кога ја проповедал верата на спасението. И тогаш родителите му одговориле: „Гревот на нас и на нашите деца.“ И сето тоа се знае, и децата и родителите тоа го знаат, а сепак сакаат да продолжат по старото мислејќи дека вечно ќе бидат на земјата. Заробени се со својата волја во незнабожечки дух кој не знае да мисли и расудува, врзани се за изопачени мерила на пролазните човечки вредности. Поради погрешното образование и воспитување, живеат во измама и лаги од сопствената волја. Таа волја е само привид, зашто доаѓа од духот на противењето со кој ги уловил лукавите.
(2. Тим. 2, 26 и 3, 7).
Во Божјата волја нема дух на противење, таа е љубов која ослободува.
[следно: За врзаноста за овоземниот живот]
Превод и обработка: Златко Дивјаковски