Свето Писмо

Во тек е поставувањето на Светото Писмо на македонски јазик, Синодското издание од 1990.

Нов Завет

Стар Завет

Општ вовед

Современата библиска наука опфаќа повеќе дисциплини: општ вовед во Свето Писмо; воведи во поединечни библиски книги; херменевтика, или наука за толкување на Светото Писмо; библиска историја и географија; библиска археологија, која го проучува библискиот свет врз основа на ископувањата; библиска филологија, или проучување на библискиот речник врз основа на компаративната литература на Стариот Исток.

Постојат два пристапи кон Библијата, и тоа: надворешен, и внатрешен, духовен. Надворешниот пристап е литературен, историски, текстуален, јазичен, критичен. Тоа е начинот на кој со Светото Писмо се однесува дисциплината Вовед во Свето Писмо воопшто, и посебно со Светото Писмо на Стариот Завет. Вториот пристап, внатрешниот, духовниот, односно длабокиот, Светото Писмо го гледа како објава на Логосот Божји, Откровение дадено на човекот, кое го насочува и води кон откривање на Бога, но и на самиот себе како човек, кон смисолот и целта на неговиот живот и светот.

Активности

Во тек е внесувањето на Новиот Завет на македонски јазик, Синодското издание од 1990 година. По неговото внесување, ќе се работи на внесување на Стариот Завет, истото издание.