Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните

1 | 2 | 3


1

1 Од Павла, Силвана и Тимотеја до црквата Долунска во Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа:
2 благодат вам и мир од Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа!
3 Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, зашто што верата ваша необично многу расте, и заемната љубов кај сите вас да изобилува,
4 така што ние самите да се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера, при сите погони и маки, што ги поднесувате:
5 тоа е доказ за превениот Божји суд, дека вие ќе се удостоите со Царството Божјо, за кое страдате.
6 Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние, што ве мачеа,
7 а вам, на мачените, ка ви даде утеха заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,
8 во пламенен оган да им се одмаздува на оние, кое не Го познаваат Бога, кое не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус Христос
9 и кои со вечна погибел да бидат казнети од лицето на Господа и од славата на Неговата моќ,
10 кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своете светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето светоштво.
11 Затоа и се молиме секогаш за вас, да ве удостои нашиот Бог за збањето и да исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,
12 та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господа Исуса Христа.

2

1 А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, не молам, браќа,
2 да не се колебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден.
3 Никој да не ве измами ни по каков начин; оти оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта,
4 кој што се противи и се превознесува над се, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог.
5 Не помите ли дека, уште кога бев при вас, ви зборував за тоа?
6 И сега знаете што Го задржа Него да се открие во Свое време.
7 Тајната на безаконието веќе дејстува, само тоа нема да биде завршено, додека не се отргне оној, што ја задржува сега;
8 тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби
9 оној, чие јавување, по дејството на сатаната, е со секаква сила и знаци и лажни чудеса,
10 и со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, заштоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение.
11 И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,
12 та да бидат осудени сите, кое не поверуваат во вистината, а ја засакаа направдата.
13 Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господа браќа, затоа ќто од почетокот, преку осветувањето на Светиот Душ и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,
14 кон кое ве повика преку вашето Благовестие, за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15 И така, браќа, стојте и држете ги преданијате, што ги научивте било преку нашето слово, било преку вашето послание.
16 А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отецот наш, Кој не возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,
17 нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!

3

1 Потоа, браќа, молете Му се на Бога, за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,
2 и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи не сите имаат вера.
3 Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.
4 Ние сме уверени за вас во Господа дека го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.
5 А Господ нека ги управи срцата ваши кон љубовта Божја и трпението Христово!
6 Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој живее неуредно, а не според преданието, што го добија од нас!
7 Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно при вас,
8 ниту, пак, при некого јадевме леб дарум, туку работевме со труд и мака и дење и ноќе, за да не му додеваме на никого од вас.
9 И не поради тоа што немавме власт, туку да бидеме пример, та да се угледате на нас.
10 Зашто, кога бевме меќу вас, ви го заповедавме ова - дека кој не сака да работи, нека и не јаде.
11 Но слушаме дека некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;
12 на таквите им заповедаме и ги молиме го нашиот Господ Исус Христос да работат мирно и да го јадат својот леб.
13 А вие, браќа, не паѓајте со духот, кога вршите добро.
14 Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, означете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15 но не сметајте го за непријател, туку почитувајте го како брат.
16 А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нек и со сите вас!
17 Своерачен поздрав од мене, Павла; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така:
18 благодатта на вашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!