Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука

1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28


1

1 Првиот извештај, о Теофиле, го составив за сето она што Исус почна да го прави и поучува,
2 до денот кога беше вознесен, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што ги беше избрал,
3 на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу несоборливи докази: јавувајќи им се четириесет дена и зборувајќи им за Божјото царство.
4 Кога се состануваше со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, “за кое чувте од Мене”:
5 зашто навистина Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни, ќе бидете крстени со Светиот Дух!”
6 А кога се собраа, Го прашаа, велејќи: “Господи, сега ли ќе го востановиш царството на Израел?”
7 А Тој им рече: “Не е ваше да ги знаете времињата и периодите, што Таткото ги одреди со Својата власт.
8 Туку ќе примите сила, кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и Самарија, па с? до крајот на земјата.”
9 И велејќи го тоа, се вознесе пред нивните очи, и облак Го зеде од пред нивните погледи.
10 И додека гледаа настојчиво кон небото, додека Тој си заминуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа крај нив
11 и им рекоа: “Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.”
12 Тогаш се вратија во Ерусалим од гората, која се вика Маслинова, што е близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.
13 И кога влегоа во куќата, се искачија во горната соба, каде што чекаа: Петар и Јован, Јаков и Андреј, Филип и Тома, Бартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јуда братот на Јаков.
14 Сите овие еднодушно и едностојно беа во молитва, заедно со некои жени, со Марија, мајката на Исус, и со Неговите браќа.
15 А во тие дни Петар застана меѓу браќата (а беа собрани околу сто и дваесет души), и рече:
16 “Браќа, требаше да се исполни Писмото што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста за Јуда, кој им беше предводник на оние кои Го фатија Исус;
17 тој беше вброен меѓу нас и имаше добиено дел од службата.
18 (Имено, тој стекна нива со незаслужена награда; и падна ничкум, се растрбуши по средината и се свлечка целата негова утроба.
19 И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, па нивата на нивниот јазик беше наречена Акелдама, што значи “Крвна нива.”)
20 Зашто, во свитокот на Псалмите е напишано: 'Неговиот имот да биде испустен и никој да не живее во него!' и 'Неговата служба да ја прими друг.'
21 И така, треба еден од луѓето, што беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде кај нас и си отиде од нас,
22 почнувајќи од Јовановото крштавање до денот кога се вознесе од нас, еден од нив треба да биде заедно со нас сведок на Неговото воскресение.”
23 И предложија двајца: Јосиф, наречен Барнаба (со прекар и Јуст), и Матиј.
24 И се помолија, велејќи: “Господи, Ти Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого го имаш избрано од овие двајца,
25 да земе дел во оваа служба и апостолство, од кое отпадна Јуда, за да појде на своето место!”
26 И фрлија жрепка за нив, а жрепката падна за Матиј па него го вброија во единаесетте апостоли.

2

1 А кога дојде Педесетница, сите беа собрани на едно место.
2 И одненадеж се чу бучава од небото, како кога дува силен ветар и ја исполни целата куќа во која седеа.
3 И им се појавија јазици како од пламен, кои се разделија и над секого од нив застана по еден.
4 И тие сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да говорат.
5 А тогаш во Ерусалим живееја Евреи, побожни луѓе, од сите народи под небото.
6 И кога се чу бучавата, се собра многу народ и се збуни, зашто секој слушаше како зборуваат на неговиот јазик.
7 Сите се восхитуваа и се чудеа, велејќи: “Ете, зар сите овие што зборуваат не се Галилејци?
8 Тогаш, како ние го слушаме секој својот мајчин јазик?
9 Парќаните, Мидијците, Еламитите, жителите на Месопотамија, на Јудеја и Кападокија, на Понт и Азија,
10 на Фригија и Памфилија, на Египет и од пределите на Либија, околу Киринија, и Римјаните кои се тука привремено, Евреи и прозелити,
11 Криќани и Арабјани, ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за Божјите моќни дела?” Д
12 Сите се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: “Што може да биде ова?”
13 Други пак се подбиваа и велеа: “Се препиле слатко вино!”
14 А Петар стана, со единаесеттемина, го поткрена гласот и им рече: “Луѓе, Евреи и сите вие кои живеете во Ерусалим! Знајте го ова и послушајте ги моите зборови!
15 Овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е одвај третиот час на денот,
16 туку тоа е кажаното преку пророкот Јоил:
17 'Во последните денови' - вели Господ - 'ќе излеам од Својот Дух над секого, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите момчиња ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.
18 Исто така, во тоа време, над Моите слуги и над Моите слугинки ќе излеам од Мојот Дух и тие ќе пророкуваат.
19 Ќе правам чуда горе на небото и знаци долу на земјата: крв, оган и чад.
20 Сонцето ќе се претвори во темнина, и месечината во крв, пред доаѓањето на великиот и славен Господов ден.
21 И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен.'
22 Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исус Назареќанецот со сили, со чуда и со знаци, што Бог преку Него ги направи меѓу вас, како што знаете и самите.
23 Вие, Него, откако беше предаден според предодредената Божја волја и предзнаење, преку рацете на беззакониците Го распнавте и Го убивте,
24 но Бог Го крена и Го ослободи од смртната агонија, зашто не можеше смртта да Го задржи.
25 Зашто Давид вели за Него: 'Постојано Го гледам Господ пред себе; Тој ми е оддесно, за да не се поместам.
26 Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик, а и моето тело ќе почива во надеж;
27 зашто нема да ја оставиш мојата душа во Адот, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да види распаѓање.
28 Ти ми ги покажа патиштата на животот, ќе ме исполниш со веселба со Своето присуство.'
29 Мажи, браќа! Можам слободно да ви кажам за патријархот Давид дека умре и беше погребан и дека неговиот гроб е меѓу нас до ден денешен.
30 Но, бидејќи беше пророк и бидејќи знаеше дека Бог му се заколна оти од родот на неговите бедра некого ќе постави на неговиот престол,
31 предвидувајќи за воскресението на Христос, рече: 'Ниту беше оставен во Адот, ниту телото Му виде распаѓање.'
32 Бог Го воскресна Овој Исус, за што ние сите сме сведоци.
33 И така подигнат на Божјата десна страна, Тој Го прими од Таткото ветувањето на Светиот Дух, го излеа ова што го гледате и слушате.
34 Зашто Давид не се вознесе на небесата, но самиот изусти: 'Му рече Господ на мојот Господ: седни оддесно до Мене,
35 додека не ги соборам Твоите непријатели како подношка на Твоите нозе!'
36 И така, целиот Израелов дом сигурно нека знае дека Него Бог Го направи Господ и Христос - Овој Исус, Кого вие Го распнавте!”
37 А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: “Мажи, браќа, што да правиме?”
38 А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.
39 Зашто, ова ветување е за вас, за вашите деца и за сите далечни, колку што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика кај Себе си.”
40 И уште со многу други зборови сериозно сведочеше и ги предупредуваше, велејќи: “Спасете се од ова расипано поколение!”
41 И така, се крстија оние кои го прифатија неговото слово, па тој ден се приклучија околу три илјади души.
42 И беа постојани во апостолското учење и во општењето; во раскршувањето на лебот и во молитвите.
43 А страв и трепет влезе во секоја душа, зашто преку апостолите стануваа многу чуда и знаци.
44 А сите оние кои поверуваа, беа заедно и с? им беше општо.
45 И ги продаваа своите сопствености и имоти и тоа го споделуваа со сите, секому според неговата потреба.
46 И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и јадеа со радост и со чисто срце,
47 Го славеа Бог и беа мили кај целиот народ. А секој ден Господ ги придодаваше оние кои се спасуваа.

3

1 Петар и Јован одеа кон Храмот во деветтиот молитвен час.
2 Тогаш донесоа еден човек, сакат од раѓањето. Него го поставуваа секој ден пред портата на Храмот, наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во Храмот.
3 Штом ги виде Петар и Јован кога сакаа да влезат во Храмот, запроси да му дадат милостина.
4 А Петар, како и Јован, се загледа во него и му рече: “Погледај н?!”
5 А тој обрна внимание на нив, очекувајќи да добие нешто.
6 Но Петар му рече: “Немам ни сребро ни злато, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос Назареќанецот, оди!”
7 Тогаш го фати за десната рака и го исправи, а нему веднаш му зацврснаа стапалата и глуждовите, па
8 скокна, се исправи и прооде; и влезе со нив во Храмот, скокајќи и фалејќи Го Бог.
9 Така, целиот народ го виде како оди и како Го фали Бог.
10 И го препознаа дека тоа е оној што седеше пред Красната Порта на Храмот заради милостина, тики се исполнија со восхит и беа вон себеси поради тоа што му се случи.
11 Бидејќи тој не се одделуваше од Петар и Јован, восхитениот народ се собра околу нив во тремот наречен Соломонов.
12 А кога Петар го виде тоа, му се обрати на народот: “Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, небаре ние со своја сила или побожност направивме овој да оди?
13 Богот на Авраам, Исак и Јаков, Богот на нашите татковци, Го прослави својот Слуга Исус, Кого вие Го предадовте и од Кого се откажавте пред Пилат, кога тој реши да Го ослободи.
14 Вие се откажавте од Светецот и Праведникот, и молевте да ви биде ослободен еден убиец,
15 а Го убивте Творецот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што ние сме сведоци.
16 И врз основа на верата во Неговото име, овој кого го гледате и познавате го зацврсти Неговото име. А верата до која доаѓаме преку Него, му даде целосно здравје пред сите вас.
17 А сега, браќа, знам дека вие како и вашите началници, го направивте тоа од незнаење.
18 Но, Бог на тој начин го исполни тоа што го навестуваше однапред, преку устата на сите пророци: дека Неговиот Христос ќе пострада.
19 Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, та од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување,
20 и да Го испрати Исус, Претскажаниот за вас Христос,
21 Кого небото треба да Го прими до времето кога ќе биде обновено с?, за кое Бог зборуваше од дамнина преку устата на Своите свети пророци.
22 Зашто Мојсеј беше рекол: 'Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк како мене, бидете Му послушни во с? што ќе ви рече!
23 А секоја душа, која не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребена од народот.'
24 А и сите пророци од Самоил па натаму, кои зборуваа, ги навестуваа овие денови.
25 Вие сте синови на пророците и на Заветот што Бог го склучи со вашите татковци кога му рече на Авраам: 'Во твоето Семе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.'
26 Бог првин вам ви Го подигна Својот Слуга и ви Го испрати за да ве благослови, со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите беззаконија.”

4

1 Додека тие уште му зборуваа на народот, им пристапија свештениците, управителот на Храмот и садукеите,
2 вознемирени многу поради тоа што го поучуваа народот и навестуваа воскресение на мртвите во Исус.
3 И ставија раце врз нив и ги фрлија во зандана, до следниот ден, зашто веќе беше вечер.
4 А мнозина од оние кои го чуја словото поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
5 Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешини, законици
6 и врховниот свештеник Ана, Кајафа, Јован и Александар, и колку што ги имаше од првосвештеничкиот род.
7 И кога ги поставија на средина, ги прашуваа: “Со каква сила, или во чие име го направивте тоа?”
8 Тогаш Петар, исполнет со Светиот Дух, им рече: “Народни управители и старешини!
9 Ако денес н? испитувате за доброто дело направено на еден болен, од што тој беше исцелен,
10 тогаш да знаете сите вие и сиот израелски народ, дека во името на Исус Христос од Назарет, кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, преку Него овој човек стои здрав пред вас.
11 Тој е каменот што вие, ѕидарите, го отфрливте, а кој стана камен темелник.
12 Нема спасение во никој друг, ниту има друго име под небото дадено на луѓето, преку кое мора да бидеме спасени.”
13 Кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и кога забележаа дека се неписмени и неуки луѓе, се чудеа; а ги препознаа дека беа со Исус,
14 но гледајќи го исцелениот човек, како стои со нив, немаа што да им приговорат.
15 Но откако им наредија да излезат од Големиот совет, почнаа да се советуваат меѓу себе, велејќи:
16 “Што да правиме со овие луѓе? Зашто на сите жители на Ерусалим им е познато дека значајно чудо се јави преку нив, а ние не можеме да го порекнеме!
17 Но за да не се разгласува понатаму меѓу народот, да им се заканиме да не му зборуваат веќе никому во тоа име!”
18 Тогаш ги повикаа внатре и им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусовото име.
19 Но, Петар и Јован одговорија, велејќи им: “Справедливо ли е пред Бога, да ве слушаме вас повеќе отколку Него? Сами пресудете!
20 Зашто, ние не можеме да не зборуваме за она што го видовме и чувме.”
21 И бидејќи не најдоа пат и начин како да ги казнат, им се заканија уште еднаш и ги пуштија поради народот, зашто сите Го славеа Бог за она што се случи.
22 Човекот, над кого се случи ова чудо на исцелување, имаше повеќе од четириесет години.
23 Штом беа пуштени на слобода, дојдоа при своите и им кажаа с? што им рекоа првосвештениците и старешините.
24 А тие, кога го чуја тоа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бог и рекоа: “Господаре, Ти си Оној Кој ги создаде небото и земјата, морето и с? што се наоѓа во нив!
25 Ти, преку Светиот Дух, со устата на Својот слуга Давид рече: 'Зошто се бунтуваат народите, и зошто племињата размислуваат за празни нешта?
26 Се дигнаа земните цареви, а владетелите се здружија против Господ и против Неговиот Христос.'
27 Навистина се здружија во овој град Ирод и Понтиј Пилат, заедно со народите и со израелскиот народ, против Твојот свет Слуга Исус, Кого Го помаза,
28 за да го направат она што Твојата рака и Твојата волја однапред определиле да се збидне.
29 А сега, Господи, погледни на нивните закани, и дај им на Твоите слуги да го навестуваат Твоето слово сосема смело,
30 протегнувајќи ја при тоа Твојата рака, за да се случуваат исцелувања, знаци и чуда, преку името на Твојот свет Слуга Исус!”
31 А кога се помолија, се затресе местото каде што беа собрани. И сите се исполнија со Светиот Дух и смело го навестуваа Божјото слово. На верниците с? им беше заедничко
32 А народот кој поверува имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку с? им беше заедничко.
33 Апостолите сведочеа со голема сила за воскресението на Господ Исус и изобилна благодат имаше над сите нив.
34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите кои имаа ниви и куќи ги продаваа, а добивката од продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.
35 И секому му се даваше колку што му беше потребно.
36 А Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба (што значи син на утехата), левит, родум од Кипар,
37 имаше нива, што ја продаде, а добиеното го донесе и го стави пред нозете на апостолите.

5

1 А еден човек по име Ананиј, со својата жена Сапфира, продаде еден имот
2 и задржа од парите со знаење на жената, а донесе еден дел и го стави пред нозете на апостолите.
3 Но, Петар му рече: “Ананиј, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го измамиш Светиот Дух и да задржиш дел од парите од продадената нива?
4 Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде, не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа дело во своето срце? Ти не ги измами луѓето, туку Бог! “
5 Кога Ананиј ги чу зборовите, падна и издивна. И голем страв ги обзеде сите, кои чуја за тоа.
6 А помладите станаа, го обвија, го изнесоа и го погребаа.
7 А кога поминаа околу три часа, влезе и неговата жена, не знаејќи што станало.
8 И Петар ја праша: “Кажи ми дали за толку ја продадовте нивата?” И таа рече: “Да, за толку.”
9 А Петар & рече: “Зошто се согласивте да Го искушувате Господовиот Дух? Еве! Веќе пред врата се нозете на оние, кои го погребаа твојот маж, тие ќе те изнесат и тебе!”
10 И веднаш падна до неговите нозе и издивна. А кога момчињата влегоа, ја најдоа мртва; ја изнесоа и ја погребаа покрај нејзиниот маж.
11 И голем страв ја опфати целата црква и сите кои го чуја тоа. “Многу знаци и чуда”
12 А преку рацете на апостолите се случуваа многу знаци и чуда кај народот, и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.
13 Од другите пак, никој не се осмелуваше да им се приклучи, меѓутоа народот ги почитуваше многу.
14 А с? повеќе верници во Господ, мажи и жени, се приклучуваа,
15 така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, за кога ќе помине Петар, барем неговата сенка да падне на некого од нив.
16 Се собираа во Ерусалим и мнозина од околните градови и носеа болни и измачувани од нечисти духови. И сите се исцелуваа.
17 Тогаш се подигна врховниот свештеник и сите што беа со него, всушност садукејската секта, се исполнија со завист,
18 ги фатија апостолите и ги фрлија во јавната зандана.
19 Но во ноќта, Господов ангел ги отвори вратите на занданата, ги изведе и им рече:
20 “Одете, застанете во Храмот и говорете му ја на народот целата порака за овој Живот!”
21 Штом тие го слушнаа тоа, апостолите влегоа во Храмот пред разденување и поучуваа. А кога дојдоа врховниот свештеник и оние што беа со него, го свикаа Советот и сите старешини на синовите на Израел, и јавија во занданата да ги доведат.
22 А кога служителите дојдоа, не ги најдоа во занданата, се вратија и известија:
23 “Ја најдовме занданата заклучена и добро обезбедена, и стражарите како стојат пред вратата; но кога ја отворивме - внатре не најдовме никого.”
24 Кога ги чуја овие зборови, првосвештениците и заповедникот на храмската стража беа во недоумение, прашувајќи се што би можело тоа да значи!
25 Но некој дојде и им јави: “Ене ги мажите што ги затворивте во занданата, стојат во Храмот и го поучуваат народот.”
26 Тогаш заповедникот и служителите отидоа и ги доведоа, но не со сила (зашто се плашеа да не ги каменува народот).
27 И кога ги доведоа, ги поставија пред Советот, а врховниот свештеник ги праша:
28 “Зар не ви забранивме строго да не го продолжите поучувањето во тоа име? А еве, вие го исполнивте Ерусалим со своето учење и сакате да ја фрлите крвта на Тој Човек врз нас.”
29 А Петар и апостолите одговорија и рекоа: “Треба да Го слушаме Бог, а не луѓето.
30 Богот на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво.
31 Бог Го возвиши Него за Управител и Спасител на Својата десна страна, за да му даде покајание на Израел и проштавање на гревовите.
32 Сведоци за тоа сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.”
33 Кога го слушнаа тоа, ги засегна и се договорија да ги убијат,
34 но тогаш, во Советот стана еден фарисеј по име Гамалиел, учител по Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда да ги изведат луѓето за кратко надвор;
35 па им рече: “Мажи, Израелци! Помислете добро што ќе им направите на овие луѓе!
36 Зашто, пред некое време се крена Тевда, кој тврдеше за себе дека е некој, и кон него се приклучија околу четиристотини луѓе. Тој беше убиен, а сите што го слушаа се раштркаа и беа уништени.
37 По него, за време на пописот на населението, се крена Јуда од Галилеја и повлече многу народ по себе. И тој загина, а сите што го слушаа се раштркаа.
38 А во овој случај ви велам: оставете ги овие луѓе и пуштете ги! Зашто, ако овие замисли или овие дела се од луѓе - ќе пропаднат;
39 но, ако се од Бог, не ќе можете да ги уништите; внимавајте, да не станете борци против Бог!”
40 Тогаш го послушаа и ги повикаа апостолите, ги тепаа, им забранија да зборуваат за Исусовото име и ги пуштија.
41 Тие, пак, си заминаа од Советот со радост, зашто беа удостоени да претрпат понижување заради Неговото име.
42 И така, не престанаа секој ден да поучуваат и да проповедаат во Храмот и по куќите дека Исус е Христос.

6

1 Во тие денови, кога учениците се намножија, хеленистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневната поделба на храна.
2 Тогаш дванаесеттемина ги повикаа сите ученици и рекоа: “Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите.
3 Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со Светиот Дух и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност,
4 а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото.”
5 И предлогот му се допадна на народот, па беа избрани: Стефан, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, прозелит од Антиох.
6 Нив ги поставија пред апостолите, а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив.
7 А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим значително се зголемуваше, а и мнозина свештеници & се потчинија на верата.
8 А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чуда и знаци меѓу народот.
9 Но станаа некои од синагогата, наречени Либертинци, Киринејци, Александријци и оние од Киликија и Азија, и се препираа со Стефан.
10 Меѓутоа не можеа да им се противстават на мудроста и на Духот со кои тој зборуваше.
11 Тогаш наговорија луѓе, кои изјавија: “Го чувме како хули против Мојсеј и Бог.”
12 Така ги побунија народот, старешините и закониците, и нагрвалија на него, го фатија и го изведоа пред Советот.
13 Донесоа и лажни сведоци, кои рекоа: “Овој човек постојано хули против ова свето место и против Законот,
14 зашто чувме како зборува дека Овој Исус од Назарет, ќе го разурне ова место и ќе ги измени обичаите, што ни ги предаде Мојсеј.”
15 А сите, кои седеа во Советот втренчено гледаа во него и видоа дека лицето му беше како на ангел.

7

1 Тогаш врховниот свештеник праша: “Точно ли е тоа?”
2 А тој рече: “Луѓе, браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога престојуваше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,
3 и му рече: 'Излези од својата земја и својот род и појди во земјата што ќе ти ја покажам!'
4 Тогаш тој излезе од Халдејската земја и се насели во Харан. Оттаму, по смртта на татко му, Бог го пресели во оваа земја, во којашто живеете сега.
5 Но не му даде наследство во неа ниту една педа земја, туку му вети, додека уште немаше дете, дека ќе им даде наследство нему и на неговото поколение.
6 Имено, Бог му рече дека неговите потомци ќе бидат доселеници во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четиристотини години.
7 'Но, Јас ќе му судам на народот на кој ќе му робуваат', рече Бог. 'А потоа ќе излезат и ќе Ми служат на ова место.'
8 И му го даде Заветот на обрежувањето; и така на Авраам му се роди Исак и го обрежа на осмиот ден, а на Исак му се роди Јаков; а на Јаков - дванаесетте патријарси.”
9 “А патријарсите му завидоа на Јосиф и го продадоа во Египет, но Бог беше со него,
10 и го избави од сите негови неволи и му даде благонаклоност и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави за управител на Египет и над целиот свој дом.
11 Тогаш настана глад и голема беда во целиот Египет и Ханаан, та нашите татковци не можеа да најдат храна.
12 А кога Јаков чу дека има жито во Египет, првпат ги испрати таму нашите татковци.
13 Кога дојдоа вторпат, Јосиф им се откри на своите браќа, а фараонот дозна за Јосифовото потекло.
14 Тогаш Јосиф испрати и го повика татка си Јаков и целиот род - седумдесет и пет души.
15 И така Јаков слезе во Египет, каде што починаа тој и нашите татковци.
16 И го пренесоа во Сихем и го положија во гробот што Авраам го беше купил за сребро во Сихем, од Еморовите синови.”
17 “Колку повеќе се приближуваше времето на ветувањето, за кое Бог му се заколна на Авраам, толку повеќе народот се зголемуваше и се намножи во Египет,
18 додека таму не завладеа нов цар, кој не знаеше за Јосиф.
19 Тој лошо постапуваше со нашиот народ, ги измачуваше нашите татковци, принудувајќи ги да ги напуштаат своите доенчиња, за да не останат живи.
20 Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог. Три месеци го одгледуваа во татковиот дом,
21 а кога го напуштија, го зеде фараоновата ќерка и си го одгледа како син.
22 И Мојсеј ја изучи целата египетска мудрост и беше силен во своите зборови и дела.
23 А кога наполни четириесет години науми да ги посети своите браќа - синовите на Израел.
24 И кога виде како еден неправедно страда, го одбрани и го одмазди маченикот, убивајќи го Египќанецот;
25 мислејќи дека неговите браќа ќе сфатат дека Бог, преку неговата рака, им дава избавување, но тие не сфатија.
26 А идниот ден дојде меѓу нив додека се тепаа и се обиде да ги смири, велејќи: 'Луѓе, вие сте браќа! Зошто меѓусебно се повредувате?'
27 Но оној, кој го удираше својот ближен, го турна и рече: 'Кој те постави тебе за началник и за судија над нас?
28 Сакаш ли и мене да ме убиеш како што го уби Египќанецот вчера?'
29 Поради овие зборови, Мојсеј избега и живееше како доселеник во Медиската земја, каде што му се родија два сина.
30 Кога поминаа четириесет години, му се јави ангел во пустината на Синајската Гора, во пламенот од еден трнов џбун.
31 Кога Мојсеј го виде тоа, се зачуди на глетката, а додека се приближуваше, за да види одблизу, се чу Господовиот глас
32 'Јас Сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, Исак и Јаков.' Мојсеј се стаписа и не се осмели да погледне.
33 Тогаш Господ му рече: 'Собуј ги сандалите од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја!
34 Навистина го видов измачувањето на Мојот народ во Египет, го чув неговото воздивнување и слегов да го избавам. А сега дојди да те испратам во Египет!'
35 Тој Мојсеј, од кого се откажаа со зборовите: 'Кој те постави тебе за началник и за судија?' - Бог го испрати, преку ангелот, кој му се јави во трновиот џбун, за началник и за избавител.
36 Тој ги изведе правејќи чуда и знаци во Египет, во Црвеното Море и во пустината четириесет години.
37 Тоа е Мојсеј, кој им рече на синовите на Израел: “Бог ќе издигне меѓу вашите браќа пророк како мене.”
38 Тоа е оној, кој во заедницата во пустината, беше со ангелот кој му зборуваше на Синајската Гора, и со нашите татковци; оној кој ги прими живите зборови, за да ни ги предаде нам.
39 Нашите татковци не сакаа да го послушаат, го отфрлија и се свртеа со срцето кон Египет,
40 зборувајќи му на Арон: 'Создај ни богови кои ќе одат пред нас, зашто не знаеме што стана со Мојсеј, кој н? изведе од Египет!'
41 И во тие денови изработија теле и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.
42 Тогаш Бог се сврте од нив и ги предаде да Му служат на небесното воинство, како што е напишано во Книгата на Пророците: 'Доме Израелов, Мене ли Ми принесувавте заклани животни и жртви четириесет години во пустината?
43 Ги носевте Молоховиот шатор и ѕвездата на богот Ромфа, кипови што ги направивте, за да им се поклонувате. Затоа ќе ве преселам подалеку од Вавилон!'
44 Нашите татковци го имаа со себе Шаторот на сведоштвото во пустината, како што Оној Кој му зборуваше на Мојсеј му заповеда да го направи според примерокот што го видел.
45 Нашите татковци го примија и го внесоа со Јошуа, кога ја зазедоа земјата на другите народи, кои Бог ги протера пред нашите татковци, и така беше с? до времето на Давид.
46 Овој најде милост пред Бог, и затоа измоли да Му најде живеалиште на Јакововиот Бог.
47 А Соломон Му изгради Дом.
48 Но Севишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот:
49 'Небото Ми е престол, а земјата е подношка на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите', говори Господ, 'или какво ќе биде местото за моја починка?
50 Не го направи ли с?то тоа Мојата рака?'
51 О, тврдоглави, со необрежани срца и уши! Вие секогаш Му се противите на Светиот Дух, како вашите татковци така и вие!
52 Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? И ги убија оние, кои однапред го навестуваа доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци сега станавте вие,
53 вие, кои го примивте законот како заповед од ангели - и не го запазивте.”
54 Кога го чуја тоа, ги засегна во срцата и чкртаа со забите на него.
55 А тој, полн со Светиот Дух, гледајќи втренчено кон небото, ја виде Божјата Слава и Исус како Му стои оддесно на Бог,
56 и рече: “Еве, ги гледам отворени небесата и Синот Човечки како Му стои оддесно на Бог.”
57 Тогаш извикаа со силен глас, си ги затнаа ушите и се нафрлија еднодушно врз него.
58 И кога го исфрлија од градот, фрлаа камења на него. А сведоците ги оставија своите облеки до нозете на едно момче, кое се викаше Савле.
59 И фрлаа камења на Стефан, кој викаше, велејќи: “Господи Исусе, прими го мојот дух!”
60 Тогаш падна на колена и извика со силен глас: “Господи, не пишувај им го ова за грев!” И кога го рече тоа - почина.

8

1 А Савле се согласуваше со неговото погубување.Во оној ден стана и големо прогонство против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите, се раштркаа по краиштата на Јудеја и Самарија.
2 А побожни луѓе го погребаа Стефан и гласно го оплакуваа.
3 Савле, пак, ја пустошеше црквата, влегуваше од куќа во куќа, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше в зандани.
4 Оние кои беа раштркани, одеа проповедајќи го Словото.
5 Така, Филип слезе во градот Самарија и го навестуваше Христос.
6 А народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови, ги слушаше и ги гледаше чудотворните знаци што ги правеше.
7 Зашто од оние коишто имаа нечисти духови, тие излегуваа со голема викотница, а мнозина парализирани и сакати беа исцелени.
8 И настана голема радост во тој град.
9 А во градот се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој од порано изведуваше магии и го вчудовидуваше самарискиот народ, тврдејќи за себе дека е тој и тој.
10 Него го слушаа сите, од мал до голем, велејќи: “Ова е голема Божја сила.”
11 А го слушаа затоа што долго време ги восхитуваше со своите магии.
12 Кога му поверуваа на Филип, кој го проповедаше Евангелието за Божјото царство и за името на Исус Христос, се крштаваа и мажи и жени.
13 Самиот Симон поверува, и откако беше крстен, му се придружи на Филип, и гледајќи ги чудотворните знаци и моќните дела што се збиднуваа, се восхитуваше.
14 А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петар и Јован,
15 кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух,
16 зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господ Исус.
17 Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух.
18 А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на рацете на апостолите, им понуди пари,
19 велејќи: “Дајте ми ја и мене таа власт, па врз кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!”
20 Но Петар му рече: “Нека одат во неврат твоите сребреници заедно со тебе, зашто си наумил да го добиеш Божјиот дар со пари!
21 Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бог.
22 Затоа, покај се од оваа твоја нечесност и моли Го Господ ако е можно да ти ја прости мислата на твоето срце.
23 Зашто гледам дека си полн со горчина и во окови на неправдата.”
24 А Симон одговори, велејќи: “Помолете Му се вие на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го рековте!”
25 Тие пак, откако посведочија и го кажаа Господовото слово, проповедајќи им го Евангелието на многу самариски села, се вратија во Ерусалим.
26 И Господов ангел му рече на Филип: “Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим спрема Газа, кој е пуст.”
27 Тој стана и тргна. И ете, Етиопјанец- евнух, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше задолжен за целата нејзина ризница, а беше дошол во Ерусалим на поклонение,
28 и на враќање, седеше во својата кочија и го читаше пророкот Исаија.
29 А Духот му рече на Филип: “Приближи се и придружи & се на кочијата!”
30 Кога Филип притрча и чу дека тој го чита пророкот Исаија, и праша: “Го разбираш ли тоа што го читаш?”
31 Тој пак рече: “Како ќе можам да разберам, ако некој не ме упати!” И го покани Филипа да се качи и да седне до него.
32 А текстот од Писмото, што го читаше, гласеше: “Беше одведен како овца на колење, и како што јагнето е немо пред оној кој го стриже, така тој не ја отвори Својата уста.
33 Во Неговото понижување не доби праведен суд. Кој ќе ја сфати Неговата генерација, зашто Неговиот живот се зеде од земјата.”
34 Тогаш евнухот одговори, велејќи му на Филип: “Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?”
35 А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа место во Писмото, му проповедаше за Исус.
36 А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, евнухот рече: “Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
37 А Филип рече: “Ако веруваш од с? срце - смееш.” Тој одговори, велејќи: “Верувам дека Исус Христос е Божјиот Син.”
38 И заповеда да застане кочијата, па двајцата, Филип и евнухот, слегоа во водата, и го крсти.
39 А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го грабна Филипа; евнухот веќе не го виде. И продолжи радосно по својот пат.
40 А Филип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи проповедаше по сите градови додека не дојде во Цезареја.

9

1 А Савле, с? уште исполнет со закани и убиства против Господовите ученици, отиде при врховниот свештеник,
2 и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.
3 Кога патувајќи се приближи до Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;
4 падна на земјата и чу глас, кој му рече: “Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш?”
5 А тој праша: “Кој си Ти, Господине?” А Тој рече: “Јас Сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!”
6 “Стани и влези во градот, та ќе ти се каже што треба да правиш!”
7 А оние што го придружуваа стоеја неми, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
8 Савле стана од земјата. Иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го фатија за рака и го доведоа во Дамаск.
9 И беше слеп три дни; и не јадеше, ниту пиеше.
10 А во Дамаск постоеше еден ученик, по име Ананиј, и Господ му се јави во видение: “Ананиј!” А тој изусти: “Еве ме, Господи!”
11 А Господ му рече: “Стани и оди во улицата што се вика 'Права', во куќата на Јуда и побарај го човекот од Тарс, наречен Савле, зашто, ете, тој се моли.”
12 И виде во видение човек по име Ананиј, како влегува кај него и ги полага рацете на него за да прогледа.”
13 Ананиј одговори: “Господи, чув од мнозина за тој човек, колку зло им направил на Твоите светии во Ерусалим.
14 А тука има власт од првосвештениците да ги врзе сите оние кои го повикуваат Твоето име.”
15 А Господ му рече: “Оди, зашто тој човек е Мој избран сад, за да го изнесе Моето име пред нееврејските народи, пред цареви и пред синовите на Израел.
16 Јас ќе му покажам колку треба да пропати поради Моето име.”
17 Ананиј отиде, влезе во куќата и откако ги положи рацете на него, рече: “Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави на патот по кој доаѓаше, ме испрати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.”
18 И веднаш од неговите очи падна нешто како лушпи и тој прогледа; стана и беше крстен;
19 и откако се најаде, закрепна. Неколку дена Савле помина со учениците што беа во Дамаск.
20 И веднаш почна да Го навестува Христос по синагогите, велејќи дека Тој е Божјиот Син.
21 А сите што го слушаа се восхитуваа и велеа: “Не е ли овој, оној кој во Ерусалим ги истребуваше оние кои го изговараа ова Име, и зар не дојде ваму за да ги поведе врзани пред првосвештениците?”
22 Но Савле беше с? посилен и ги збунуваше Евреите, кои живееја во Дамаск, докажувајќи дека Овој е Христос.
23 И откако изминаа многу денови, Евреите сковаа заговор да го убијат.
24 Но Павле дозна за тој нивни заговор. А тие ги демнеа градските порти и дење и ноќе, за да го убијат.
25 Но учениците го зедоа и во кошница го префрлија ноќе преку ѕидот.
26 А кога дојде во Ерусалим, се обидуваше да им се придружи на учениците, но сите се плашеа од него, зашто не веруваа дека е ученик.
27 Тогаш Барнаба го зеде и го одведе кај апостолите, им раскажа дека на патот Го видел Господ, дека Му зборувал и дека во Дамаск проповедал смело во Исусовото име.
28 И со нив слободно се движеше во Ерусалим,
29 говорејќи смело во името на Господ. Тој зборуваше и се препираше со хеленистите, а тие настојуваа да го убијат.
30 А кога браќата дознаа за тоа, го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија во Тарс.
31 И така, низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија за црквата настапи мир; се надградуваше, живееше во страхопочит спрема Господа и продолжуваше да расте во утехата на Светиот Дух.
32 А кога Петар ги обиколуваше тие места, дојде и кај светиите, кои живееја во Лида.
33 Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран в постела.
34 И Петар му рече: “Енеј, Исус Христос те исцели; стани и опаши се!” И тој веднаш стана.
35 И го видоа сите жители во Лида и во Шарон, и Му се обратија на Господа.
36 А во Јопа имаше една ученичка по име Табита (што преведено значи Срна). Таа беше полна со добри дела и со милостини, што ги правеше.
37 Во тие денови се разболе и умре. Ја избањаа и ја ставија во горната соба.
38 А бидејќи Лида е близу до Јопа, учениците чуја дека Петар е таму и испратија кај него двајца мажи, кои го молеа: “Не забавај се со доаѓањето кај нас!”
39 А Петар стана и тргна со нив. Кога дојде, го одведоа во горната соба и му пристапија сите вдовици лелекајќи и покажувајќи му ги туниките и облеките, што ги правеше Срна додека беше со нив.
40 А Петар ги истера сите надвор, клекна на колена, се помоли и се сврте кон мртвото тело, па рече: “Табита, стани!” А таа ги отвори очите, и кога го виде Петар седна.
41 Тој, пак, & ја подаде раката и ја поткрена. Потоа ги викна светиите и вдовиците и им ја покажа жива.
42 Тоа се разгласи по сета Јопа и мнозина поверуваа во Господ.
43 Тој пак остана многу денови во Јопа, кај некојси кожар Симон.

10

1 Во Цезареја беше некој човек, по име Корнелиј, стотник во таканаречениот Италски полк.
2 Тој со сиот свој дом беше посветен и богобојазлив, му даваше многу милостина на народот и постојано Му се молеше на Бог.
3 Околу деветтиот час на денот, виде јасно во видение Божји ангел, како доаѓа при него и му вели: “Корнелиј!”
4 Овој се загледа во него и исплашен изусти: “Што е, Господи?” А тој му рече: “Твоите молитви и твоите милостини се воздигнаа до Бог и Тој си спомнува за нив.
5 А сега, испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар.
6 Тој престојува кај некој кожар, Симон, чија куќа е крај морето.”
7 И кога си отиде ангелот кој му зборуваше, викна двајца свои слуги и еден побожен војник, од оние кои беа постојано покрај него,
8 и откако им кажа с?, ги испрати во Јопа.
9 А утредента, додека тие патуваа и се приближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час и се качи на покривот од куќата за да се помоли.
10 Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој падна во занес
11 и виде отворено небо и нешто како големо платно, врзано за четирите краишта како се спушта на земјата.
12 Во него беа сите четироножни животни, диви ѕверови, земни лазачи и небесни птици.
13 И еден глас му рече: “Стани, Петре, коли и јади!”
14 А Петар рече: “Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!”
15 А гласот повторно му се јави: “Она што Бог го има исчистено, не нарекувај го погано!”
16 Тоа се случи трипати, и платното пак се крена на небо.
17 И додека Петар беше во недоумение, што би можело да значи видението што го виде, ете, луѓето испратени од Корнелиј, стоеја пред тремот, се распрашуваа за куќата на Симон,
18 па прашаа дали тука престојува Симон, наречен Петар?”
19 И додека Петар уште размислуваше за видението, Духот му рече: “Еве, те бараат тројца мажи;
20 стани, слези долу и оди со нив без никакво сомнение, зашто Јас ги пратив!”
21 Тогаш Петар слезе кај луѓето и рече: “Еве, јас сум оној што го барате. Зошто дојдовте?”
22 А тие рекоа: “Стотникот Корнелиј - човек праведен и богобојазлив, посведочен од целиот еврејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да чуе зборови од тебе.”
23 Тогаш ги повика внатре и ги прибра. А утредента стана и отиде со нив, а некои браќа од Јопа го придружија.
24 На другиот ден влегоа во Цезареја, а Корнелиј ги очекуваше, и ги беше повикал своите роднини и блиски пријатели.
25 А кога Петар влегуваше, Корнелиј го пречека, падна пред неговите нозе и се поклони.
26 Петар го подигна, велејќи: “Стани! И јас сум само човек!”
27 Така разговарајќи со него, влезе и најде мнозина собрани,
28 на кои им рече: “Вие знаете дека на Евреин не му е дозволено да се дружи со човек туѓинец и да доаѓа кај него. Но, мене Бог ми кажа никого да не нарекувам поган или нечист.
29 Затоа дојдов без противење кога ме повикавте, па ве прашувам - која е причината што ме викнавте?”
30 И Корнелиј рече:”Има четири дена, па до овој час, деветтиот, постев и се молев во својот дом; и ете, пред мене застана човек во светла облека
31 и рече: 'Корнелиј, ислушана и прифатена е твојата молитва и Бог си спомна за твоите милостини.
32 Затоа, испрати некого во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар! Тој престојува во куќата на Симон, кожарот, крај морето.'
33 И веднаш пратив да те повикаат, а ти арно направи што дојде. Сега, тука, сите сме пред Бог, за да чуеме што с? Господ ти заповедал.”
34 Тогаш Петар изусти, велејќи: “Навистина гледам дека Бог не е наклонет кон никого,
35 туку кај секој народ Нему Му е мил оној, што има страхопочит спрема Него и кој постапува праведно.
36 Вие го знаете Словото што им го испрати на синовите на Израел, навестувајќи го Евангелието на мирот преку Исус Христос (Тој е Господ на сите).
37 Самите знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го навестуваше Јован;
38 Го знаете Исус од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој проживеа правејќи добрини и исцелувајќи ги сите кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.
39 А ние сме сведоци за с? што направи во земјата на Евреите и во Ерусалим; Го убија обесувајќи Го на дрво.
40 Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави,
41 но не на сите луѓе, туку на однапред од Бог избраните сведоци - нам, коишто јадевме и пиевме со Него откако воскресна од мртвите.
42 Тој ни заповеда да му навестиме на народот и смело да сведочиме дека Тој е од Бог определениот Судија на живите и мртвите.
43 Сите пророци сведочат за Него дека секој кој верува во Него добива проштавање на гревовите преку Неговото име.”
44 Додека Петар с? уште ги зборуваше овие зборови, Светиот Дух слезе на сите кои го слушаа говорот
45 и се зачудија обрежаните верници кои дојдоа со Петар, дека и на неевреите се излеа дарот на Светиот Дух;
46 зашто ги чуја како зборуваат во јазици и Го величаат Бог. Тогаш Петар рече:
47 “Може ли некој да им забрани да се крстат со вода овие што Го примија Светиот Дух како и ние?”
48 И им заповеда да се крстат во името на Исус Христос. Тогаш го замолија да остане уште неколку денови.

11

1 А апостолите и браќата во Јудеја чуја дека и неевреите го примиле Божјото слово,
2 и кога Петар дојде горе во Ерусалим, обрежаните се препираа со него,
3 велејќи: “Влезе при необрежани луѓе и јадеше со нив!”
4 Тогаш Петар почна да им зборува и да им излага редум:
5 “Бев во градот Јопа, се молев и во занес видов видение, нешто како големо платно, што врзано на четирите краишта слегува од небото, и дојде до мене.
6 Кога погледнав во него и разгледав, видов во него четироножни земни животни, ѕверови, лазачи и небесни птици.
7 И чув глас, кој ми рече: 'Стани, Петре! Коли и јади!'
8 А јас реков: 'Никако, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во мојата уста.'
9 Тогаш гласот од небото ми рече по вторпат: 'Она што Бог го исчистил, не нарекувај го нечисто!'
10 Тоа се случи трипати и пак с? беше повлечено горе на небо.
11 И ете, во тој час, три човека испратени од Цезареја кај мене, застанаа пред куќата во којашто бев.
12 Тогаш Духот ми рече да одам со нив без никакво сомнение. И овие шестмина браќа дојдоа со мене и влеговме во куќата на човекот.
13 Тогаш тој ни раскажа како во својата куќа видел ангел, кој застанал и му рекол: 'Прати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар!
14 Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.'
15 И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот.
16 Тогаш се сетив на Господовите зборови: 'Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.
17 И така, ако Бог им дал ист дар, кога поверуваа во Господ Исус Христос, како и нам, кој сум јас да можам да Му го забранам тоа на Бог?”
18 Кога го чуја тоа, се смирија и Го прославија Бог, велејќи: “Значи, Бог им даде и на неевреите покајание за живот!”
19 А оние, кои беа раштркани поради гонењето кое се подигна заради Стефан, поминаа с? до Феникија, Кипар и Антиох, не говорејќи никому за Словото, освен на Евреите.
20 А некои од нив беа Кипрани и Киријци, кои кога дојдоа во Антиох им зборуваа и на Грците, навестувајќи Го Господ Исус.
21 А Господовата рака беше со нив па голем број кои поверуваа се преобратија кон Господ.
22 Кога веста за нив дојде до ушите на црквата во Ерусалим, го испратија Барнаба во Антиох.
23 Откако дојде и посведочи за Божјата благодат, се зарадува и со решително срце ги охрабруваше сите да останат во Господ.
24 Имено, тој беше добар човек, исполнет со Светиот Дух и со вера; и големо множество се присоедини кон Господ.
25 Тогаш Барнаба отиде во Тарс да го побара Савле; и кога го најде, го доведе во Антиох.
26 И така, цела година се собираа со црквата и поучија многу народ. Првпат во Антиох учениците ги нарекоа христијани.
27 Во тие денови пророци од Ерусалим слегоа во Антиох.
28 А еден од нив, по име Агаб, стана и објави преку Духот дека ќе има голем глад по целиот свет, каков што беше во времето на Клавдиј.
29 Тогаш учениците решија, секој според своите можности, да им испрати помош на браќата во Јудеја.
30 Така и сторија, испраќајќи им ја на старешините преку Барнаба и Савле.

12

1 Во тоа време царот Ирод почна да им напакостува на оние кои & припаѓаа на црквата.
2 И го погуби со меч Јовановиот брат Јаков.
3 А кога виде дека тоа им се допадна на Евреите, го фати и Петар. А беа денови на Бесквасните лебови.
4 Го фати и го фрли в зандана, предавајќи им го на четири стражи од по четворица војници да го чуваат, со намера да го изведе пред народот по Пасхата.
5 И така, Петар го чуваа во занданата, а црквата постојано Го молеше Бога за него.
6 И кога Ирод сакаше да го изведе, истата ноќ Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни вериги, а имаше и стражари пред вратата кои ја чуваа занданата.
7 И ете, Господов ангел застана и светлина болсна во ќелијата. Тој го потчукна Петар отстрана, го разбуди и му рече: “Бргу станувај!” И веригите му паднаа од рацете.
8 Тогаш ангелот му рече: “Препаши се и обуј си ги сандалите!” Петар така постапи. И уште му рече: “Префрли си ја наметката и тргни по мене!”
9 И тој излезе и тргна по него, без да знае дека тоа што го стори ангелот се случува вистински, ами мислеше дека гледа привид.
10 Откако ги поминаа првата и втората стража и дојдоа до железната порта, која води во градот, таа им се отвори сама. И продолжија и втасаа на една улица, а ангелот веднаш исчезна.
11 А кога Петар дојде на себеси, рече: “Сега навистина знам дека Господ го пратил Својот ангел, и ме избави од Иродовата рака и од с? што очекуваше еврејскиот народ.”
12 Согледувајќи го тоа, дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани мнозина на молитва.
13 И кога чукна на вратата од тремот, дојде слугинката, по име Рода, да наслушне.
14 И кога го препозна Петровиот глас, од радост не ја отвори портата, туку втрча и јави дека Петар стои пред порта.
15 А тие & рекоа: “Ти бладаш!” Но таа и натаму тврдеше дека е вистина. Тие пак рекоа: “Тоа е неговиот ангел.”
16 А Петар продолжуваше да чука. И кога ја отворија портата, го видоа и се зачудија.
17 Тој им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од занданата и рече: “Јавете им за ова на Јаков и на браќата!” Потоа излезе и отиде на друго место.
18 А кога се раздени, настана голема бркотија меѓу војниците: околу тоа што се случи со Петар?
19 Кога Ирод го побара, и не го најде, ги сослуша стражарите и заповеда да ги погубат, па слезе од Јудеја во Цезареја, каде остана да живее.
20 Ирод беше гневен на тирците и сидонците, но тие дојдоа еднодушно при него, и откако го придобија царевиот собар Бласт, замолија за мир, зашто нивната земја се хранеше од царската земја.
21 Во определениот ден, Ирод, облечен во царска руба, седна на престолот пред народот и му одржа говор.
22 А народот извикуваше: “Тоа е Божји глас, а не човечки!”
23 Во тој час, Господов ангел го удри, зашто не му оддаде слава на Бог, и изеден од црви, умре.
24 Господовото слово растеше и се распространуваше.
25 А Барнаба и Савле, откако ја исполнија службата, се вратија од Ерусалим, земајќи го со себе Јован, наречен Марко.

13

1 Во црквата во Антиох имаше пророци и учители: Барнаба, Симеон наречен Нигер, па Луциј Кириниецот, Манаин, кој беше израснат со тетрархот Ирод, и Савле.
2 И додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: “Издвојте ми ги Барнаба и Савле за делото за кое ги повикав!”
3 А тие, по постот и молитвата, ги положија рацете на нив и ги испратија.
4 И така, тие, испратени од Светиот Дух, слегоа во Селевкија и оттаму отпловија за Кипар.
5 И кога дојдоа во Саламис, го навестуваа Божјото слово во еврејските синагоги, а го имаа и Јован за помошник.
6 А откако го поминаа целиот остров с? до Пафос, најдоа некој маѓепсник, лажен пророк, Евреин, по име Бар-Исус,
7 кој беше со проконзулот Сергиј Павле, умен човек. Овој ги повика Барнаба и Савле и побара да го чуе Божјото слово.
8 Но му се спротиви маѓепсникот Елим (зашто така се преведува неговото име), настојувајќи да го одврати проконзулот од верата.
9 Тогаш Савле, познат како Павле, исполнет со Светиот Дух, се втренчи и рече:
10 “О, ти исполнет со секакво лукавство и злоба, ѓаволски сину, непријателу на секоја праведност, не ќе престанеш ли да ги искривуваш правите Господови патишта.
11 И, еве, сега Господовата рака е врз тебе: ќе бидеш слеп и за некое време не ќе го гледаш сонцето!” И во истиот час врз него се спушти магла и темнина; и тој џбараше наоколу и бараше луѓе, кои ќе го водат за рака.
12 Тогаш проконзулот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи му се на Господовото учење.
13 А Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа до Перга, во Памфилија. Тука Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.
14 А тие заминаа од Перга и дојдоа во Антиох писидиски, влегоа во синагогата во саботен ден и седнаа.
15 А по читањето на Законот и на пророците, старешините на синагогата испратија до нив да им кажат: “Браќа, ако имате некаква утешна порака за народот, кажувајте!”
16 Тогаш Павле стана, мавна со раката и рече: “Мажи Израелци и вие други, кои имате страхопочит спрема Бог, чујте!
17 Богот на овој израелски народ ги избра нашите татковци и го издигна народот во туѓина, во египетската земја, со воздигната рака ги изведе од таа земја,
18 и откако четириесет години ги трпеше во пустината;
19 и уништи седум народи во Ханаанската земја, им ја даде во наследство нивната земја
20 за околу четиристотини и педесет години. Потоа им даде судии до пророкот Самоил.
21 Тогаш побараа цар, и Бог им го даде Саул, синот на Киш, човек од Бенјаминовото племе, за четириесет години.
22 Кога го отфрли него, им го издигна за цар Давид, за кого посведочи и рече: 'Го најдов Давид, синот Есеев, човек според Моето срце, кој ќе ја исполни сета Моја волја.'
23 Од неговото потомство, Бог - според ветувањето - му издигна на Израел Спасител, Исус,
24 откако Јован, пред Неговото доаѓање, му проповедаше на целиот израелски народ покајно крштавање.
25 А додека Јован ја исполнуваше својата должност, везден велеше: 'За кого ме сметате? Јас не сум Тој, туку, ете, по мене иде Еден, Кому не сум достоен да Му ги одврзам сандалите на нозете.'
26 Луѓе, браќа, синови на Авраамовиот род, и вие, кои имате страхопочит кон Бог, нам ни е испратено словото за ова спасение.
27 Зашто жителите на Ерусалим и нивните началници не Го познаа Него, ниту пророчките зборови што се читаат секој саботен ден, туку Го осудија и така ги исполнија.
28 Иако не најдоа никаква вина, која заслужува смрт, бараа од Пилат да Го погуби.
29 И кога исполнија с? што е напишано за Него, Го симнаа од дрвото и Го положија в гроб.
30 Но Бог Го воскресна од мртвите.
31 И со денови им се појавуваше на оние, кои со Него од Галилеја одеа горе во Ерусалим, а кои сега се Негови сведоци пред народот.
32 Ние ви проповедаме за ветувањето дадено на татковците,
33 дека Бог го исполни пред нас, нивните деца, кога Го воскресна Исус, како што е напишано во вториот псалм: 'Ти си Мој Син, денес Те родив.'
34 А за тоа дека Го воскресна од мртвите и дека веќе не се враќа во распаѓање, го рече ова: 'Ќе ви ги исполнам светите нешта на верниот Давид.'
35 Затоа и во друг псалм вели: 'Нема да дозволиш Твојот Светец да види распаѓање.'
36 А Давид му послужи на своето поколение според Божјата волја, па почина и им се придружи на своите татковци и виде распаѓање.
37 А Оној, Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање.
38 И така, браќа, знајте дека преку Него ви се навестува проштавање на гревовите;
39 и од сето она од кое не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој кој верува.
40 И така, гледајте да не дојде на вас она што е речено во Пророците:
41 'Видете, вие кои презирате, чудете се и загинете! Зашто Јас правам дело, во вашите денови, дело во кое нема да поверувате, дури и ако некој би ви раскажувал.'
42 А кога излегуваа, луѓето ги молеа да им ги кажуваат овие зборови и идната сабота.
43 Кога собирот се разотиде, многу Евреи и прозелити, кои Го почитуваа Бог, тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги уверуваа да продолжат во Божјата благодат.
44 Следната сабота се собра речиси целиот град да го чуе Божјото слово.
45 А кога Евреите ја видоа толпата, се исполнија со завист, им противречеа на Павловите зборови и хулеа.
46 Тогаш Павле и Барнаба им рекоа решително: “Требаше најнапред вам да ви се проповеда Божјото слово, но бидејќи вие го отфрлате од себе и не се сметате достојни за вечен живот, еве, ние им се обраќаме на неевреите,
47 зашто Господ ни заповеда така: 'Те поставив за светлина на неевреите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.'“
48 Кога неевреите го чуја тоа, се зарадуваа и го славеа Господовото слово и поверуваа мнозина што беа определени за вечен живот.
49 А Господовото слово се распространуваше по целата земја.
50 Евреите ги поттикнаа угледните, побожните жени и градските првенци, и поттикнаа гонење против Павле и Барнаба, та ги изгонија од нивната област.
51 Овие го истресоа правот од своите нозе и дојдоа во Иконија.
52 А учениците се исполнуваа со радост и со Светиот Дух.

14

1 Во Иконија влегоа заедно во еврејската синагога и зборуваа така, што мнозина Евреи и Грци поверуваа.
2 Но оние Евреи што не ги послушаа, ги побунија и ги настроија злонамерно душите на неевреите против браќата.
3 Тие сепак останаа тука долго време, смело зборувајќи за Господ, Кој сведочеше за Словото на Својата благодат и овозможуваше нивните раце да прават чудотворни знаци и чуда.
4 Но луѓето во градот се поделија: едни беа со Евреите, а други со апостолите.
5 Кога неевреите и Евреите, со своите старешини, се обидоа да ги нападнат и да ги каменуваат,
6 тие го забележаа тоа и избегаа во ликаонските градови, Листра и Дерба, како и во нивната околина,
7 и таму продолжија да проповедаат.
8 Во Листра седеше некој човек, со омрцлавени нозе, сакат од мајчината утроба, кој никогаш не одел.
9 Тој го слушаше Павле кога зборуваше, а кога Павле се загледа во него и виде дека има вера за исцелување,
10 му рече со силен глас: “Исправи се на нозете!” И тој скокна и прооде.
11 А толпата, кога виде што направи Павле, го подигна својот глас, велејќи на ликаонски: “Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!”
12 И Барнаба го нарекоа Зевс, а Павле - Хермес, зашто тој беше главниот говорник.
13 А свештеникот на Зевсовото светилиште, што се наоѓаше пред градот, доведе бикови и донесе венци пред портите и сакаше, заедно со народот, да принесе жртва.
14 Но кога го чуја тоа апостолите Барнаба и Павле, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот и извикајќи, велеа:
15 “Мажи, зошто го правите тоа? И ние сме луѓе како вас! Но ви го проповедаме Евангелието за да се одвратите од тие суетни нешта, кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и с? што е во нив;
16 Кој во минатите поколенија ги пушти сите народи да одат по своите патишта,
17 и сепак никогаш не ги остави без сведоштво за Себеси со своите добрини, давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба.”
18 И зборувајќи го тоа, одвај успеаја да го запрат народот да не им принесе жртва.
19 Притоа стигнаа Евреи од Антиох и Иконија и откако го наговорија народот, го каменуваа Павле и го извлечкаа од градот, мислејќи дека е мртов.
20 Меѓутоа, кога учениците се собраа околу него, тој стана и повторно влезе во градот. А утредента отиде со Барнаба во Дерба.
21 Откако проповедаа во тој град и придобија многу ученици, се вратија во Листра, Иконија и Антиох;
22 ги закрепнуваа душите на учениците и ги поттикнуваа да бидат постојани во верата, и дека преку многу неволи треба да влезат во Божјото царство.
23 И кога им определија старешини во одделните цркви, се помолија со пост и Му ги предадоа на Господ, во Кого поверуваа.
24 Потоа поминувајќи низ Писидија, дојдоа во Памфилија;
25 и, откако го проповедаа словото во Перга, слегоа во Аталија;
26 а оттаму отпловија во Антиох, откаде & беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27 И кога пристигнаа и ја собраа црквата, раскажаа, што с? направил Бог со нив, и како им ја отворил вратата на верата на неевреите. И останаа подолго време со учениците.

15

1 А некои дојдоа од Јудеја, и браќата ги поучуваа: “Ако не се обрежете според Мојсеевиот обичај, не можете да бидете спасени.”
2 А кога Павле и Барнаба се впуштија во не мала препирка и се расправаа со нив, Павле и Барнаба, и уште некои од нив, беа определени да се качат во Ерусалим, кај апостолите и старешините заради ова прашање.
3 И така, испратени од црквата, поминаа низ Феникија и Самарија, раскажувајќи подробно за обраќањето на нееврејските народи, со што предизвикуваа голема радост меѓу сите браќа.
4 Кога стигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и од старешините; и раскажаа с? што направил Бог со нив.
5 Тогаш станаа некои од фарисејската секта, кои поверуваа, и рекоа: “Треба да бидат обрежани и да им се нареди да го пазат Мојсеевиот Закон.”
6 Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа
7 и бидејќи настана голема расправија, Петар стана и им рече: “Мажи, браќа! Вие знаете дека Бог уште од првите денови ме избра меѓу вас, за да можат неевреите да го чујат од мојата уста словото на Евангелието и да поверуваат.
8 И Бог, Кој ги познава срцата, им посведочи, кога им Го даде Светиот Дух, како и нам.
9 И не направи никаква разлика меѓу нас и нив, зашто преку верата ги исчисти нивните срца.
10 Зошто сега Го искушувате Бог, ставајќи им на вратот на учениците јарем, кого ниту нашите татковци, ниту ние не можевме да го носиме?
11 Впрочем, веруваме дека сме спасени исто како и тие, преку благодатта на Господ Исус.”
12 Тогаш молкна целиот народ, а луѓето ги слушаа Барнаба и Павле, кои раскажуваа колку чудотворни знаци и чуда направи Бог преку нив, меѓу неевреите.
13 Кога тие престанаа да зборуваат, проговори Јаков и рече: “Мажи браќа, послушајте ме!
14 Симеон ви кажа како Бог, најпрво, предвиде да си земе луѓе од народите за Своето име.
15 И со тоа се слагаат пророчките зборови, како што е напишано:
16 'По ова ќе се вратам и пак ќе го изградам Давидовото светилиште, кое падна; и повторно ќе ги изградам урнатините, и пак ќе ги обновам;
17 за другите луѓе да Го побараат Господ и сите неевреи кои се нарекуваат со Моето име,
18 говори Господ, Кој го објавил ова од дамнина.'
19 Затоа сметам дека не треба да ги вознемируваме оние од нееврејските народи кои се обраќаат кон Бог;
20 туку да им се напише да се воздржуваат од она што е осквернато од идоли, од блудство, од задавено и од крв.
21 Зашто Мојсеј има проповедници за себе, од дамнешни времиња, во секој град: го читаат во синагогите, секоја сабота.”
22 Тогаш апостолите и старешините, заедно со целата црква, најдоа за сходно да изберат меѓу себе луѓе и да ги испратат со Павле и Барнаба во Антиох: Јуда, наречен Барсаба, и Сила, видни луѓе меѓу браќата,
23 и по нив го испратија ова писмо: “Апостолите и старешините, вашите браќа, ги поздравуваат браќата од нееврејските народи во Антиох, Сирија и Киликија!
24 Бидејќи чувме дека некои од нас, на кои ништо не им заповедавме, ве збуниле со зборови и ги вознемириле вашите души,
25 еднодушно најдовме за сходно да избереме мажи и да ги пратиме кај вас со нашите возљубени Павле и Барнаба,
26 луѓе, кои ги предадоа своите души за нашиот Господ Исус Христос.
27 И така, ви ги испраќаме Јуда и Сила, кои лично ќе ви го соопштат истово.
28 Имено, Светиот Дух и ние решивме да не ставаме врз вас никакво друго бреме, освен овие неопходни работи:
29 да се воздржувате од нешта жртвувани на идоли, од крв, од задавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Збогум! “
30 И така пратените слегоа во Антиох, го собраа народот и го предадоа посланието.
31 А кога го прочитаа, се зарадуваа на утехата.
32 Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, ги храбреа и ги закрепнуваа браќата со многу зборови.
33 И откако поминаа таму некое време, ги испратија браќата со мир кај оние што ги беа пратиле.
34 Сила пак реши да остане таму.
35 А Павле и Барнаба останаа во Антиох, каде што заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово.
36 По неколку дена Павле му рече на Барнаба: “Да се вратиме повторно и да ги посетиме браќата по градовите, каде што го навестувавме Господовото слово, за да видиме како поминуваат!”
37 А Барнаба предложи да го поведат со себе и Јован, наречен Марко.
38 Но Павле сметаше дека не треба да го водат оној што се оддели од нив во Памфилија и не отиде со нив да работи.
39 И дојде до расправија, тики се разделија еден од друг. Барнаба го зеде со себе Марко и отплови за Кипар;
40 а Павле, кој беше предаден од браќата на Господовата благодат го избра Сила и тргна.
41 И, поминувајќи низ Сирија и Киликија, ги закрепнуваше црквите.

16

1 И така пристигна во Дерба и Листра. И ете, таму беше еден ученик по име Тимотеј, син на Еврејка, која веруваше, и на татко Грк.
2 Браќата во Листра и Иконија сведочеа добро за него.
3 Павле посака да го поведе со себе; го зеде и го обрежа заради Евреите населени по тие места, бидејќи сите знаеја оти татко му е Грк.
4 И додека одеа по градовите, им ги предаваа прописите што беа определени од апостолите и старешините во Ерусалим, за да ги пазат.
5 Црквите така се закрепнуваа во верата и секој ден нивниот број беше с? поголем.
6 Тие поминаа низ Фригиската и Галатската земја, зашто Светиот Дух им забрани да го проповедаат словото во Азија.
7 А кога дојдоа спроти Мисија, се обидоа да отидат во Битинија, но Исусовиот Дух не им дозволи.
8 И така, поминаа низ Мисија и слегоа во Троја.
9 И на Павле му се јави во ноќта видение: еден Македонец застана пред него и го молеше, велејќи: “Дојди во Македонија и помогни ни!”
10 По тоа негово видение, веднаш побаравме да отидеме во Македонија, сметајќи дека Бог н? повикува таму да го проповедаме Евангелието.
11 Потоа отпловивме од Троја и патувавме право кон Самотраки, а следниот ден во Неаполис,
12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во тој дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
13 А во саботата излеговме вон градските порти, крај реката, каде е место за молитва. Тука седнавме и им зборувавме на собраните жени.
14 Тоа го слушаше една богобојазлива жена по име Лидија, продавачка на пурпурно платно од градот Тијатир, а Господ & го отвори срцето да внимава на Павловите зборови.
15 Кога пак беше крстена таа и нејзините домашни, н? замоли, велејќи: “Ако сметате дека верувам во Господ, влезете во мојот дом и останете.” И н? принуди.
16 А кога еднаш одевме на местото за молитва, н? сретна некоја девојка, робинка, која имаше змиски дух, и која со вражање им донесуваше голема печалба на своите господари.
17 Таа одеше по Павле и по нас, викајќи: “Овие луѓе се слуги на С?вишниот Бог, кои ни го навестуваат патот на спасението.”
18 Тоа го правеше со денови. А кога му здодеа на Павле, се заврти и му рече на духот: “Ти заповедам, во името на Исус Христос, да излезеш од неа!” И излезе во истиот час.
19 Кога нејзините господари видоа дека излезе и нивната надеж за печалба, ги фатија и ги одвлекоа Павле и Сила до пазарот, пред управителите.
20 Кога ги приведоа пред судиите, рекоа: “Овие луѓе, кои се Евреи, го бунтуваат нашиов град
21 и навестуваат обичаи кои ние, како Римјани, не смееме да ги прифатиме ниту да ги вршиме.”
22 И целиот народ нагрвали на нив, а судиите им ги раскинаа облеките и заповедаа да ги тепаат со стапови.
23 И откако им удрија многу стапови, ги фрлија во зандана и му заповедаа на чуварот на занданата добро да ги чува.
24 Откако прими таква заповед, тој ги фрли во внатрешниот дел на занданата и нозете им ги стави во клада.
25 На полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бог, а затворениците ги слушаа.
26 Кога одеднаш настана силен потрес, така што се поместија темелите на занданата: во истиот час се отворија сите врати, и на сите им паднаа оковите.
27 А чуварот на занданата се разбуди и кога ги виде отворените врати на занданата, го извади мечот и сакаше да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.
28 Но Павле викна со силен глас, велејќи: “Не прави си себеси никакво зло, зашто сите сме тука!”
29 А тој побара светлина, втрча внатре и треперејќи падна пред Павле и Сила;
30 па откако ги изведе надвор, рече: “Господа, што треба да правам за да се спасам?”
31 Тие му рекоа: “Верувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твојот дом.”
32 А потем им го говореа Господовото слово нему и на сите што беа во неговиот дом.
33 И тој ги зеде во тој час на ноќта, им ги изми раните од ударите и веднаш се крсти заедно со сите домашни.
34 Тогаш ги одведе горе во куќата, постави трпеза, и многу се израдуваа со с? домашните, зашто поверуваа во Бог.
35 А кога се раздени, главните судии испратија службеници и им рекоа: “Ослободете ги луѓето!”
36 Чуварот на занданата му ги кажа тие зборови на Павле, велејќи: “Судиите пратија да ве пуштам. Затоа сега излезете и одете си со мир!”
37 Но Павле им рече: “Откако нас, римски граѓани, без претходно судење, јавно н? биеја и н? фрлија во зандана, зар сега сакаат тајно да н? пуштат? Никако! Туку самите нека дојдат и нека н? изведат!”
38 Судските службеници им ги соопштија овие зборови на судиите, а тие се исплашија кога чуја дека овие се римски граѓани.
39 И дојдоа, се извинија, ги изведоа и ги замолија да си заминат од градот.
40 И кога излегоа така од занданата, дојдоа кај Лидија, ги видоа браќата, ги охрабрија и си отидоа.

17

1 И откако поминаа преку Амфипол и Аполонија, пристигнаа во Солун, каде имаше еврејска синагога.
2 И по својот обичај, Павле влезе кај Евреите и, три саботи редум, со нив расправаше околу Писмото,
3 толкувајќи и докажувајќи дека Христос требаше да настрада и да воскресне од мртвите, велејќи: “Исус, Кого јас ви Го навестувам е Христос.”
4 И некои од нив се уверија и се дружеа со Павле и Сила; а исто така и големо мнозинство побожни Грци и не мал број видни жени.
5 Но Евреите, поттикнати од завист, зедоа неколкумина злобни денгубници од пазарот и предизвикаа безредие во градот. Ја нападнаа Јасоновата куќа и бараа да бидат изведени пред толпата.
6 А кога не ги најдоа, ги одвлекоа Јасон и некои од браќата пред градските власти, викајќи: “Оние, што го превртеа наопаку целиот свет, дојдоа и тука!
7 И Јасон ги прими! А сите тие работат против цезаровите заповеди, тврдејќи дека има друг цар - Исус!”
8 Така, кога народот и градските власти го чуја тоа се вознемирија,
9 но откако добија гаранција од Јасон и од другите, ги пуштија.
10 Браќата веднаш, уште во ноќта, ги испратија Павле и Сила во Берија; тие, пак, кога дојдоа таму, отидоа во еврејската синагога.
11 Тука беријците беа поблагородни од оние во Солун, зашто го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го проучуваа Писмото дали е така.
12 И мнозина од нив поверуваа; а не малку и од видните грчки жени и мажи.
13 А кога солунските Евреи дознаа дека Павле и во Берија го проповеда Божјото слово, дојдоа и таму и го спотнаа и го растревожија народот.
14 Тогаш браќата веднаш го испратија Павле кон морето. А Сила и Тимотеј останаа таму.
15 Придружниците пак го доведоа Павле до Атина, и откако примија заповед за Сила и Тимотеј да дојдат што побргу кај него, заминаа.
16 Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се вознемири, гледајќи го градот полн со идоли.
17 И разговараше со Евреите во синагогата и со побожните; а и секој ден на пазарот со кого ќе се најдеше,
18 А некои од епикурејските и стоичките филозофи почнаа да се препираат со него, па едни велеа: “Што сака да каже овој дрдорко?” А други: “Се гледа дека е предвесник на туѓи богови,” зашто проповеда за Исус и за воскресението.
19 Тогаш го зедоа, го одведоа на Ареопагот и рекоа: “Можеме ли да знаеме какво е тоа ново учење, што го проповедаш?
20 Со чудни тврдења ни ги полниш ушите; затоа сакаме да знаеме што е тоа?”
21 (А сите Атињани и странците меѓу нив си го минуваа времето само во тоа да кажат или да чујат некаква новост.)
22 Тогаш Павле застана сред Ареопагот и рече: “Атињани! Гледам по с? дека сте многу суеверни.
23 Имено, минувајќи и набљудувајќи ги вашите светилишта, најдов и жртвеник, на кого беше напишано: 'На непознат Бог'. И така, тоа што вие го почитувате не познавајќи го, јас тоа ви го навестувам.
24 Богот, Кој го создаде светот и с? што е во него, како Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворни светилишта
25 ниту прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто; зашто Тој, Самиот, им дава на сите живот, здив и с?.
26 И Тој од еден ги создаде сите народи за да се населат по целата земја, откако им определи одредени времиња и граници на нивните живеалишта,
27 за да Го бараат Бог, та нема ли некако да Го напипаат и најдат, бидејќи Тој не е далеку од ниеден од нас.
28 Зашто во Него живееме, се движиме и постоиме, како што и некои од вашите поети рекле: 'И ние сме Негово потомство.'
29 И бидејќи сме Божјо потомство, не треба да мислиме дека Божеството прилега на злато, сребро или камен; како творба на човечката уметност и замисла.
30 И така, не гледајќи на времињата на незнаењето, Бог сега им заповеда на луѓето да се покајат сите и насекаде,
31 зашто го определи денот, кога ќе му суди праведно на целиот свет - преку Човек Кого Го определил за тоа, давајќи им на сите уверување со тоа што Го воскресна од мртвите.”
32 А кога чуја за воскресението од мртвите, едни се подбиваа, а други рекоа: “Ќе те слушаме другпат за тоа.”
33 И така, Павле си отиде од кај нив.
34 Сепак, некои мажи му се придружија и поверуваа, меѓу кои беа и Дионисиј Ареопагит, жената по име Дамара и други покрај нив.

18

1 Потоа Павле тргна од Атина и дојде во Коринт.
2 Таму најде еден Евреин по име Акила, родум од Понт, кој неодамна беше дошол од Италија, заедно со жена си Присцила, зашто Клавдиј заповеда сите Евреи да го напуштат Рим. Дојде кај нив,
3 и бидејќи го знаеше истиот занает, остана кај нив да работи, зашто нивниот занает беше изработка на шатори.
4 А секоја сабота водеше расправа во синагогата и ги убедуваше Евреите и Грците.
5 А кога Сила и Тимотеј слегоа од Македонија, Павле беше поттикнат во духот ревносно да им сведочи на Евреите дека Исус е Христос.
6 Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој си ја истресе облеката и им рече: “Вашата крв на вашите глави! Јас сум чист и отсега ќе одам кај неевреите.”
7 И замина оттаму па дојде во домот на некојси Титиј Јуст, богобојазлив човек, чија куќа беше до синагогата.
8 И Крисп, началникот на синагогата, со сите свои домашни, поверува во Господ; и мнозина Коринќани, кои го слушаа, поверуваа и беа крстени.
9 А Господ му рече на Павле, ноќе, во видение: “Не плаши се! Туку зборувај и не замолкнувај,
10 зашто Јас сум со тебе! И никој нема да те нападне за да ти направи некакво зло, зашто имам многу свои луѓе во овој град. “
11 И така преседе година и шест месеци поучувајќи ги во Божјото слово.
12 А кога Галио беше управител на Ахаја, Евреите еднодушно станаа против Павле и го доведоа пред судскиот стол,
13 велејќи: “Овој човек ги наговара луѓето да Го почитуваат Бог спротивно на законот.”
14 Кога Павле сакаше да ја отвори устата, Галио им рече на Евреите: “Ако беше во прашање некаква неправда или зло дело, о Евреи, се разбира, ќе ве истрпев.
15 Но ако е тоа прашање за зборови, за имиња и за вашиот закон, пресудете сами; јас не сакам да бидам судија во тие работи. “
16 И ги истера од судот.
17 Тогаш сите го фатија Состен, началникот на синагогата, и го тепаа пред судот, а Галио не сакаше ни да знае за тоа.
18 Павле остана таму уште многу денови, а патем се збогува со браќата и отплови за Сирија, а со него беа Присцила и Акила; во Кенхреја ја избричи главата, зашто се беше заветувал.
19 А кога стигнаа во Ефес, ги остави двајцата, а самиот влезе во синагогата да расправа со Евреите.
20 Кога го замолија да остане подолго време, не се согласи,
21 туку се збогува со нив и рече: “Ако Бог даде, пак ќе се вратам кај вас.” И отплови од Ефес.
22 Кога стигна во Цезареја, се искачи во Ерусалим; ја поздрави црквата и слезе во Антиох.
23 Откако помина таму некое време, замина и ги помина редум Галатската област и Фригија, поткрепувајќи ги сите ученици.
24 А некојси Евреин, по име Аполос, родум александриец, човек благоглаголив и мошне упатен во Писмата, дојде во Ефес.
25 Тој беше поучен во Господовиот Пат, и со својот распален дух зборуваше и поучуваше точно за Исус, иако го знаеше само Јовановото крштавање.
26 Тој почна смело да говори во синагогата, а кога го чуја Присцила и Акила, го зедоа при себе, и му објаснија подетално за Божјиот Пат.
27 Кога сакаше да замине за Ахаја, браќата го охрабрија и им напишаа на учениците да го примат. Штом пристигна, многу им помогна на оние кои беа поверувале преку благодатта;
28 зашто тој силно и јавно ги побиваше Евреите, докажувајќи преку Писмата дека Исус е Христос.

19

1 А кога Аполос беше во Коринт, Павле, откако ги помина горните области, дојде во Ефес, најде некои ученици,
2 па им рече: “Дали Го примивте Светиот Дух откако поверувавте?” Тие му одговорија: “Не сме ни чуле дека има Свет Дух.”
3 Тој уште им рече: “А во што се крстивте?” Тие рекоа: “Во Јовановото крштавање.”
4 А Павле рече: “Јован крштаваше со крштавање за покајание, велејќи му на народот да верува во Оној Кој ќе дојде по него, односно во Христос Исус.”
5 Откако го чуја тоа, беа крштавани во името на Господ Исус.
6 А кога Павле ги положи рацете на нив, Светиот Дух се спушти врз нив, а тие зборуваа јазици и пророкуваа.
7 А беа вкупно околу дванаесет мажи.
8 Тогаш тој влезе во синагогата и таму вршеше беседи смело три месеци за Божјото царство и се трудеше да ги убеди.
9 Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и пред народот зборуваа зло за Патот, тој отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно поучуваше во училиштето на Тиран.
10 Тоа траеше две години, така што сите Евреи и Грци, кои живееја во Азија, го чуја Господовото слово.
11 А Бог правеше необични чуда преку Павловите раце,
12 така што кога врз болните ставаа шамичиња или скутници од неговото тело, болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив.
13 А некои од еврејските истерувачи на демони, кои одеа од место во место, почнаа над оние кои имаа зли духови да го повикуваат името на Господ Исус, велејќи им: “ Ве истеруваме преку Исус, Кого Павле Го проповеда! “
14 Тоа го правеа седумтемина синови на некојси Скева, еврејски првосвештеник.
15 Но злиот дух одговори, велејќи им: “Го познавам Исус, го знам и Павле, а кои сте вие?”
16 Притоа човекот во кого беше злиот дух, скокна врз нив, ги совлада сите и против нив покажа таква сила, што голи и ранети избегаа од куќата.
17 Тоа го дознаа Евреите и Грците, кои живееја во Ефес и сите ги обзеде страв и трепет, додека името на Господ Исус се величаше.
18 А мнозина од оние кои беа поверувале, доаѓаа и исповедувајќи се ги кажуваа своите дела.
19 Оние, пак, кои се занимаваа со магии, ги донесуваа своите свитоци на куп и ги гореа пред сите. И кога ја пресметаа нивната цена, најдоа дека вредат педесет илјади сребреници.
20 И така Словото, преку Божјата сила, растеше и напредуваше с? посилно.
21 Кога се сврши сето тоа, Павле науми во својот дух, откако ќе помине низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: “Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”
22 И испрати во Македонија двајца свои помошници, Тимотеј и Ераст, а самиот остана уште некое време во Азија.
23 Во тоа време се крена голема бркотија заради Патот;
24 имено, еден човек, по име Димитриј, филигранист, изработуваше сребрени Артемидини светилишта и на занаетчиите им донесуваше значителна печалба;
25 откако ги собра нив и работниците со слични занаети им рече: “Мажи, вие знаете дека нашата благосостојба доаѓа од оваа работа,
26 а гледате и слушате дека овој Павле, не само во Ефес, туку речиси во цела Азија, убеди и одврати големо множество луѓе, велејќи дека богови направени со раце - не се богови.
27 Впрочем, не постои опасност само нашиов занает да биде презрен, туку и храмот на големата божица Артемида ќе се смета за ништожен, и ќе му се наштети на величието на онаа, која ја почитува сета Азија и целиот свет.
28 Кога го чуја тоа, полни со гнев, врескаа, извикувајќи: “Голема е Артемида Ефеска! “
29 И целиот град се претвори во безредие, а луѓето еднодушно навлегоа во театарот и ги одвлекоа Гај и Аристарх, Павлови сопатници од Македонија.
30 А кога Павле сакаше да влезе во толпата, учениците го спречија.
31 Притоа, некои од азиските началници, кои му беа пријатели, испратија порака до него, молејќи го да не се појавува во театарот.
32 Едни викаа едно, а други друго, зашто собирот беше збунет и мнозина не знаеја зошто се беа собрале.
33 Тогаш го извлекоа од толпата Александар, кого Евреите го туркаа напред. Александар, пак, мавна со раката и сакаше да даде објаснување пред толпата.
34 Но кога дознаа дека е Евреин, сите викаа едногласно и извикуваа околу два часа: “Голема е Артемида Ефеска!”
35 Најпосле градскиот писар го смири народот и рече: “Луѓе, ефешани! Кој е тој човек, кој не знае дека градот Ефес е чувар на храмот на големата Артемида и на нејзиниот кип што падна од небото?
36 Бидејќи тоа е неспорно, вие треба да бидете мирни и да не преземате ништо непромислено!
37 Ги доведовте овие луѓе, кои ниту го ограбија храмот, ниту хулат на нашата божица.
38 Затоа, ако Димитриј и занаетчиите кои се со него имаат тужба против некого, судовите се за тоа, а постојат и проконзули, нека се тужат едни со други.
39 Но ако барате нешто друго, тоа ќе биде решено законски во собранието,
40 зашто ни се заканува опасност да бидеме обвинети заради денешниот настан, бидејќи не постои никаква причина со која можеме да го оправдаме собирот.”
41 Кога го рече тоа, го распушти собирот.

20

1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги охрабри, се збогува со нив и тргна на пат за Македонија.
2 Откако ги помина оние краишта и ги охрабри со многу зборови, дојде во Грција.
3 Таму остана три месеци, бидејќи Евреите направија заговор против него, а кога сакаше да отплови за Сирија, реши да се врати преку Македонија.
4 Го придружуваа Сопатер, синот на Пир, од Берија, солунците Аристарх и Секунд, Гај од Дерба и Тимотеј, како и Тихик и Трофим од Азија.
5 Тие отидоа напред и н? чекаа во Троја.
6 А ние отпловивме од Филипи, по деновите на Бесквасните лебови, и по пет дена дојдовме кај нив во Троја, каде што останавме седум дена.
7 А кога во првиот ден на седмицата се состанавме да раскршуваме леб, Павле им држеше беседа, зашто утредента сакаше да замине. Тој продолжи со беседата до полноќ,
8 а во горната соба, каде се бевме собрале, имаше многу светилки.
9 Едно момче, по име Евтих, кое седеше на прозорецот, почна да запаѓа во длабок сон и тоа, бидејќи Павле подолго зборуваше, совладано од сонот, падна од третиот кат долу и го дигнаа мртво.
10 Но Павле слезе, му се фрли, го прегрна и рече: “Не возбудувајте се, зашто неговата душа с? уште е во него!”
11 Потоа се качи горе, раскрши леб, и поткасна, и им зборуваше долго, с? до мугрите, кога отпатува.
12 А момчето го доведоа живо и многу се утешија.
13 Ние тргнавме порано со коработ и отпловивме во Асос, откаде требаше да го земеме Павле, зашто така беше порачал, сакајќи да оди пеш.
14 А кога се состана со нас во Асос, го зедовме и дојдовме во Митилин.
15 И оттаму отпловивме и утредента дојдовме спроти Хиос. На другиот ден стигнавме во Самос, а следниот ден дојдовме во Малта.
16 Павле реши да помине покрај Ефес, а да не се задржи подолго време во Азија, зашто му се брзаше, ако е можно да биде за денот на Педесетница во Ерусалим.
17 Од Малта Павле јави во Ефес да ги повикаат старешините на црквата.
18 А кога дојдоа кај него, им рече: “Вие знаете како го поминав со вас целото време, од првиот ден кога стапив во Азија,
19 служејќи Му на Господ со сета понизност, со солзи и со искушенија, што ме снајдоа од еврејските заговори;
20 како не пропуштив да ви кажам с? што е полезно и да ве поучам јавно и по домовите;
21 сведочејќи им сериозно на Евреите и на Грците за покајание кон Бог и кон верата во нашиот Господ Исус.
22 А сега, еве, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи што ќе ми се случи таму,
23 освен што Светиот Дух ми сведочи, во секој град, велејќи дека ме чекаат окови и маки.
24 Но мене ни најмалку не ми е до животот, туку само да го завршам својот пат и службата, што ја примив од Господ Исус: сериозно да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.
25 И еве, сега знам дека сите вие, меѓу кои поминав проповедајќи го Божјото царство, не ќе го видите веќе моето лице.
26 Затоа ви сведочам во овој ден дека сум чист од крвта на сите вас;
27 зашто не пропуштив да ви ја кажам целосната Божја намера.
28 Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи, за да бидете пастири на Божјата црква, која Тој ја откупи со Својата крв.
29 Јас знам дека по моето заминување меѓу вас ќе навлезат свирепи волци, кои нема да го штедат стадото;
30 а и од вас самите ќе се подигнат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечкаат учениците по себе.
31 Затоа, бдејте и помнете дека три години, ноќе и дење, не прекратив да го советувам со солзи секој еден од вас!
32 И сега ве препорачувам на Бог и на Словото на Неговата благодат, кое е во состојба да изградува и да ви даде наследство меѓу сите осветени.
33 Сребро, злато или облека, не посакав од никого.
34 Самите знаете дека овие раце им послужија на моите потреби и на оние кои беа со мене.
35 Во с? ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, и да си спомнувате на зборовите на Господ Исус, како што рече Самиот Тој: 'Поблажено е да се дава, отколку да се прима.'“
36 Кога го рече тоа, клекна на колена и се помоли со сите нив.
37 Тогаш сите заплакаа гласно, и паднаа во прегратката на Павле и топло го целиваа,
38 нажалени најмногу од зборот што го рече дека веќе нема да го видат неговото лице. И го испратија до коработ.

21

1 Кога се одделивме од нив и отпловивме, дојдовме право во Кос, а следниот ден на Родос и оттаму во Патара.
2 И кога најдовме кораб, што тргнуваше за Феникија, влеговме во него, и отпловивме.
3 А кога го здогледавме Кипар, го оставивме одлево и отпловивме кон Сирија; и слеговме во Тир, зашто таму коработ требаше да се растовари.
4 И кога ги најдовме учениците, останавме таму седум дена. Тие, вдахновени од Духот, му зборуваа на Павле да не оди горе во Ерусалим.
5 И кога завршија тие дни, заминавме оттаму и го продолживме нашето патување, а тие сите н? испратија, со жените и децата надвор од градот; а откако на брегот клекнавме и се помоливме, се збогувавме едни со други.
6 Тогаш ние влеговме во коработ, а тие се вратија во своите домови.
7 Завршувајќи го пловењето од Тир, стигнавме во Птолемаида, каде што ги поздравивме браќата и останавме со нив еден ден.
8 А на следниот ден отпатувавме и дојдовме во Цезареја и влеговме во куќата на евангелистот Филип, кој беше еден од седумтемина, и останавме кај него.
9 Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.
10 Бидејќи престојувавме таму многу дни, дојде од Јудеја еден пророк, по име Агаб.
11 И кога дојде кај нас, го зеде Павловиот појас, си ги врза рацете и нозете, и рече: “Светиот Дух го вели ова: 'Човекот, чиј е овој појас, Евреите во Ерусалим ќе го врзат вака и ќе го предадат во рацете на неевреите'.”
12 Кога го чувме тоа, и ние и тамошните жители го молевме да не оди горе во Ерусалим.
13 Тогаш Павле одговори: “Што правите? Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.”
14 И бидејќи не можевме да го наговориме, ние замолкнавме и рековме: “Нека биде Господовата волја!”
15 По тие денови се приготвивме и тргнавме горе кон Ерусалим.
16 Со нас тргнаа и некои ученици од Цезареја и н? одведоа кај некојси Мнасон, Кипранин, дамнешен ученик, за да бидеме негови гости.
17 Кога стигнавме во Ерусалим, браќата н? примија радосно.
18 На идниот ден Павле отиде со нас кај Јаков, а сите старешини беа присутни.
19 И откако ги поздрави, им раскажа едно по едно с? што Бог, преку неговата служба, направи меѓу неевреите.
20 А кога го чуја тоа, Го прославија Бог и му рекоа: “Гледаш, брате, колку илјади верници има меѓу Евреите, и сите се грижат за Законот;
21 а за тебе се известени дека сите Евреи, кои се меѓу народите, ги поучуваш да отстапат од Мојсеј, велејќи им да не ги обрежуваат своите деца, ниту да живеат според обичаите.
22 И така, што сега!? Бездруго ќе чујат дека си дошол.
23 Затоа направи како што ќе ти кажеме: меѓу нас има четворица мажи кои се заветувале;
24 земи ги и исчисти се заедно со нив и плати за нив да си ги избричат главите. Така сите ќе дознаат дека нема ништо од она, што чуле за тебе, и дека и самиот го исполнуваш Законот.
25 А за неевреите, кои поверувале, решивме и им пишавме: да се воздржуваат од нешта жртвувани на идоли, од крв, од задавено и од блудство.”
26 Тогаш Павле ги зеде со себе тие мажи, и на следниот ден, откако се исчисти со нив заедно, влезе во Храмот и објави завршување на деновите на исчистувањето, кога за секој од нив ќе биде принесена жртва.
27 А кога седумте денови речиси завршија, Евреите од Азија, откако го забележаа во Храмот, го разбунтуваа целиот народ и го фатија,
28 викајќи: “Израелци, помагајте! Овој е човекот кој насекаде ги учи сите против нашиот народ, против Законот и против ова место! Освен тоа, воведе и Грци во Храмот и така го оскверни ова свето место!”
29 Имено, тие порано во градот го имаа видено ефешанецот Трофим со него и мислеа дека Павле го вовел во Храмот.
30 И целиот град се разбранува и народот се собра, го фатија Павле и го извлекоа надвор од Храмот, па веднаш ги затворија вратите.
31 А кога сакаа да го убијат, дојде глас до заповедникот на четата дека целиот Ерусалим е разбунтуван.
32 Овој, пак, веднаш зеде војници и стотници и дотрча до нив. Кога ги видоа заповедникот и војниците, тие прекратија да го тепаат Павле.
33 Тогаш заповедникот му се приближи, го фати и заповеда да го врзат во двојни вериги и распрашуваше кој е и што сторил.
34 Едни од толпата викаа едно, а други друго и бидејќи од викотницата не можеше ништо веродостојно да дознае, заповедникот заповеда да го одведат во тврдината.
35 А кога беше на скалите, војниците мораа да го кренат на раце поради насилничките постапки на толпата;
36 зашто многу народ одеше по него и викаше: “Убијте го!”
37 И кога требаше да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: “Смеам ли да ти кажам нешто?” Овој пак рече: “Знаеш ли грчки?
38 Да не си ти оној Египќанец, кој пред некое време побуни и одведе во пустината четири илјади мажи убијци?”
39 А Павле одговори: “Јас сум Евреин од Тарс, од Киликија, граѓанин на познатиот град, и те молам да ми одобриш да му се обратам на народот!”
40 И кога му дозволи, Павле застана на скалите и му мавна со рака на народот. А кога настана голема тишина, проговори на еврејски јазик и рече:

22

1 “Мажи, браќа и татковци! Чујте ја мојата одбрана”
2 Кога чуја дека им говори на еврејски јазик, се смирија уште повеќе. И рече:
3 “Јас сум Евреин, роден во Киликиски Тарс, израснат во овој град, воспитан при Гамалиеловите нозе, научен строго според законот на нашите татковци, оддаден на Бог, како и сите вие денес.
4 Го гонев овој Пат до смрт; и врзував и предавав во зандани мажи и жени,
5 како што може да посведочи за мене врховниот свештеник со сите старешини. Од нив примив и писма за браќата во Дамаск, каде одев за да ги приведам врзани во Ерусалим и оние, кои беа таму, за да бидат казнети.
6 Кога одев и наближив до Дамаск, одеднаш, околу пладне, ме осветли голема светлина од небото.
7 Паднав ничкум на земјата и чув глас како ми зборува: 'Савле, Савле, зошто Ме гониш?'
8 А јас одговорив: 'Кој си ти, Господине?' И ми рече: 'Јас сум Исус Назареќанецот, Кого ти Го прогонуваш.'
9 А оние кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот што ми зборуваше.
10 Тогаш реков: 'Што да правам, Господи?' А Господ ми рече: 'Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже с? што ти е определено да правиш!'
11 И бидејќи не можев да гледам од болскотот на светлината, оние што беа со мене ме поведоа за рака и така дојдовме во Дамаск.
12 А некојси Ананиј, благочестив маж според Законот, за кого сведочеа добро сите тамошни Евреи,
13 дојде кај мене, ми се доближи и рече: 'Брате Савле, прогледај!' И јас во истиот миг погледав во него.
14 А тој рече: 'Богот на нашите татковци однапред те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да го чуеш гласот од Неговата уста,
15 зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и чул.
16 А што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го Господовото име.'
17 Кога пак се вратив во Ерусалим и кога се молев во Храмот,
18 Го видов како ми вели: 'Побрзај и излези бргу од Ерусалим, зашто нема да го примат твоето сведоштво за Мене!'
19 А јас реков: 'Господи, тие знаат дека јас ги затворав и ги тепав по синагогите оние кои веруваа во Тебе;
20 и кога се пролеваше крвта на Твојот сведок Стефан, и јас стоев таму, одобрував и ги чував облеките на оние што го убиваа.'
21 А тој ми рече: 'Оди, зашто ќе те испратам далеку, меѓу нееврејските народи!'
22 Тие го слушаа до тој збор, а тогаш извикаа со силен глас: “Тргнете го од земјата таквиот, зашто не треба да живее!”
23 Додека тие викаа така, ги кинеа своите облеки и фрлаа прав во воздухот,
24 заповедникот нареди да го одведат во тврдината, велејќи да го испитаат со камшик, за да дознае зошто викаат така против него.
25 А кога го испружија и го врзаа со ремени, Павле му рече на стотникот кој стоеше таму: “Зар смеете да камшикувате римски граѓанин, и тоа неосуден?”
26 Кога стотникот го чу тоа, отиде и го извести заповедникот, велејќи: “Што ќе сториш? Овој човек е римски граѓанин!”
27 Тогаш заповедникот дојде кај него и му рече: “Кажи ми, навистина ли си римски граѓанин?” А тој рече: “Да!”
28 Заповедникот одговори: “Јас го добив тоа граѓанство за голема сума.” Павле рече: “А јас се родив со него.”
29 И веднаш отстапија од него тие што сакаа да го испитуваат. Заповедникот исто така се уплаши кога дозна дека тој е римски граѓанин, зашто го беше врзал.
30 Утредента, сакајќи да знае точно зошто Евреите го обвинуваат, го ослободи, и заповеда да се соберат првосвештениците и целиот Совет, па го доведе долу Павле и го постави пред нив.

23

1 А Павле погледна втренчено кон Советот и рече: “Мажи, браќа, јас живеев со наполно чиста совест пред Бог до овој ден.”
2 Тогаш врховниот свештеник