Свето Евангелие според Марка

1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16


1

1 Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,
2 Како што е напишано кај пророците: “Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.”
3 Гласот на оној, што вика во пустињата: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.”
4 Се јави Јован, крштавајќи во пустињата, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.
5 И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6 А Јован носеше облека од камислки влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7 И проповедаше, велејќи: “По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8 Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”
9 А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10 И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.
11 И се чу глас од небесата: “Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.”
12 Веднаш потоа Духот Го изведе во пустиња.
13 И беше таму, во пустињата, четириесет дни и скушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеја.
14 А потоа, кога Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо,
15 и велеше: “Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.”
16 И, одејќи покрај Галилејското Море, го виде Симона и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17 Исус им рече: “Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!”
18 И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19 Па, штом одмина малку, го виде Јакова Зеведеев и брата му Јована, исто така во кораб, како ги крпат мрежите свои;
20 веднаш ги повика и нив. И тие, оставајќши го татка си Зеведеја во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата влезе Он во синагогата и поучуваше.
22 И се чудеа на Неговата наука, оти Он ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
23 Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и звика, говорејќи:
24 “О, што имаш Ти со нас, Исусе Назарејќи! Си дошол ли да не погубиш? Те знам Кој си Ти, светец Божји!”
25 Но Исус му забрани, велејќи: “Молкни и излези од него!”
26 Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со висок глас и излезе од него.
27 И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: “Што е ова?! И какво е ова учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?”
28 И одеднаш се разнесе глас за Него по целиот крај Галилејски.
29 Па, како излегоа од синагогата, дојдоа со Јакова и Јована во куќата на Симона и Андреја.
30 А баба му на Симона лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31 И кога пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана; и почна да ги послужува.
32 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, носеа при Него секакви болни и бесни.
33 И целиот град се беше собрал пред портата.
34 И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу бесови не им позволуваше на бесовите да кажуваа, дека знаат оти е Он Христос.
35 А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.
36 А Симон, и ноие што беа со Него, поитаа по Него;
37 па, кога Го најдоа, Му рекоа: “Сите Те бараат.”
38 А Он им рече: “Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум излегол.”
39 И проповедаше во нивните синагоги по цела Галилеја и изгонуваше бесови.
40 И дојде при Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: “Ако сакаш, можеш да ме очистиш.”
41 А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: “Сакам! Очисти се!”
42 И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43 па, како го отпушти, му заповеда
44 и му рече: “Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.”
45 А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамотени места. И приоѓаа кај Него отсекаде.

2

1 По неколку дена, Он пак влезе во Капернаум; и се чу дека е во една куќа.
2 Веднаш се собраа нозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Он им зборуваше.
3 И дојдоа при Него со еден фатен, кого го носеа четворица;
4 па, како не можеа да се приближат до Него од народот, откако го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Он, ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот.
5 А Исус, кога ја виде верата нивна, му реше на фатениот: “Синко, ти се опростуваат гревовите твои!”
6 Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои:
7 “Што хули Овој на Бога? Кој друг може да опростува гревови, освен единиот Бог?”
8 Исус веднаш, штом узна во Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: “Зошто го помислувате тоа во срцата свои?
9 Што е полесно да му кажам на фатениот: ти се простуваат гревовите или да речам: дигни се, земи ја постелката своја и оди?
10 Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите” - му рече на фатениот -
11 “Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома!”
12 И тој стана веднаш, па, штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите - така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велијќи: “Никогаш вакво чудо не сме виделе!”
13 И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доааѓаше при Него и Он го поучуваше.
14 И кога одеше, го виде Левија Алфеев, кој седеше на митницата, и му рече: “Врви по Мене!” Тој стана и тргна по Него.
15 А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и Учениците Негови, и многу митници и грешници; зашто беа мнозина и врвеа по Него.
16 Книжниците и фарисеите, штом Го видоа да јаде со митници и грешници, им рекоа на учениците Негови: “Зошто со митници и грешници јаде и пие?”
17 Кога го чу тоа Исус, им рече: “Здравите немаат потреба од лекар, а болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците - на покајание.”
18 Учениците на Јована и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа: “Зошто учениците Јованови и фарисеите постат, а Твоите Ученици не постат?”
19 Исус им рече: “Зар можат сватовите да постат, кога младоженецот е со нив! За сето време, дури е со нив младоженецот, тие не можат да постат;
20 но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат.
21 Никој не крпи стара облека со нова крпа; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем.
22 Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расцепи мевовите и виното ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се стави во нови мевови.”
23 И Му се случи во саботен ден да минува преку нивјето, и почнаа учениците Негови, врвејќи, да кинат класје.
24 А фарисеите Му рекоа: “Гледај,зошто го прават учениците во сабота тоа, што не треба да се прави?”
25 Но Он им реже: “Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и огладне сам тој и оние, што беа со сего?
26 Кога влезе во домот Божји, при првосвештеникот Авијатар, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него?”
27 Потоа продолжи: “Саботата е дадена за човекот, а не човекот за саботата.
28 Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.”

3

1 И влезе пак во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака.
2 И пазеа на Него, дали ќе го исцели во саботен ден, за да Го обвинат.
3 А Он му рече на човекот со исушПена рака: “Застани насреде!”
4 Ним, пак, им кажа: “Во сабота позволено ли е да се прави добро, или зло; да се спаси една душа или да ја погуби?”
5 Па, кога ги изгледа со гнев, зашто Му беше тешко поради нивните скаменети срца, му рече на човекот: “Протегни ја раката своја!” Тој ја протегна, и таа му стана здрава, како и другата.
6 Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собрааа со иродовците на совет против Него, како да Го погубат.
7 Исус, пак, отиде во Своите ученици кон морето, и по Него одеше многу народ од Галилеја, и од Јудеја,
8 ос Ерусалим, и од Идумеја и отаде Јордан. Па и од Тир и Сидон, откако чуја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него.
9 И им порача на учениците Свои да Му проготват кораб, поради народот, за да не Му одеваат;
10 зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа на Него за да се доближат до Него.
11 И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: “Ти си Син Божји!”
12 Но Он строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
13 Потоа се качи на гората и ги повика при Себе оние, кои Сам ги одбра, и тие дојдоа при Него.
14 Избра дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат;
15 И имаа власт да лекуваат болести и да изгонуваат бесови:
16 првиот Симон, кого го нарече Петар;
17 на Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде има Воанегрес, што значи: синови на громот;
18 потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19 и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20 И дојдоа во една куќа; и пак се собра народ - така што тие не можеа ни леб да јадат.
21 И кога чуја Неговите домашни, отиода да Го приберат, оти се говореше дека не бил на Себеси.
22 А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека бесовите ги истерува со силата на кнезот демонски.
23 И кога ги повика, им говореше во параболи: “Како може сатаната да изгонува сатана?
24 Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25 и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој не може да опстане;
26 ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи: му дошол крајот и нему.
27 Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе покуќнината.
28 Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите древови и хули, какви и да бидат тие;
29 но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен и пред вечниот суд.”
30 Тоа го рече, оти велеа: “Нечист дух е во Него.”
31 И дојдоа макја Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32 А околи Него седеше народ. И Му рекоа: “Ете, мајка Ти и браќата Твои, ии сестрите Твои, надвор се и Те бараат.”
33 А Он им одговори, велејќи: “Која е Мојата мајак, или кои се браќата Мои?”
34 Па, како ги погледна оние што седеа околу Него, рече: “Еве ги Мојата макја и Моите браќа.
35 Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”

4

1 И пак почна да поучува покрај морето: и се собра околу Него многу народ; Он влезе тогаш во кораб во морето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.
2 И ги поучуваше многу со параболи, и во науките Свои им велеше:
3 “Слушајте! Ете из;езе еден сејач да сее;
4 и се случи, кога сееше, едни зрна да паднат покрај патот, па долетаа птици небески и ги исколваа.
5 Други паднаа на каменито место, каде што намаше многу земја, и набргу никнаа, оти земјата не беше длабока;
6 а кога изгреа сонцето, тие свенаа, па како немаа корен, се исушија.
7 Некои паднаа во трње; и израсна трњето, и ги задуши, и не дадоа плод.
8 А други паднаа на добра земја и почнаа да даваат плод, што израсна и узреа; и придонесоа: кое триесет, кое шеесет, кое сто.”
9 И им рече: “Кој има уши да слуша, нека чуе!”
10 А кога остана Сам, оние што бееа околу Него, заедно со дванаесетте, Го прашаа за параболата.
11 И им кажа: “Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на ние, надворешните, се ќе им се кажува во параболи,
12 за да гледаат со очи, и да не видат; да слушаат со учи, и да не разбираат; оти се бојат да не се покајат некогаш, та да им се простат гревовите.”
13 И им рече: “Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите приказни?
14 Сејачот го сее словото.
15 Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но при кои, откако го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, посеано во срцата нивни.
16 Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,
17 но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18 Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,
19 но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога се вселат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно.
20 А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.”
21 И им рече: “Зар се внесува светило за да се тури под поклоп или под одар? Не затоа ли, да се стави на свеќник?
22 Оти нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту, пак, нешто сокриено, а да не излезе на видело.
23 Ако некој има уши да слуша, нека чуе!”
24 И им велеше: “Внимавајте на она што слушата: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде вам што слушате.
25 Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.”
26 Па рече: “Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,
27 па спие, и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае.
28 Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред треба, па клас, а потоа и полно зрно во класот.
29 А кога узрее плодот, одеднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.”
30 Пак продолжи: “Со што да го споредиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?
31 Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни;
32 а кога се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.”
33 И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34 И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо се им објаснуваше.
35 Тој ден вечерта им рече: “Да минеме на спротивната страна!”
36 И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а го следеа и други кораби.
37 И се подигна голема бура, и брановите се префлуваа во коработ - така што тој веќе пропаѓаше.
38 Он, пак, беше на кормилото и спиеше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: “Учителе, зар не Ти е жал што загинуваме?”
39 А кога стана, му забрани на ветрот и му рече на морето: “Молкни, престани!” И ветрот стивна, и настана голема тишина.
40 Па им рече: “Што сте така плашливи? Како немате толку вера?”
41 И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: “Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?”

5

1 Преминаа отаде море, во страната Гадаринска.
2 И кога излезе Он од коработ, веднаш Го сретна еден човек од гробиштата со нечист дух.
3 Тој живееше во гробовите, дури со вериги никој не можеше да го врзе;
4 оти многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше веригите и ги раскинуваше оковите, и никој не можеше да го скроти;
5 и секогаш, ноќе и дење, по гробиштата и по ридиштата викаше и се удираше со камења.
6 Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони.
7 Па, како извика со висок глас, рече: “Што имаш, Ти со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнуам во Бога, не мачи ме!”
8 Зашто му беше рекол: “Дух нечисти, излези од човекот!”
9 И го праша: “Како те викаат?” А тој одговори и рече: “Легион ми е името, оти сме многу.”
10 И Го молеа многу да не ги пади од тој крај.
11 А таму, по ридот, пасеше голем број свињи.
12 И сите бесови Го молеа и велеа: “Прати не во свињине, да влеземе во нив.”
13 И Исус веднаш им позволи. Па, како излегоа, нечистите духови - влегоа во свињите; и се гргнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14 А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало.
15 И дојдоа при Исуса, и го видоа бесниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легион, и се уплашија.
16 А оние, кои беа виделе, раскажуваат што стана со бесниот и со свињите.
17 И почнаа да се молат да си отиде од овие краишта.
18 А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесен, Го помоли да биде со Него.
19 Исус не му позволи, но му рече: “Оди дома при своите, па раскажи им што ти направи Господ и како те помилува.”
20 Си отиде, и почна да раскажува по Десетоградието што му направи Исус, И сите се чудеа.
21 А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, при Него се собра многу народ. И беше покрај морето.
22 И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови
23 и Го молеше многу, говорејќи: “Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете нас неа, за да оздрави и да биде жива!”
24 И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
25 Една жена, што страдаше од крвотечение дванаесет години,
26 и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила се што имала и никаква полза не видела, а и станало дури уште полошо,
27 штом чу за Исуса, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова;
28 оти си велеше: “Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.”
29 И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.
30 А Исус оддеднаш почуствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот, па рече: “Кој се допре до облеката Моја?”
31 Учениците Негови Му рекоа: “Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: Кој се допре до Мене?”
32 Но Он гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа.
33 Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34 А Он и рече: “Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!”
35 Додека Он уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: “Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот?”
36 Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: “Не бој се, а само верувај!”
37 И никому не му позболи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот на Јакова.
38 Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде смут, плачење и силно врискање.
39 И кога влезе, им рече: “Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие.”
40 А тие Му се потсмеваа, Он, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
41 И, кога ја фати раката на девојчето, рече: “Талита, куми!” - што значи: “Девојко, тебе ти велам, стани!”
42 И девојката оддеднаш стана. и почна да оди, бидејќи имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.
43 А Он остро им заповеда, никој да не разбере за тоа, и рече: “Дајте и да јаде!”

6

1 Па излезе од таму и дојде во Својот крај; а по Него одеа учениците Негови.
2 И кога дојде Саботата, Он почна да поучува, во синагогата, и мнозина што слушаа, се чудеа и говореа: “Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чудеса стануваат преку Неговите раце?
3 Не е ли Он дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јакова, Јосија, Јуда и Симона? И не се ли овие меѓу нас сестрите Негови?” И се соблазнија заради Него.
4 А Исус им рече: “Пророкот нигде не останува без почест, освен во својата земја, меѓу роднините, и во својот дом.”
5 И не можеше таму да изврши ниту едно чудо; само многу малку болни излекува, полагајќи ги рацете врз нив.
6 И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7 И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт анд нечистите духови.
8 Па им заповеда да не земаат нешто за по пат, освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот,
9 но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10 И им рече: “Ако влезете негде во куќа, останете во неа, дури не си отидете оттаму.
11 А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, штом излезете од таму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во судниот ден, отколку на овој град.”
12 Тие појдоа и проповедаа покајание;
13 и прогонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со елеј, и лекуваа.
14 И цар Ирод разбра за Исуса, оти името негово беше прочуено, па рече: “Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чудеса преку Него.”
15 Едни велеа: “Илија е!”, а други: “Пророк е, или како еден од пророците.”
16 А Ирод, штом чу, рече: “Тоа е Јован, на кого му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите.”
17 Зашто сам Ирод прати да го фатат Јована, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, оти се ожени со неа.
18 Бидејќи Јован му велеше на Ирода: “Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат!”
19 А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20 Оти Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи врвеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше.
21 И настана погоден ден, кога Ирод, по повод на својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски;
22 и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите у на Ирода. Тогаш и рече царот на девојката: “Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!”
23 И и се заколна: Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.”
24 А таа излезе и ја праша мајка си: “Што да побарам?” Таа и одговори: “Главата на Јована Крстител.”
25 И оддеднаш, кога влезе при царот со брзина, помоли, говорејќи: “Сакам уште сега да ми ја дадеш на табле главата на Јована Крстител!”
26 Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои неќеше да откаже.
27 И оддеднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28 А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па и ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.
29 Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа.
30 И се собраа апостолите при Исуса, па Го известија за се, и што направиле, и на што поучувале.
31 А Он им рече: “Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.”Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така да немаа кога ни да јадат.
32 И отидоа со кораб сами во осамено место.
33 И го виде народот кога се одеа; и Го познаа мнознина, па пеш од сите градови тргнаа таму; ги испреварија и се собраа при Него.
34 А Исус, кога излезе, виде многу народ е се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу.
35 И бидејќи времето веќе поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: “Овде е пусто место, а и доцна е;
36 распушти ги да отидат по околните села и колиби и да се купат леб, оти нема што да јадат.”
37 Он им одговори и рече: “Дајте им вие да јадат!” А тие му рекоа: “Освен да одиме и да купиме за двесте динарии леб, и да им дадеме да јадат?”
38 Потоа Он ги праша: “Колку леболи имате? Отидете и видете!” И кога видоа, рекоа: “Пет лебови и две риби.”
39 Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева.
40 И поседнаа по редици по сто и по педесет.
41 Он ги зеде петте лебови и двете риби, па, кога погледна кон небото. ги благослови лебовите и ги прекрши, па им ги даде на Учениците Свои, за да ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите.
42 И јадеа сите и се наситија.
43 И кренаа парчиња, од лебот и рибите, полни дванаесет кошеви.
44 А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
45 И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Он не го распушти народот.
46 И кога се оддели од нив, отиде во гората да се помоли.
47 Приквечр коработ беше среде море, а Он сам на суво.
48 И кога виде како се мачат при пловењето, оти ветрот им беше спротивен, а околу четвртата стража ноќта се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине крај нив.
49 А тие, штом го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, па извикаа;
50 оти сите Го видоа и се уплашија. Он веднаш почна да говори со нив и им рече: “Не плашете се! Јас сум, не бојте се!”
51 И влезе при нив во коработ и ветерот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе;
52 зашто не се вразумија со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53 И кога поминаа, дојдоа до земјата Генисаретска и се задржаа таму.
54 А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55 Брзо ја обиколија целат таа околија и почаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека се наоѓа Он.
56 И каде и да влегуваше: во села, во градови или населби - на раскрсниците полагаа болни и Го молеа барем да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите, што се допираа до Него, се спасуваа.

7

1 С собраа при Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.
2 И кога видоа дека некои од неговите ученици јадат леб со нечисти, односно со неизмиени раце, ги укорија.
3 Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;
4 и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, дури не се измијат, и уште многу друго што примиле и го држат: миење чши, чинии, котли и столови.
5 Пота фарисеите и книжниците Го прашаа: “Зошто учениците твои не посатапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?”
6 А Он им одговори и рече: “Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ,Овој народ со уста Ме почитува, а со срцето свое стои далеку од Мене;
7 но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби.’
8 Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.”
9 И им рече: “И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го пазите вашето предание.
10 Оти Мојсеј рече: ‘Почитувај ги татка си и мајка си’, и, Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.’
11 А вие велите: ‘Ако некој каже на татка си или на мајка си: корван, односно, ветено е на Бога она, со кое ти би се ползувал ти од мене.’
12 И на таков не оставате веќе ништо да направи за својот татко или до својата мајка,
13 престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предавале вие; и многу такви слични работи вршите.”
14 И кога го повика сиот народ, им рече: “Слушајте Ме сите и разберете:
15 ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; освен она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16 Ако некој има уши да слуша, нека чуе!”
17 И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.
18 А Он им рече: “Зар сте и вие така неразумни? Не зарбирате ли дека ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?
19 Оти не во срцето му влегува тоа, а во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сете храна.”
20 И уште им рече: “Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21 Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22 кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
23 Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.”
24 И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го узнае. Но не можеше да се сокрие.
25 Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па, како дојде, падна пред нозете Негови.
26 А таа жена беше друговерка, по потекло Сирифеничанка; и Го молеше да и го истера бесот од ќерка и.
27 Но Исус и рече: “Остави најнапред да се насити чладта; зашто не е добро да се земе лебот и да им се фрли на кучињата.”
28 А таа одговори и Му рече: “Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на чладта.”
29 И и рече: “За тој збор оди си! Бесот излезе од ќерка ти.”
30 И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а бесот беше излегол.
31 И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десетоградието.
32 И доведоа при Него еден глув и тепкав, и Го молеа да положи над него рака.
33 Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;
34 па, штом погледна на небото, воздивна и Му рече: “Ефата!” - што значи: “Отвори се!”
35 И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36 И им заповеда никому да не кажуваат, Но, во колку им забрануваше, во толку повеќе тие разгласуваа.
37 И прекумерно се чудеа и велеа: “Се добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат.”

8

1 Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече:
2 “Ми е жал за народот, оти три дена веќе стојат при Мене и нема што да јадат.
3 Ако ги распуштам гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои дошле оддалеку.”
4 Учениците Му одговорија: “Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустињава?”
5 И ги праша: “Колку лебови имате?” А тие одговорија: “Седум.”
6 Тогаш Му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги ставија пред народот.
7 Имаа и малку риби; како ги благослови, заповеда да ги раздадат и нив.
8 И јадеа, и се наситија; и кренаа седум кошници останати парчиња.
9 А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти.
10 И веднаш влезе во кораб со учениците свои и дојде во пределите Далманутски.
11 И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, Му бараа чудо од небото.
12 А Он возидвна длабоко и рече: “Зошто овој род бара чудо? Вистина ви велам: нема да се даде чудо на овој род.”
13 И кога ги остави, пак влезе во коработ и премина на другата страна.
14 А тие, пак, беа заборавиле да земат леб и во коработ немаа со себе повеќе, освен еден леб.
15 А Он им заповеда и рече: “Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!”
16 И си размислуваа помеѓу себе, велејќи: “Тоа е што немаме леб.”
17 А Исус, кога ги разбра, им рече: “Што мислите дека немате леб? Зар Уште не знаете и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?
18 Очи имате, не гледате ли? И не помните ли?
19 Кога ги раскршив петте лебови, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња кренавте?” Му рекоа: “Дванаесет.”
20 “А седумте - за четири илјади, колку кошници со останати парчиња собравте?” Тие одговорија: “Седум.”
21 И им рече: “Па како тогаш не разбирате?”
22 Потоа дојде во Витсаида; и доведоа при Него слеп и Го молеа да се допре до Него.
23 И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дало гледа нешто.
24 Тој, кога погледна, рече: “Ги гледам луѓето да врват како дрвја.”
25 Потоа пак ги положи рацете над очите негови и му рече да погледа. И му се врати видот и го гледаше сите јасно.
26 И го испрати во домот негов и му рече: “Не се одбивај в село, ниту раскажувај некому!”
27 И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша учениците Свои и им рече: “За кого ме мислат луѓето?”
28 Тие одговорија: “За Јована Крстител, некои за Илија, а други, пак, за еден од пророцоте.”
29 Он, пак, им рече: “А вие, за кого Ме мислите?” Петар Му одговори и рече: “Ти си Христос!”
30 И им забрани да говорат за Него кому и да било.
31 Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.
32 И говореше за тоа откриено. Но Петар, кога го повлече настрана, почна да Го одвраќа.
33 А Он, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петра да говори и рече: “Бегај од Мене, сатано! Оти не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко.”
34 И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: “Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.
35 Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја исгуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.
36 Оти каква полза е за човека, ако го придобие велиот свет, а на душата својат и напакости?
37 Или каков откуп ќе даде човекот за својата душа?
38 Зашто, кој се срами од Мене и од зборовитер Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.”

9

1 И им рече: “Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нама да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено со сила.”
2 А по шест дни, Исус го зеде со Себе Петра, Јакова и Јована и ги осведе сами во висока гора, насамо, и се преобрази пред нив.
3 Алиштата Му стааа светли, многу бели, како снег, какви што белилка на земјата не може да ги избели.
4 И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса.
5 Тогаш проговори Петаа и Му рече на Исуса: “Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три сеници: една за Тебе, една за Мојаеја и една за Илија.”
6 Зашто не знаеше што да каже, оти беа уплажени.
7 И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: “Овој е Мојот возљубен Син. Него послушајте Го!”
8 И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен само Исуса.
9 А кога излегуваа од гората, им заповеда Он - никому да не кажуваат што виделе, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.
10 И го задржаа тој збор во себе, прашувајќи се еден со друг што значи тоа: “ да воскресне од мртвите?”
11 И Го прашаа, велејќи: “А зошто книжевниците велат - дека најнапред треба да дојде Илија?”
12 А Он, пак, одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе уреди се; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен?
13 Но ви велам: дека и Илија дојде, како што е напишано за Него, и му направија што сакаа.”
14 И кога дојде при учениците Свои, виде многу народ околу нив и книжници, кои се препираа со нив.
15 И штом Ги виде, сиот народ се исплаши; а кога се приближија, Го поздравуаа.
16 Ги праша книжниците: “Зошто се препирате со нив?”
17 Тогаш еден од народот одговори и рече: “Учителе, го доведов при Тебе, син ми, во кого има нем дух;
18 и сњкогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на учениците Твои да го изгонат, но тие не можеа.”
19 А Исус одговори и рече: “О, роде неверен, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!”
20 И кога го доведоа кај Него - штом го виде, веднаш духот го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.
21 И го праша Исус татка Му: “Колку време има откако станува тоа со него?” Тој одговори: “Од детинство;
22 и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смили се над нас и помогни ни!
23 А Исус му рече: “Ако можеш да поверуваш? Се е можно за оној што верува!”
24 И оддеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: “Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”
25 А Исус, штом виде дека се собра народ, му забрани на нечистиот дух и му рече: “Ду нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!”
26 И кога извика, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво - така што мнозина велеа дека умрело.
27 Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи. и тој стана.
28 И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: “Зошто ние не можевме да го истераме?”
29 Им одговори: “Тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
30 И кога излегоа оттаму, минеа преку Галилеја; и Он не сакаше никој да го разбере.
31 Оти ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убијањето ќе воскресне.
32 Но тие не ги разбираа овие зборови и се плашеа да Го прашаат.
33 И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: “Што размислувавте меѓу себе патем?”
34 Тие молчеа, зашто патем се препираа помеѓу себе, кој е поголем.
35 Па, како седна, ги повика дванаесетте и им рече: “Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите - слуга!”
36 И кога зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:
37 “Кој прими едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној, Кој Ме пратил.”
38 Тогаш Јован Му одговори и рече: “Учителе, видовме еден, кој во твое име изгонува бесови, а не врви со нас; и му забранивме, оти не оди по нас.”
39 А Исус рече: “Не бранете му, зашто никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.
40 Зашто, кое не е против вас, тој е со вас.
41 И кој ве напои со чаша вода во Мое име, дека сте Христови, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.
42 А кој соблазни едно од овие мали, што веруваат во Мене, за него е подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море.
43 И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгаслив оган,
44 каде што нивниот црв не гине, и огнот не изгасува.
45 И, ако те соблазнува ногата, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во геената, во неизгасливиот оган,
46 каде што нивиот црв не гине ни огнот не изгасува.
47 И, ако окото твое те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во геената огнена,
48 каде што нивниот црв не гине, и огнот не изгаснува.
49 Зашто секој со огаш ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли.
50 Солта е добра; но, ако солта биде несолена, со што ќе се осоли? Затоа имајте сол во себе, и мир имајте помеѓу себе!”

10

1 И кога стана Исус оттаму, премина во пределите Јудејски, преку страната што е отаде Јордан. И пак приоѓаше народ кон Него; а Он, по Својот обичај, ги поучуваше.
2 И пристапија фарисеите и Го прашаа, искушувајќи Го: “Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?”
3 А Он одговори и рече: “Како ви заповеда Мојсеј?”
4 Тие рекоа: “Мојсеј позволи да се напише разводно писмо и да се отпушти.”
5 Одговори Исус и рече: “Заради вашето жестоко срце ви ја напишал оваа заповед.
6 Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена.
7 Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си,
8 и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, тие не се двајца, а едно тело.
9 А Бог што составил, човек да не разделува.”
10 И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.
11 И им рече: “Кој ќе ја напушти својата жена и се жени со друга, тој прељудодејствува спрема неа;
12 а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи со друг, прељубодејствува.”
13 И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа.
14 Кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: “Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо.
15 Вистина ви велам: кој не го прима царството Божјо како дете, тој нама да влезе во него.”
16 И кога ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
17 А кога излегуваше на пат, притрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: “Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?”
18 Исус му рече: “Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен едниот Бог!
19 Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не кради; не сведочи лажно не навредувај; почитувај ги татка си и мајка си.”
20 А тој Му одговори и рече: “Учителе, сето тоа сум го запазил од младини.”
21 Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: “Едно не ти достига: оди продај се што имаШ, и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.”
22 Тој, пак, кога се смути од тие зборови, си отиде нажален, зашто имаше големо богатство.
23 И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: “Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!”
24 А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: “Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатство, да влезат во царството Божјо?”
25 Полесно и е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во царството Божјо.”
26 А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: “Тогаш кој може да се спаси?”
27 Кога ги погледна Исус, им рече: “За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога се е можно!”
28 И Петар почна да Му говори: “Ете, ние оставивме се и по Тебе одиме.”
29 А Исус одговори и рече: “Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мне и Евангелието,
30 а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татако, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век - и живот вечен.
31 И мнозина први ќе бидат последни, а последните - први.”
32 Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашеним, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.
33 Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците.
34 И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го пликаат, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресен.”
35 Тогаш пристапија кон Него Зеведеевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: “Учителе, сакаме да не направиш она, што ќе побараме.”
36 Он ги праша: “Што сакате да направам?”
37 А тие одговорија: “Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.”
38 Но Он им рече: “Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со кршавањето, со кое се кршевам Јас?”
39 Тие одговорија: “Можеме.”А Исус им рече: “Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја писте и вие, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите;
40 но, да позволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тој е за оние, за кои е приготвено.”
41 Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јакова и Јована.
42 А Исус, кога ги повика, им рече: “Знаете дека оние, што се сметаат кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив.
43 Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
44 и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите.
45 Зашто и Синот Човечки не дојде да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.”
46 Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.
47 Па, кога чу оти е тоа Исус Назареецот, почна да вика и да вели: “Исусе, сине Давидов, помилуј ме!”
48 И мнозина му влеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: “Сине Давидов, помилуј не!”
49 Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: “Не бој се, стани, те вика!”
50 Тој, кога ја фрли горната облека, стана и дојде при Исуса.
51 А Исус, одговарајќи му, го запраша: “Што сакаш да ти направам?” Слепиот Му рече: “Да прогледам, Учителе!”
52 Исус му рече: “Оди си, верата твоја те спаси!” И тој веднаШ прогледа, па тргна патем по Исуса.

11

1 И кога се приближи во Ерусалим, во Вотфагија и Витанија, при Елеонската Гора, иапорати Исус двајца од учениците,
2 и им рече: “Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом влезете во него, ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3 И, ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.”
4 Тие отидоа и го најдоа ослето, врзано за портата однадвор, на раскрсницата, и го осврзаа.
5 А некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: “Што правите? Зошто го одврзувате?”
6 А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија.
7 И до доведоа ослето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него.
8 И мнозина ги послаа своите облеки по патот.
9 А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: “Осана! Благословен е, Кој иде во името на Господово!
10 Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово! Осана на висините!”
11 И влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа се; па, како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
12 А утредента, кога излегоа ос Витанија, Он огладне;
13 и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се приближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви.
14 И кога одговори Исус, и рече: “Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!” И го чуја тоа учениците Негови.
15 И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби;
16 и не позволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17 И ги поучуваше, велијќи: “Не е ли напишано: ‘Домот Мој, дом на молитва на сите народи ќе се нарече’, а вие го направивте како разбојничко гнездо.”
18 И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, зашто се воеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19 А кога се стемни, Он влезе надвор од градот.
20 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена одкорен.
21 И кога се сети, Петар Му рече: “Рави, погледај! Смоквата, што ја проклна, се исушила.”
22 А Исус одговори и рече:
23 “Имајте вера во Бога, Оти, вистина, ви велам, ако некој и рече на оваа планина: ‘Дигни се и фрли се в море!’ и не се посемнева во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24 Затоа ви велам, се што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде.
25 И кога стоите на молитва, проштевајтте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26 Ако ли, пак, вие не проштевате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.”
27 И пак дојдоа во Ерусалим, а кога одеа во хранот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините,
28 па Му рекоа: “Со каква власт го правиш тоа, и кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?”
29 Исус им одговори и рече: “Ќе ве прашам и јас за нешто и одговорете Ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква владт го вршам тоа.
30 Кршевањето Јованово од вебото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!”
31 А тие си мислеа во себе и велеа; “Ако кажеме ‘Од небото’ ќе рече: ‘Па зошто не му поверувавте?’
32 Но, ако кажеме, ‘Од луѓето,” - се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк.
33 И кога Му одговорија на Иуса, “Не знаеме.” А Исус им одговори и рече: “Ни јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.”

12

1 И почна да им говори во параболи: “Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ислопа бунар и соѕида кула; и, оркако им го предаде на лозарите, си отиде.
2 А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да прибере од нив плодот на лозјето.
3 Но тие го фатија слугата, го натепаа и го пратија празен.
4 И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења, му ја разцепија главата, па го отпуштија посремен.
5 Испрати и друф; него, пак го убија; и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.
6 Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: ‘Ќе се засрамат од сина ми.’
7 Но лозарите си рекоа помеѓу себе: ‘Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’
8 И кога го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9 Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10 Зар не сте читале од Писмото: ‘Каменот, што го отфрлија ѕицарите, стана глава од аголот:
11 од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!”
12 И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.
13 А пратија кај Него од фарисеите и од Иродовците, за да го фатат на сбор.
14 Тие дојдоа и Му рекоа: “Учителе, знаеме дека си правичен и дека не се боиш од никого, оти не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?”
15 А Он, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: “Зошто ме искушувате. Донесете Ми еден динариј да го видам!”
16 И тие донесоа. Па рече: “Чиј е овој лик и натпис?” Му рекоа: “На царот.”
17 Тогаш Исус им одговори и рече: “Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!” И тие Му се чудеа.
18 Дојдоа при Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи:
19 “Учителе, Мојсеј ни напиша: “Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си.’
20 Беа седуммина браќа; првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.
21 Неа ја зеде вториот брат, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот.
22 Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената.
23 При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе биде жена? Оти семуммина ја имаа како жена? Оти седуммина ја маа како жена.”
24 А Исус им одговори и рече: “Зар се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ниту силата Божја?
25 Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите нема да се женат, ниту ќе се мажат, а се како ангели на небесата.
26 А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгата на Мојсеја, како му рече Бог при капината: ‘Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Јаковов’?
27 Но Он не е Бог на мртвите, а Бог на живите. Вие, пак, многу се лажете.”
28 Тогаш пристапи еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: “Која е прва од сите заповеди?”
29 А Исус одговори: “Прва од сите заповеди е: ‘Чуј Израеле! Господ, Бог наш, е еден Господ.
30 Затоа возљуби Го Господа со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е прба заповед.
31 А втората е случна на неа: ‘Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема.
32 Книжникот Му рече: “Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него;
33 и дека, да Го бозљубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја суша, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како самиот себеси е повеќе од сите прилози и жртви.”
34 Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: “Не си далеку од царството Божјо.” Потоа никој веќе не смееше да Го праша.
35 И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: “Како зборуваат книжниците дека Христос е син Давидов?
36 Сам, пак, Давид кажа преку Светиот Дух: ‘Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, дури не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои!’
37 И така, сам Давид Го нарече Господ: од каде тогаш да Му е Он син?” И многу народ Го слушаше со сладост.
38 И им рече потоа во Својата поука: “Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улоците,
39 и предни седишта во синагогите, и први места на гозбите.
40 Тие, што ги подјадуваат домовите на двовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.”
41 Па седна Исус спроти ковчежето, и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу.
42 И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепри, што правеа еден кондрант.
43 А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: “Вистина, ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ковчежето;
44 затоа сите пошија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде се што имаше, целата своја прехрана.”

13

1 А кога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: “Учителе, гледај какви камење и какви згради!”
2 Исис, пак, му одговори и рече: “Ги гледаш ли овое гелеми згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат.”
3 А кога седеше на Елеонската гора, спроти храмот. Го прашаа насамо Петар, Јаков и Андреја:
4 “Кажи ним кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се изврши сето тоа?”
5 Исус, одговорајќи им, почна да зборува: “Чувајте се да не ве прелаже некој.
6 Оти мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас, и ќе прелажат мнозина.
7 А кога ќе чуете за боеви и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да стане, но тоа уште не е крајот.
8 Ќе се догне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има потреси, и глад, и маки. Тоа е почеток на болките.
9 Но вие чувајте се сами, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагоги ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени заради Мене, за сведоштво пред нив.
10 И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.
11 Кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
12 И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе се догнат децата против родителите, и ќе ги убијат.
13 Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
14 А кога ќе видите, .мерзоста на запустението’, како што рекол пророкот Даниил, да стои каде што не треба - кој чита, нека разбере - тогаШ, оние што се во Јудеја, нека бегаат попланините;
15 и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16 и кој е на нива, да не се враќа за да го земе облеклото свое!
17 Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18 Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19 Зашто во тие дни ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нам да биде.
20 И ако не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Он, ќе ги скрати дните.
21 Тогаш, ако ви каже некој: ‘Еве, овде е Христос’, или, Ене, таму е’, не верувајте!
22 Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе се покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23 Но вие - чувајте се: ете, се однапред ви кажав!
24 Во тие дни, по жалоста, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,
25 и ѕвездите небедки ќе попаѓаат, и силите, што се на небото, ќе попуштат.
26 И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема слава и сила.
27 И Он тогаш ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28 Ао смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се помлади и пуштат лисја, знајте дека е близу летото.
29 Па така и вие, кога ќе го видите сето тоа да станува, знајте дека е близу, пред врата!
30 Вистина ви велам: нема да помине овој род, дури не се збидне.
31 Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
32 А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесним ниту Синот, а само Отецот.
33 Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.
34 Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому својата работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
35 Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро;
36 па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете.
37 А што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: ‘Бидете будни!”

14

1 По два дни беше празникот Пасха и празникот Бесквасници; а првосвештениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат;
2 но велеа: “На празникот не, за да не стане бунт, меѓу луѓето.”
3 А кога беше Он во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со шишенце скапоцено и чисто нардово миро и, кога го скрши шишенцето, го изли врз главата Негова.
4 А некои негодуваа во себе и говореа: “Зошто мирото да се растура така?
5 Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста динарии, и да се раздадат на сиримасите.” И негодуваа против неа.
6 Но Исус рече: “Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело за Мене.
7 Сиромасите секогаш ги имате со вас, и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.
8 Тоа што можеше таа го направи: испревари да го помаже телото Мое за погребение.
9 Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по велиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.”
10 Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетте, отиде кај првосвештеникот, за да им Го предаде.
11 А тие, штом чуја, се зарадуваа и ветија дека ќе му дадат сребреници. И бараше погодно време, за да Го предаде.
12 Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: “Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш пасхата?”
13 И прати двајца од учениците Свои, па им рече: “Одете в град; и ќе ве сретне еден човек, што ќе носи вода со стомна; одете по него.
14 И каде ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: “Учителот вели: каде е собата, во која ќе јадам пасха со учениците Свии?’
15 И тој ќе ви покаже голема соба, послана, рпиготвена; таму згответе ни.”
16 И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им беше рекол, па ја приготвија пасхата.
17 А кога се стемни, Он дојде со дванаестте.
18 И кога седеа и јадеа, Исус им рече: “Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.”
19 Тие се ражалостија и почнаа еден по друг да велат: “Да не сум јас?”
20 А Он им одговори и рече: “Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чинијата.
21 Но Синот Човечки иде, како што е напишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не беше се родил!”
22 И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: “Примете, јадете; тоа е Моето тело.”
23 Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа мнозина.
24 И им рече: “Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина.
25 Вистина ви велам: Јас нема да пијам веќе од лозовиот плод се до оној ден, кога ќе се напијам во царството Божјо.”
26 Па, откако испејаа благодарна песна, отидоа во Елеонската Гора.
27 И им рече Исус: “Сите ќе се соблазните заради Мене во оваа ноќ; зашто е напишано: ‘Ќе го поразам пастирот и ќе се разбегаат овците’.
28 Но после, кога ќе воскреснам, ќе отидам во ГАлилеја пред вас.”
29 А Петар Му рече: “Дури и сите да се соблазнат, јас не!”
30 Му рече Исус: “Вистина ти велам: дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти три - пати ќе се откажеш од Мене.”
31 Но тој уште повеќе тврдеше: “Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.” И сите така рекоа.
32 Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: “Седете овде, додека отидам да се молам!”
33 И ги зеде со Себе Петра, Јакова и Јована; се замисли и почна да тагува,
34 па им рече: “Душата Ми е стртно нажалена; останете тука и бидете будни!”
35 И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине оној час, ако е можно;
36 и велеше: “Ава, Оче! Се е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како - Ти.”
37 Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петра: “Симоне, спиеш ли? Не можеш ли еден час да бидеш буден?
38 Бидете будни и молете се за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.”
39 И пак отиде и се помоли, изговарајќи ги истите зборови.
40 А кога се врати, ги најде пак како спијат, оти очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41 И по трет пат дојде и им рече: “Спиете само и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
42 Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.”
43 И веднаш, дури Он говореше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратен од првосвештениците, книжниците и старешините.
44 А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: “Кого ќе Го целивам, Он е: фатете Го и водете Го предпазливо!”
45 Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: “РАдувај се, Рави!” И го целива.
46 А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.
47 Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48 Исус им одговори и рече: “Како на разбојник сте излегле со ножеви и со колови, за да Ме фатите?
49 Секој ден бев со вас во храмот и поучував, и не Ме фативте. Но нека се исполнат Писмата.”
50 И тогаш, кога Го оставија, сите се разбегаа.
51 А по Него врвеше еден млад човек, наметнат со платниште на голото тело; и војниците го фатија.
52 Но тој, кога го остави платништето побегна необлечен.
53 И Го одведоа при првосвештеникот, и се собаа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.
54 А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55 Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведошта против Исус, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56 Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, и тие сведоштва не беа еднакви.
57 И стаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58 “Чувме дека Он говореше: ‘Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен’.
59 Но ни тоа нивно лажно сведочење не беше еднакво.
60 И првосветеникот, откако застана на средина, Го праша Исус говорејќи: “Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”
61 Но Он молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: “Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?”
62 Исус рече: “Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на силата и како иде на облаците небески.”
63 А првосвештеникот, пак, штом ја раскина облеката своја, рече: “Зошто ни се повеќе сведоци?
64 Чувте како хули на Бога; како ви се чини?” И сите се согласија дека заслужува смрт.
65 А никои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го бијат и да Му велат: “Проречи!” И слугите Го удираа п образите.
66 Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67 па, штом го виде Петра како се грее, погледна во него и рече: “И ти беше со Исуса Назареецот.”
68 Но тој одрече, велејќи: “Не знам, ниту разбирам што говориш.” И излезе надвор пред дворот; и запеа петел.
69 Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: “И овој е од нив.”
70 Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петра: “навистина, и ти си од нив; и бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков.”
71 А тој почна да се колне и се заколна: “Но Го познавам Оној Човек, за Кого говорите.”
72 И по втор пат петел запеа. Петар се сети на сборовите, што му ги кажа Исус: “Уште два пари петал да запее, три пати ќе се одречеш од Мене.” И почна да плаче.

15

1 И веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.
2 А Пилат Го праша: “Ти ли си Царот Јудејски?” Но Он не одговори ништо.
3 И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Он не одговори ништо.
4 А Пилат пак Го праша и рече: “Ништо ли не одговараш? Гледаш колку многу сведочат против Тебе!”
5 Но Исус ништо веќе не одговори, така ќто Пилат се чудеше.
6 А на секој празник им одпушташе по еден осуденик, како што ќе побараа.
7 И беше еден осуден, по име Варава, заедно со придружниците, што во една буна извршиле убиство.
8 И кога извика народот, почна да го моли Пилата да им го направи она, што го прави секогаш.
9 А тој им одговори и рече: “Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”
10 Оти знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист.
11 Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Варава.
12 Пилат, пак, им одговори и рече: “Што сакате да направам со Оној, што Го именувавте Цар Јудејски?”
13 Тие одново извикаа, велејќи: “Распни Го!”
14 Пилат им рече: “Што зло направил?” Но тие уште посилно извикаа: “Распни Го!”
15 Тогаш Пилат, сакаше да му угоди на народот, им го пушти Варава; а Исус Го бичува и Го предаде да Го распнат.
16 Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во просторијата, и повикаа цела чета,
17 па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата;
18 и почнаа да Го поздравуваат: “Радуј се, Царе Јудејски!”
19 И Го биеја по главата со трска и плукаа по Него; паѓајќи на колена, Му се клањаа.
20 А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му го облекоа Неговото облекло и Го поведоа да Го распнат.
21 И го натераа некои си Симон Киринеец, таткото на Александар и Руф, кој се враќаше од поле, да Му го носи крстот.
22 Па Го одведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи.
23 И Му дадоа да пие вино и смирна, но Он не зеде.
24 Тие што Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждреб, кој што да земе.
25 Беше третиот час, и Го распнаа.
26 И имаше натпис за вината Негова: “Цар Јудејски.”
27 А со Него и два разбојника, едниот од десната Негова страна, а другиот од левата.
28 И се исполни Писмото, кое вели: “И меѓу грешници Го ставија.”
29 А минувачите, вртејќи глава, Го хулеа и велеа: “Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш,
30 спаси Себеси и слези од крстот!”
31 Исто тка и првосвештениците заедно со книжниците Му се смееја и велеа: “Другите ги спасуваше, а Себеси не може да се спаси.
32 Христос, Царот Израелев, нека слегне од крстот, па да видиме и да поверуваме!” Го хулеа и распнатите со Него.
33 А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветиот час.
34 И во деветиот час Исус извика гласно, велејќи: “Елои, Елои, Лама савахтани?” А тоа значи: “Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?”
35 Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: “Ете, го вика Илија.”
36 А еден отрча, натопи сунгер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: “Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне?”
37 Исис, пак, кога испушти висок глас, издивна.
38 И црковната завеса се расцепи на две, одозгола додолу.
39 А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Он, откако извика така и издивна, рече: “Навистина Овој Човек бил Син Божји!”
40 Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и Јосија, и Саломија,
41 кои и тогаш, кога Он беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
42 А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно спроти сабота,
43 дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, лпј и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово.
44 Пилат се зачуди дека Он веќе умрел: и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45 Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа.
46 А Јовиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата.
47 А Марија Магдалена и Марија Јоиева гледаа, каде Го полагаат.

16

1 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
2 И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето,
3 па си зборуваа меѓу себе: “Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?”
4 И кога погледаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5 Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6 А тој им рече: “Не бојте се! Вие го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7 Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”
8 Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.
9 А исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, и се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони.
10 Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11 но тие, кога чуја дека е Он жив, и дека таа Го видела, не веруваа.
12 Потоа се јави во друг вид на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13 И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14 Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им веруваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15 Па им рече: “Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16 Кој ќе повеерува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
19 А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.
20 Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!