Свето Евангелие според Матеја
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 281
1 Книга на родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов.
2 Авраам го роди Исака, Исак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќата негови;
3 Јуда го роди Фареса и Зара од Тамар; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама;
4 Арам го роди Аминадава; Аминадав го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона;
5 Салмон го роди Вооза со Раав; а Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја;
6 Јесеј го роди Давида, а цар Давид со поранешната Уриева жена го роди Соломона;
7 Соломон го роди Ровоама: Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;
8 Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, Јорам го роди Озија;
9 Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, Аахаз го роди Езекија;
10 Езекија го роди Манасија: Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија;
11 Јосија го роди Јоакима, Јоаким го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето на Вавилон.
12 А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела;
13 Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елијакима, а Елијаким го роди Азора;
14 Азор го роди Садока; а Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда;
15 Елиуд го роди Елеазара; Елеазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова;
16 Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.
17 И така, сите родови од Аврама до Давида се четиринаесет; и од Давида до Вавилонското преселување се четиринаесет родови; а и од преселувањето Вавилонско до Христа - родови четиринаесет.
18 А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух.
19 А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрамоти и намисли тајно да ја отпушти.
20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: “Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;
21 таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.”
22 А сети тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:
23 “И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!”
24 Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја.
25 И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.
2
1 А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирода, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа:
2 “Каде е новородениот Цар Јудејски? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.”
3 Штом го чу тоа, цар Ирод се уплаши и целиот Ерусалим со него.
4 И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: “Каде треба да се роди Христос?”
5 А тие Му одговорија: “Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
6 “И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; оти од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ - Израилот.”
7 Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и дозна од нив точно за времето, кога се појавила ѕвездата,
8 па, испраќајќи ги во Витлеем, рече: “Отидете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да отидам и јас да Му се поклонам.”
9 Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото, каде што беше Младенецот.
10 А кога ја видоа ѕвездата, тие се израдуваа со многу голема радост.
11 И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со Мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна.
12 И кога примија во сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.
13 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: “Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египед и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.”
14 И тој стана, Го зеде младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
15 И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: “Од Египед Го повикав Синот Свој.”
16 Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.
17 Тогаш се исполни кажаното преку Пророкот Јеремија, кој говори:
18 “Глас се слуша во Рама, плач е ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема”.
19 А по смртта Иродова му се јави на Јосифа насон во Египед ангел Господов
20 и му рече: “Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.”
21 Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата Израилева.
22 Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; и, откако доби вест в сон, тој замина во пределите Галилејски.
23 А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека Он ќе се нарече Назареец.
3
1 Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустињата Јудејска,
2 и говореше: “Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”
3 Оти овој е, навистина, оној за кого рекол пророкот Исаија: “Гласот на оној, што вика во пустињата, вели: ‘Пригответе го патот на Господа и исправете ги патеките Негови!’”
4 А сам Јован имаше облека од камилски влакна и појас од кожа околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.
5 Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот крај Јордански доаѓаа при него
6 и се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
7 А штом виде Јован дека при него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: “Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде?
8 Направете плод достоен за каење
9 и немојте да говорите во себе: ‘Наш татко е Аврам’, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му издигне чеда на Авраама.
10 Секирата веќе лежи при коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.
11 Јас ве крштавам за покајание со вода, но Оној што иде е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
12 Лопатата е во рацете Негови и Он ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.”
13 Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него.
14 А Јован Го одвраќаше, велејќи: “Јас треба од Мене да бидам крстен, а Ти при мене ли - доаѓаш?”
15 Но Исус му одговори и рече: “Остави го сега тоа, зашто нам ни престои да ја исполниме секоја правда.” Тогаш Јован Го остави.
16 И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17 И ете, глас од небесата говореше: “Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”
4
1 Тогаш Духот Го однесе во пустиња за да биде искушуван од ѓаволот.
2 И кога постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
3 А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: “Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.”
4 А Он му одговори и рече: “Напишано е - ‘Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога.’”
5 Тогаш ѓаволот го осведе во Светиот град и Го постави на храмовата стреа,
6 И Му рече: “Ако си син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: ‘На ангелите Свои ќе заповеда за Тебе да Те пазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопреш некако ногата од камен.’”
7 А Исус му рече: “Напишано е исто така - ‘Не искушувај Го Господа, Твојот Бог’.”
8 Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина, и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава,
9 и Му рече: “Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.”
10 Но Исус му рече: “Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‘На Господа, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!’”
11 Тогаш ѓаволот Го остави и ете дојдоа ангели и Му служеа.
12 А кога чу дека Јован е предаден, отиде во Галилеја;
13 и кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,
14 за да се исполни реченото преку прорикот Исаија, кој вели:
15 “Земјата Завулонова и замјата Нафталимова, по пат кон морето, отаде Јордан, е назнабожечка Галилеја.
16 “Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и она оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина.”
17 Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: “Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”
18 И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата Му Андреј, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари,
19 и им рече: “Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.”
20 И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
21 Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика.
22 И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
23 И одеше Исус по цела Галилеја им кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот.
24 Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа при Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, и бесни, и месечари, и фатени - а Он ги лекуваше.
25 И о Него одеше многу народ од Галилеја и од Десетоградието, од Ерусалим и од Јудеја, отаде Јордан.
5
1 Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, Учениците Негови се приближија до Него.
2 И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:
3 “Блажени се бедните по дух, зашто е нивно царството небесно!
4 Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат!
5 Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
6 Блажени се гладните и жедните за правда, оти ќе се наситат!
7 Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
8 Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
9 Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
10 Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!
11 Блажени се оние, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови зажно - заради Мене!
12 Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.
13 Вие сте солта на земјата. Но, ако солта ја изгуби силата, со што ќе се осоли? Таа веќе за ништо не е, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето.
14 Вие сте светлина на светот. Не може да се скрие град, што се наоѓа на врв планина.
15 Ниту, пак, светлило се пали и клава под оклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.
16 Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец небесни.
17 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
18 Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата нема да се измени, додека не се исполни се.
19 И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.
20 Затоа ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно.
21 Ате слушале дека им било речено на старите: ‘Не убивај! А кој убие, виновен е пред судот’.
22 Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си ,празноглав’, ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече ‘будала’, ќе биде виновен за во пеколот.
23 И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе,
24 тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принесе го дарот.
25 Измери се со противникот твој на време, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата - на слугата и да бидеш затворен;
26 вистина, ти велам: нема да излезеш од таму, се додека не го дадеш и оследниот кондрант.
27 Сте слушале дека на старите им било речено: ‘Не прељубодејствувај!’
28 Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.
29 Ако те соблазнува десното око, извади го од себе; зашто подобро е да погине еден дел од твоете тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.
30 И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; оти подобро е да погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
31 Речено било исто така: ‘Ако некој ја остави својата жена, нека и даде развод’.
32 А Јас пак ви велам, секој што ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.
33 Сте го слушалњ уште и тоа дека им било речено на старите - ‘Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги’.
34 Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто - ниту во небото, оти е престол Божји;
35 ниту во земјата, зашто е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар.
36 Не се колни ни во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно од косата своја да го направиш бело или црно.
37 Но зборот ваш да биде: да, да, - не, не, а се што е повеќе од лукавиот е.
38 Сте слушале дека е речено: ‘Око за око, заб за заб’.
39 Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.
40 А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и горната облека.
41 А ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две.
42 На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем.
43 Сте слушале дека е кажано - ‘Љуби го својот ближен и мрази на непријателот’.
44 А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45 за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните.
46 Оти, ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците?
47 И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и назнабожците?
48 Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.”
6
1 “Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец небесен.
2 И така, кога даваш милостиња, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие ја добиле својата награда.
3 А ти, кога даваш милостиња, да не знае твојата лева рака што прави десната,
4 за да биде милостињата тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
5 И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда.
6 Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он Кој гледа рајно, ќе те награди јавно.
7 Кога се ломите, не говорете многу како незнабожците, зашто тие мислат за своите многу зборови ќе бидат услишени;
8 вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле.
9 Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
10 да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
11 лебот наШ насушен дај ни го денес;
12 и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници;
13 и не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!
14 Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен;
15 ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.
16 Кога постите, не бидете како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти ја добиле веќе својата награда.
17 А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,
18 па да покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
19 Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ’рѓата, и каде што крадците ги одкопуваат и крадат;
20 но собирајте си богатства на небото, каде што молец, ниту ’рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат;
21 зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
22 Светлило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло;
23 ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ше е темнината?
24 Никој не може да им слугува на двајца господари, оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниотќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона.
25 Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата - што ќе јадете или ќто ше пиете: ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото?
26 Погледајте ги птиците небески; тие не сеат, ниту пак жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте поскапи од нив?
27 А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?
28 Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат;
29 но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив;
30 па, ако полската трева, што денеска псотои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!?
31 Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или вп што да се облечеме?
32 Зашто сето тоа го бараат незнабожците, а вашито Отец небесен знае дека за сето тоа имате потреба.
33 Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде.
34 И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло.”
7
1 “Не судете, за да не бидете судени;
2 оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.
3 Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чуствуваш?
4 Или, како ќе кажеш на брата си - чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда?
5 Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си.
6 Светињара не ја давајте за кучуња, и не го фрлајте бисерот пред свињите, за не го изгазат со своите нозе, и, откако ќе се повратат, да не ве раскинат.
7 Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори;
8 зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и оној што чука, ќе ми се отвори.
9 Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен?
10 и кога посака риба, да му се даде змија?
11 И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние шео мУ барааат?
12 Се она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти тоа се Законот и Пророците.
13 Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и тесен е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив;
14 а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат.
15 Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, и однатре се волци грабливи.
16 По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смоква од чичка?
17 Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови;
18 не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.
19 Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган.
20 И така, по нивните родови ќе ги познаете.
21 Не секој што Ми вели: ‘Господи, Господи’, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен.
22 Мнозина ќе ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое име многу чуда правевме?’
23 И тогаш Јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мне вие што правите незаконски дела!.’
24 И така, секој, што ги слуша и ги исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен.
25 И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа дождоци, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен.
26 А секој, што ги слуша овие Мои сборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок.
27 И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето и беше страшно.”
28 И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше да Неговото учење,
29 зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.
8
1 А кога слегна од планината, по Него врвеше многу народ.
2 И ете, се приближи еден лепрозен. Му се клањаше и говореше: “Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.”
3 А Исус, кога ја пружи раката, се допре до него и рече: “Сакам, очисти се!” И тој веднаШ се очисти од лепрата.
4 И му рече Исус: “Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал и Мојсеј, ним за сведоштво.”
5 А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него, еден стотник и Го молеше говорејќи:
6 “Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.”
7 Исус му рече: “Ќе дојдам и ќе го излекувам.”
8 А стотникот одговори и рече: “Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи збор и слугата мој ќе оздрави;
9 зашто и јас сум човек подвластен, а имам и подчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‘Оди;’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ и тој доаѓа; и на слугата: ‘Направи тоа!’ и тој прави.”
10 Кога го чу тоа, Исус се зачуди и им рече на оние што врвеа по Него: “Вистина ви велам: ни во Израилот не најдов толку голема вера.
11 И ви велам дека мнзина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на трпеза со Аврама, Исака и Јакова во царството небесно,
12 а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.”
13 И му рече Исус на стотникот: “Оди си и, како што си верувал, нека ти биде!” И слугата негов во истиот час оздраве.
14 Кога дојде во домот на Петра, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска,
15 и се допре до раката нејзина, и треската ја остави; таа стана и им служеше.
16 А кога се стемни, доведоа при Него мнозина бесни, и Он со еден збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни,
17 за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: “Он ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите.”
18 Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна.
19 Тогаш се приближи до Исуса еден книжник и Му рече: “Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
20 А Исус му рече: “Лисиците имаат легла и птиците небески - гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.”
21 Друг, пак, од учениците Му рече: “Господи, позволи ми најнапред да отидам и да го погребам татка си”
22 Но Исус му рече: “Врви по Мене, и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!”
23 И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови.
24 И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покривааа коработ, а Он спиеше.
25 Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: “Господи, спаси не: загинуваме!”
26 А Он им рече: “Зошто сте толку плашливи, маловерни?” Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина.
27 А луѓето се зачудија и рекоа: “кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?’
28 И кога пристигна на другата страна во земјата Гергеринска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат.
29 И ете, извикаа и рекоа: ‘Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да не мачиш?”
30 А далеку од нив пасеа голем број свињи.
31 И бесовите го молеа и говореа: “Ако не изгониш, позволи ни да отидеме во свињине!”
32 И Он им рече: “Отидете!” И тие излегоа и отидоа во свињите. И оддеднаш сите свињи се сурнаа низ срмнината во водата.
33 А свињарите побегнаа и, штом дојдоа го градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило со бесните.
34 И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и, кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај.
9
1 Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во Својот град.
2 И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде нивната вера, на фатениот му рече: “Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!”
3 Тогаш некои од книжевниците рекоа во себе: “Овој богохулствува.”
4 А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: “Зошто мислите лошо во срцата ваши?
5 Или, што е полесно? Да кажам: ‘Ти се простуваат гревовите твои!’ или да кажам: ‘Стани и оди!’?
6 Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: “Стани, земи ја постелата и оди си дома!”
7 И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома.
8 А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.
9 “А кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи на митница, и му рече: “Врви по Мене!” И тој стана и тргна по Него.
10 И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина митници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови.
11 Но, штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: “Зошто вашиот Учител јаде и пие со митници и грешници?”
12 А Исус, кога го чу тоа, им рече: “Здравите имаат нужда од лекар, а болните;
13 одете и научете се што значи: ‘Милост сакам, а не жртва’. Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците, на покајание.”
14 Тогаш дојдоа при Него учениците Јованови и рекоа: “Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат!”
15 А Исус им рече: “Зар можат сватовите да бидат нажалени додека со нив е младоженецот? Но ќе дојдат дни, кога младоженецот ќе се отргне од нив, па тогаш ќе постат.
16 Зашто никој не крпи стара облека со нова крпа, оти таа ќе се отшие од старото и отворот ќе биде поголем;
17 нитум пак, се става ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе испукаат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото.”
18 Додека Он им говореше за тоа, ете некаков началник се приближи до Него, Му се клањаше и велеше: “Ќерката ми умре сега; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.”
19 И кога стана Исус, тргна по него, заедно со учениците свои.
20 И ете, една жена, кој беше страдала дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова.
21 Зашто си велеше: “Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.”
22 А Исус, штом се сврте и ја виде, рече: “Не плаши се ќерко, верата твоја те спаси!” И оздраве жената во тој час.
23 И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот збунети,
24 им рече: “Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.” А тие Му се потсмеваа.
25 Но штом го истера народот, Он влезе, ја фати момата за рака и таа стана.
26 И се расчу тоа по целиот крај.
27 А кога Исус си одеше оттаму, тргнаа по Него двајца слепи и викаа: “Помилиј не, Исусе, сине Давидов!”
28 А штом дојде в куќи, слепците се приближија до Него. И Исус им рече: “Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Тие Му рекоа: “Да, Господи!”
29 Тогаш се допре до очите нивни и рече: “Нека ви биде според верата ваша!”
30 И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: “Гледајте, никој да не узнае!”
31 А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.
32 Додека тие излегуваа, ете, доведоа еден човек нем и бесен.
33 По изгонувањето на бесот, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: “Никогаш такво нешто не станало во Израилот!”
34 А фарисеите велеа: “Он ги изгонува бесовите со силата на началникот на ѓаволот.”
35 И одеше Исус по сите градови и села, и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот.
36 А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир.
37 Тогаш им рече на Своите ученици: “Жетвата е голема, а работици малку;
38 затоа помолете Го Госодарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.”
10
1 И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изговуваат и да лекуваат секаква немоќ.
2 А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар, и Андреј, брат негов; Јаков Зеведеев и Јован, братот негов;
3 Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј митникот, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј,
4 Симон Кананит и Јуда Искариот, кој го предаде.
5 Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: “По пат кон незнабожци не одете и во самарјански град не влегувајте;
6 а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом;
7 И одејќи, проповедајќи и кажубвајќи дека се приближи царството небесно;
8 болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви вознесувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!
9 Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар,
10 ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата награда!
11 А штом влезете во некој град или село, распрашајте се кој е во него достоен и таму да останете, додека не си отедете.
12 И кога ќе влезете во некоја куќа, поздравете ја говорејќи: ‘Нека е мир на таа куќа!’
13 И ако куќата биде достојна, вашиот мир нека дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаШ вашиот мир нека се врати при вас!
14 Ако, пак, негде не ве примат и не ги послушаат зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!
15 Вистина ви велам: полесно ќе и биде на земјата Содомска и Гоморска во судниот ден отколку на тој град.
16 Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.
17 Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат.
18 И ќе ве одведат пред управници и цареви, заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабожците.
19 Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете;
20 бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.
21 И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко - чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;
22 и ќе бидете замразени од сите заради Моето име, но кој претрпи до крај, ќе биде спасен.
23 Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Заќто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израелските градови, додека дојде Синот Човечки.
24 Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга - поголем од својот господар;
25 доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата како својот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни?
26 И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено, што не ќе се открие, или тајно, а да не се узнае.
27 Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што го слушате на увото, разгласувајте го на покривите!
28 И не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можата да ја убијат: туку бојте се повеќе од Оној, Кој може и телото и душата да ја погуби во пеколот!
29 Не се продаваат ли две врапчиња за едед асариј? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец.
30 А вам и влакната на главата ви се изброени.
31 Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.
32 И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен.
33 А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец набесен.
34 Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку мач.
35 Затоа дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
36 И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
37 Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мне; или кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
38 и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.
39 Кој ја запази душата своја, ќе ја изгуби, а кој ја загуби душата своја поради Мене, ќе ја зачува.
40 Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.
41 Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.
42 И кој напои еден од овие малечки само со чаша студена вода како Мој ученик, навистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.”
11
1 И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.
2 А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици,
3 и Му рече: “Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?”
4 Исус им одговори и рече: “Одете и кажете му на Јована што слушате и што гледате:
5 слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепри се очистуваат и глуви прослушуваат, мртви воскреснувааат и на бедните им се проповеда Евангелието;
6 и блажен е оној, што не се соблазнува заради Мене.”
7 А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јована: “Што сте излегле да видите во пистињата? Трска ли, што се лулее од ветерот?
8 Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се.
9 Па, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк.
10 Зашто тој е за кого е напишано: Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе’.
11 Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител; но најмалиот во царството небесно е поголем од него.
12 А од деновите на Јована Крстител па досега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат,
13 зашто сите Пророци и Законот беа пророкувале до Јована.
14 И, ако сакате да примите, тој е Илија, кој што ќе дојде.
15 Кој има уши да слуша, нека чуе!”
16 “А со кого да го споредеам овој род? Тој личи на деца што седат по пазариштата, па им викаат на своите другари
17 и велат: ‘Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте’.
18 Оти дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а велат: “Бес има.’
19 Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: ‘Еве, човек ненаситен и пијаница, пријател на митници и грешниците.’ И се оправда Премудроста со своите дела.”
20 Тогаш почна Исус да ги укорува градовите, во кои се извршија Неговите чудеса најмногу, бидејќи не се покајаа.
21 “Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чудесата, што станаа при вас, тие одамна би се покајале во кострет и пепел;
22 но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам.
23 И ти, Капернауме, што си се воздигнал во небото, до пекол ќе слезеш; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудесата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше.
24 Но ви велам, дека на земјата Содомска ќе и биде полесно на страшниот суд, отколку тебе.”
25 Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: “Те прославувам. Оче, Господи и на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и од разумните, и си го открил на младенците.
26 Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.
27 Се ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
28 Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;
29 земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;
30 зашто јаремот Мој е благ и бремето е лесно.”
12
1 Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а Учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.
2 Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: “Ете, учениците Твои прават, што не треба да се прави во сабота.”
3 А Он им рече: “Не сте ли читале што направи Давид, кога сам тој огладне и оние што беа со него?
4 Кога влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, а само свештениците.
5 Или, не сте ли чителе во Законот дека во саботен ден свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?
6 Но Јас ви велам дека е тука Оној, Кој е поголем од храмот;
7 и, ако знаевте што значи: ‘Милост сакам, а не жртва’, немаше да ги судите невините;
8 зашто Синот Човечки е господар и на саботата.”
9 И како отиди оттаму, дојде во синагогата нивна.
10 И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа Исуса: “Бива ли во сабота да се лекува?”
11 А Он им рече: “Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и извади?
12 А колку, пак, човекот е поскап од една овца? И така, во сабота е позволено да се прави добро.”
13 Тогаш му рече на човекот: “Протегне ја раката!” И тој ја протегна. И таа стна здрава како и другата.
14 А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус, кога разбра, се оддалечи оттаму.
15 И тргна по Него многу народ и Он ги исцели сите;
16 и им забрани да разгласуваат за Него;
17 за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18 “Ете Го слугата Мој, Кого го избрав, Мојот возљубен, што е по волјата на Мојат душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави суд;
19 нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов на раскрсниците.
20 Трските прекршени нема да ги докрши, ниту запалените светлила ќе ги угасне, дури не го изведе судот кон победа.
21 И во Неговото име неродите ќе се надеваат.”
22 Тогаш доведоа при Него еден бесен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23 И сиот народ се чудеше и велеше: “Не е ли Овој Христос, синот Давидов?”
24 А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: “Он не ги истерува бесовите на друг начин освен преку Велзевува, началникот на ѓаволите.”
25 но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: “Секое царство, ако се раздели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне.
26 И, ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да се запази царството негово?
27 И ако Јас истерувам бесови преку Велзевула, а синовите ваши преку кого ги изгонувааат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
28 ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло царството Божјо до вас.
29 Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот и тогаш да ја ограби куќата?
30 Кој не е со Мене, против Мене е; и кој собира со Мене, тој растура.
31 Затоа ви велам. Секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето.
32 И, ако каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но, ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.
33 Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.
34 Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнетото срце прикажува устата.
35 Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште - лошо.
36 И ви велам, дека секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараар на судниот ден;
37 оти по зборовите свои ќе бидеш оправанм и по зборовите свои ќе бидеш суден.”
38 Тогаш некои од книжниците и фарисеите одговорија и рекоа: “Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.”
39 А Он им одговори и рече: :Ликав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона;
40 оти, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.
41 Ниневијците ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; и ете, тука има повеќе од Јона.
42 И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од крај земја за да ја чуе мудроста на Соломона; но, ете, тука е многу поголем од Соломона.”
43 Кога нечистиот дух ќе излезе од човека, минува преку безводни места, барајќи спокој и не наоѓа;
44 па ќе рече тогаш: ‘Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов.’ И штом дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден;
45 тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува уште полоша од првата. Така ќе биде и со овој пакостен род.”
46 Додека Му зборуваше на народот, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.
47 Некој Му кажа: “Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со тебе.”
48 Он Му одговори на оној што Му зборуваше и рече: “Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?
49 И како покажа со рака на учениците свои, рече: “Која е Мојата мајка и Моите браќа?
50 Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, тој ми е брат, и сестра, и мајка.”
13
1 И кога излезе Исус тој ден од куќата, седна покрај морето.
2 И се собра околу Него многу народ, така што Он влезе во кораб и седна, а целиот народ стоеше на брегот.
3 И им говореше многу во параболи, велејќи: “Ете, излезе сејач да сее;
4 и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.
5 Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу поникнаа, оти земјата не беше длабока.
6 Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како немаа корен, се исушија.
7 Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8 Други паднаа на добра земја и донесоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет.
9 Кој има уши да слуша, нека чуе!”
10 И кога се приближија до Него учениците, Му рекоа: “Зошто во параболи им зборуваш?”
11 А Он им одговори и рече: “Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12 Оти, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има;
13 затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не виѓаваат; слушаат и не чујат, ниту пак, разбираат;
14 и над нив се исполнува пророкувањето на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15 срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да не се покајат и да не ги исцелам.’
16 Вашите, пак, очи се блажени, оти гледаат, и ушите ваши - бидејќи слушаат;
17 зашто, вистина, ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.
18 Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот:
19 при секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граби посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот.
20 А посеаното на камен е оној, што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21 Но нема во себе корен и е непостојан: настане ли жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22 Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
23 А посеаното на добра земја е оној, што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а друг триесет.”
24 И друга парабола им кажа, велејќи: “Царството небесно прилега на човек, што посеал добро семе на својата нива;
25 но, кога спиеја луѓето дојде непријателот посеа меѓу житото какол, па си отиде.
26 А кога порасна растението и донесе плод, тогаш се појави и каколот.
27 И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‘Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?’
28 А он им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’ Слугите, пак, му рекоа: ‘Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?’
29 Но тој им рече: ‘Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито;
30 оставете нека расне и едното и другото заедно, до жетвата; а по жетвата ќе им кажам на жетварите: сотерете најнапред каколот во снопови, за да се изгори; а житото приберете го во мојата житница’.
31 И друга парабола им кажа, кога рече: “Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зема и го посеа на нивата своја;
32 тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па станува дури и дрво - така што птиците небески долетуваат и застанувааат на неговите гранки.”
33 И друга парабола им кажа: “Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.”
34 Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи без приказни не им говореше ништо;
35 за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: ‘Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните ос создавањето на светот’.
36 Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: “Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!”
37 А Он им одговори и рече: “Сејачот на доброто семе е Синот Човечки;
38 нивата е овој свет; доброто семе, се синовите на царството, а каколот - синовите на лукавиот;
39 непријателот, пак, што го посеа, е Ѓаволот; жетвата е свршетокот на светот, а жетварите се ангелите.’
40 И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и свршетокот на овој свет;
41 ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе го соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела,
42 и ќе ги фрлат во вжарена печка; и таму ќе биде плач и крцкање со заби.
43 Тогаш праведиците ќе светата како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!
44 Царството небесно прилега уште и на драгоценост, сокриена во нива, која ја нашол човек и ја покрил, па, од радост за неа, отиштол и продал се што имал, и ја купил таа нива.
45 Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46 па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава се што има и го купива.
47 Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секскви риби:
48 и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат.
49 Така ќе биде и при свршетокот на светот: ќе излезат и ќе ги одделат лошите од праведните,
50 И ќе го фрлат во вжарена печка: таму ќе биде плач И крцкање со заби.””
51 И ги праша Исус: “Дали го разбравте ова?””” Тие Му одговорија: Да Господи!”
52 А Он им рече:” Затоа секој книжник””, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново.”
53 И, кога ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54 А штом дојде во Својот крај, го почуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа И велеа “”Од каде при Него ваква премудрост И сили?
55 Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија и браќата Негови - Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56 И сестрите Негови не се ли меѓу нас? Од каде, пак сето тоа при Него?””
57 И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: “Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.”
58 И не изврши таму многу чудеса заради невното неверување.
14
1 Во тоа време гласто за Исуса дојде и кај Ирода, четворогласникот;
2 и им рече на своите потчинете: “Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат овие чудеса преку него.”
3 Зашто Ирод, кога го фати Јована, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брата му Филипа;
4 бидејќи Јован му велеше: “Не бива да е твоја!”
5 И сакаше да го убие, но се боеше од народот, оти го сметаа за пророк.
6 И кога беше родениот ден на Ирода, ќерката Иродијадина играше пред гостите и му угоди на Ирода;
7 затоа, тој со клетва и вети дека ќе и даде што и да побара.
8 И таа, научена од мајка си, заради клетвата и гостите свои, нареди да и ја дадат.
9 И се загрижи царот; но, заради клетвата и гостите свои, нареди да и ја дадат.
10 Па прати, та ја отсекоа главата на Јована во затворот.
11 И ја донесоа главата негова на табла и ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12 Учениците, пак, негови, како дојдоа, го дигнаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Му јавија на Исуса.
13 Штом го чу тоа Исус, замина оттаму на кораб, во пусто место, Сам; а народот, штом узна за тоа, тргнаа по Него пеш од градовите.
14 И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни.
15 А на стемнување се приближија до Негови и рекоа: “овде е местово пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да се купи храна.
16 Но Исус им рече: “Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!”
17 А тие Му рекоа: “Неи имаме само пет лебови и две риби.”
18 Он им рече: “Донесете Ми ги тука!”
19 И кога му заповда на народот да седне по тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна во небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде на учениците, а учениците - на народот.
20 И јадеа сите и се наситија; ; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21 А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата.
22 А веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.
23 Па штом го распушти народот, Он се качи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана Сам.
24 А коработ веќе беше на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше споротивен.
25 Но на четврттата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.
26 А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: “Тоа е привидение; и од страв извикаа.”
27 Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: “Не бојте се! Јас сум, не плашете се!”
28 А Петар, одговарајќи Му рече: “Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе по водата!”
29 И Исус му рече: “Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;
30 но, кога го виде силниот ветар, се иплаши, почна да потонува и извика: “Господи, спаси ме!”
31 Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: “Маловернику, зошто се посомнева?”
32 И кога влегоа во коработ, веднаш престана.
33 А оние, што веа во коработ, се приближија доо Него, Му се поклонија и рекоа: “Навистина, Ти си Син Божји!”
34 Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска.
35 луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа при Него сите болни.
36 И Го молеа да се допрат барем до крајот на Неговата облека; и тие, штом се допираа, се излекуваа.
15
1 Тогаш, пристапија кон Исуса ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:
2 “Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Оти не ги мијат рацете, кога јадат леб?”
3 А Он им одговори и рече: “Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
4 Зашто Бог заповедал и рекол: ‘почитувај ги татка си и мајка си’ и, кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни’.
5 А вие велите: ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е;
6 значи, тој може да не го почитува својот татко или својата макја. Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание.
7 Лицемери, добро пророкувал за вас Исаиј, велејќи:
8 ‘Овој народ се приближува до мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;
9 но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби’.”
10 И кога ги повика луѓето, им рече: “Слушајте и разберете:
11 не она, што влегува во устата, го осквернува човекот, а она што излегува ос устата, тоа го осквернува човекот.”
12 Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: “Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?”
13 А Он, одговарајќи им, рече: “Секоја садница, што ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
14 оставете ги: тие се слепи водачи на слепци: а кога слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.”
15 Петар, пак, Му одговори и рече: “Објасни ја оваа парабола.”
16 А Исус им рече: “Ама вие, уште ли не сваќате?
17 Уште ли не разбирате дека се што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор?
18 А она, што излегува од устата, иде од срцето и тоа го оквернува човекот;
19 оти од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;
20 тоа го осквернува човекот. А јадењето со неизмиени раце не го осквернува човекот.”
21 И кога излезе од таму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска.
22 И ете, една жена Хананејка, кога излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: “Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес.”
23 Но Он не и одврати ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: “Отпушти ја, оти вика по нас.”
24 А Он одговори и рече: “Јас сум пратен само при изгубените овци на домот Израилев.”
25 Но таа, кога пристапи, Му се клањаше и велеше: “Господи, помогни ми!”
26 А Он, одговорајќи и рече: “Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.”
27 Но таа Му рече: “Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.”
28 Тогаш Исус одговори и рече: “О, жено, голема и твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!” И во тој час оздраве ќерката нејзина.
29 Штом замина оттаму, дојде Исус при морето Галилејско, се искачи во гората и седна таму.
30 И дојде при Него многу народ, кој имаше со себе хроми, слепи, неми, фатени и мнгу други, и ги положија пред нозете на Иуса, и Он ги исцели
31 така, што народот се восхитуваше, гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, хроми се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев.
32 А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: “Жал ми е за луѓето, оти три дена веќе стојат при Мне и намаат што да јадат; да ги пуштам гладни не би сакал, за да не премалеат по патот.”
33 Но учениците Негови Му рекоа: “Каде да земеме толку леб во пистињава, за да прехраниме толку народ?”
34 Исус ги праша: “Колку лебови имате?” А тие одговорија: Седум и неколку риби.”
35 Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата.
36 И кога ги зеде седумте лебови и рибите, благодари, ги прекрши и им даде на учениците Свои, а учениците - на народот.
37 И јадеа и се наситија; и кренаа останати парчиња седум полни кошници.
38 А оние, што јадеа, беа четири илјади души, освен жените и децата.
39 Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во пределите Мегдалски.
16
1 Тогаш пристапија кон Исуса фарисеите и садукеите и, искушувајќи Го, подараа да им покаже чудо од небото.
2 Он, одговарајќи им, рече: “Навечер велите: ќе биде ведро, оти небото е црвено;
3 а наутро: денес ќе има невреме, зашто небото е матно. Лицемери, изгледот на небото можете да до рапознавате, а знаците на времињата не можете?
4 Род лукав и прељуботрворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.” Па кога ги остави, си замима.
5 И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб.
6 Исус им рече: “Внимавајте и чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!”
7 А тие помислија во себе и си рекоа: “Тоа е што не зедовме леб?”
8 Но Исус ги разбра и им рече: “Маловерни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб?
9 Уште ли не разбирате и не помните ли за петте лебови на пет илјади души, и колку кошеви собравте?
10 Ниту за седумте лебоци на четири илјади души, и колку кошници собравте?
11 Како не разбирате дека не за леб ви реков: ‘Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски!”
12 Тогаш разбраа дека Он им беше рекол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејски.
13 И кога дојде Исус во земјата на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: “За кого Ме сметаат луѓето - Мене, Синот Човечки?”
14 Тие одговорија: “Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои за Јеремија или за еден од пророците.”
15 А Он им рече: “А вие, за кого ме мислите?
16 Симон Петар одговори и рече: “ти си Христос, Синот на живиот Бог.”
17 Тогаш Исус му одговори и рече: “Блажен си ти , Симоне, сине Јонин, оти тело и крв не ти го открија тоа, а Мојот Отец, Кој е на небесата.
18 А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
19 И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.”
20 Тогаш Исус им заповеда на учениците Свои да не кажуваат никому, оти е Он Исус Христос.
21 Оттогаш почна Исус да Своите ученици да им открива дека Он треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне.
22 А Петар, како Го повлече настрана, почна да Му говори, зборувајќи: “Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!”
23 Но Он се заврте и му рече на Петра: “Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазан, оти мислиш не за она, што е божјо, а за она, што е човечко!”
24 Тогаш Исус им рече на Учениците Свои: “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;
25 зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја најде:
26 оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови.
28 Вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт дури не Го видат Синот Човечки како оди во царството Свое.”
17
1 А по шест дни ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата Му Јована, и ги изведе во висока гора сами;
2 и се преобрази пред нив, и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му светнаа како светлина.
3 И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.
4 Тогаш Петар Му одговори на Иуса и рече: “Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука сеници: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.”
5 Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: “Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!”
6 И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.
7 Но Исус, кога се приближи, се допре до нив и им рече: “Станете и не бојте се!”
8 А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа некој друг освен Исуса.
9 А кога слегуваа од планината, Иус им заповеда и рече: “Никому не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!”
10 Потоа учениците Негови Го прашаа, говорејќи: “Зошто, пак, книжниците велат дек најнапред треба да дојде Илија?”
11 Исус им одговори и рече: “Илија ќе дојде порано и ќе преуреди се;
12 но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа, така и Синот Човечки ќе пострада од нив.”
13 Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител.
14 Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена
15 и рече: “Господи, смиливај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често - во вода;
16 го одведов при твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.”
17 А Исус одговори и рече: “О, доде неверен и развратен! До кога ќе бидат при вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!”
18 И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час.
19 тогаш учениците пристапија кон Исуса насамо и Му рекоа: “Зошто не можевме ние да го истераме?”
20 А Исус им рече: “Заради вашето неверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа планина: ‘Премести се одовде таму!’ и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно.
21 Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.”
22 А кога беа во Галилеја, Исус им рече: “Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,
23 и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресен.” И тие многу се нажалија.
24 А кога пристигнаа во Капернаум, се приближија во Петра оние, што собираа дидрахми и му рекоа: “Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?”
25 Тој одговори: “Плаќа.” И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: “Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?’
26 Петар Му одговори: “Од туѓите.” Исус му одговори: “Значи, синовите не плаќаат;
27 но, за да не го соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба, што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе и ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!”
18
1 Во тој час се приближија учениците до Исуса и рекоа: “Кој е поголем во царството небесно?”
2 И како повика Исус едно дете, го постави меѓу нив
3 и им рече: “Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно:
4 кој, пак, ќе се смири како ова дете, тоје поголем во царството небесно;
5 и, кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима;
6 а кој соблазни едно од овие мали, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина.
7 Тешку му на светот од соблазни, оти соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
8 Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот без рака или без нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;
9 и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеше фрлен во геената огнена.
10 Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен.
11 Оти Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.
12 Како ви се чини? Ако некој има стои овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца?
13 Па, ако се случи да ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.
14 Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.
15 Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;
16 ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17 ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи и на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник.
18 Вистина ви велам: се што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
19 Пак ви велам: се што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
20 зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.”
21 Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: “Господи, колкупати да му простам на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?”
22 Исус му одговори: “Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум”.
23 “Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги.
24 Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти;
25 па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и се што имаше, за да наплати.
26 Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се клањаше говорејќи: ‘Господаре, стрпи се спрема мене и се ќе ти платам.’
27 А господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28 Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‘Исплати ми што ми должиш!’
29 Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: ‘Стрпи се спрема мене и се ќе ти исплатам!’
30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, дури не му го исплати долгот.
31 Другарите, пак, негови, кога го видоа тоа што стана, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за се што се случи.
32 Тогаш господарот негов го повика и рече: ‘Лукав слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше;
33 не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?’
34 И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг.
35 Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си.”
19
1 Кога ги заврши Исус тие зборови, тргна од Галилеја и пристигна во пределите Јудејски, отаде Јордан.
2 По Него појде многу народ и Он ги исцели таму.
3 И дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: “Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?”
4 Он им одговори и рече: “Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, ‘маж и жена ги создаде’ и рече:
5 ‘Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.’
6 Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува.”
7 Тие Му рекоа: “Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви разрешил да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така.
9 Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, прељубодејствува.”
10 А учениците Негови Му рекоа: “Ако е таков долгот на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени?”
11 Но Он рече: “Не сите го примаат тој овој збор, а само оние, на кои им е дадено;
12 зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими.”
13 Тогаш доведоа при Него деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им бранеа.
14 Но Исус рече: “Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно.”
15 И кога ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.
16 И ете, еден човек, кога пристапи до Него, Му рече: “Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?”
17 А Он му одговори: “Зашто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.”
18 Тој му рече: “Кои?” А Исус одговори: “Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19 почитувај го татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!”
20 Младиот човек Му рече: “Сето тоа сум го запазил од младини, што ми е уште потребно?”
21 Исус му кажа: “Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!”
22 Штом го чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти омаше многу имот.
23 А Исус им рече на учениците Свои: “Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;
24 и уште ви велам: полесно и е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.”
25 Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: “Тогаш кој може да се спаси?”
26 А Исус, кога погледна на нив, им рече: “За луѓето тоа не е можно, но за Бога се е можно.”
27 Тогаш Петар одговори и Му рече: “Ете, ние оставиме се и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?”
28 А Исус им рече: “Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесет Израелеви колена;
29 и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или нива, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.
30 И мнозина први ќе бидат последни, а последните први.”
20
1 “Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да најми работници за своето лозје.
2 Па, штом се погоди со работниците по динар на ден, ги прати во своето лозје.
3 Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа,
4 им рече: ‘Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.’ И тие отидоа.
5 Пак излезе околу шестиот и деветиот час и направи исто.
6 А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ‘Зошто стоите тука цел ден без работа?’
7 Тие му одговорија: ‘Никој не не повика.’ А тој им рече: ‘Одете во моето лозје и, што е право, ќе добиете.’
8 А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‘Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.’
9 И дојдените околу единаесетиот час добија по динариј.
10 А кога дојдоа првите, помиалија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по динариј;
11 и штом добија, негодуваа против господарот
12 и велеа: ‘Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тегобата на денот и жегата.’
13 А тој им одговори и му речЕ на еден од нив: ‘Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј?
14 Земи си го своето и оди си; и на овој, последниот сакам да му дадам колку и тебе;
15 зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо, оти сум добар?’
16 Така ќе бидат последните први, а првите последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.”
17 И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече:
18 “Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт,
19 и ќе Го предадат на незнабожците да биде исмеан, и биен, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.”
20 Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, клањајќи Му се, Го молеше нешто.
21 А Он и рече: “Што бараш?” Таа Му одговори: “Заповедај овие мои два сина да седнат при Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство!”
22 Исус одговори и рече: “Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата, што ја пијам Јас; или да се крстите со кршавањето со кое се крштавам Јас?” Тие Му одговорија: “Можеме.”
23 И им рече: “Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седат оние за кои е приготвено од Мојот Отец.”
24 И десетте, штом чуја, негодуваа против двајцата браќа.
25 Но Исус, кога ги повика, им рече: “Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив;
26 меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
27 и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга;
28 како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.”
29 И кога влегуваше во Ерихон, по Него врвеше многу народ.
30 И ете, двајца, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа и велеа: “Помилуј не, Господи, Сине Давидов!”
31 А народот им заповеда да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: “Помилуј не, Господи, Сине Давидов!”
32 Исус застана, ги повика и рече: “Што сакате да ви направам?”
33 Тие Му одговорија: “Да ни се отворат очите наши.”
34 И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.
21
1 А кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија, при Елеонската Гора, Исус испрати свајца ученици
2 и им рече: “Одете во селоно, што е наспроти вас, и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; осврзете ги и доведете Ми ги!
3 А, кога ви рече некој нешто, ќе му кажете дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.”
4 А сето тоа стана за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели:
5 “Кажете и на ќерката Сионова: ете, твојот Цар иде при тебе кроток, качен на ослица и осле, син на подјаремица.”
6 Учениците отидоа и направија така, како што им заповедал Исус:
7 ги дотера ослицата и ослето и ги кладоа одозгора слиштата свои, и Он седна над нив.’
8 А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;
9 а народот, што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: “Осана на Синот Давидов! Благословен и Кој иде во името Господово! Осана на висините!”
10 и кога влезе во Ерусалим, целиот град се збуни, прашувајќи: “Кој е Овој?”
11 Народот одговараше: “Овој е Исус, пророкот од Назарет Галилејски.”
12 И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби,
13 и им рече: “Напишано е: ‘Домот Мој, дом на молитва ќе се нарече’, а вие го направивте како разбојничка пештера.”
14 И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
15 А првосвештениците и книжниците, гледајќи ги чудесата што ги прави Он, и слушајќи ги децата како викаа во храмот и велеа: “Осана на Давивовиот Син!”, се расрдија,
16 и Му рекоа: “Слушаш ли што велат тие?” А Исус им рече: “Да! Зар не сте читале: ‘Од устата на младенците и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба’?”
17 кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќева.
18 А утредента, враќајќи се во градот, огладне;
19 и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па, кога не најде на неа ништо освен лисја, рече: “Отсега да нема плод на тебе довека!” И смоквата веднаш се исуши.
20 Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: “Како веднаш се исуши смоквата!”
21 Исус им одговори и рече: “Вистина, ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што стана со смоквата ќе извршитите, туку, ако и на оваа планина и речете: ‘Дигне се и грли се в море!’ ќе биде.
22 И се, што и да побарате во молитва со вера, ќе добиете”
23 И кога дојде Он во храмот и поучуваше, пристапија кон Него првосвештениците и старешините народни и рекоа: “Со каква власт го вршиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?”
24 А Иус им одговори и рече: “И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
25 Крштаавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?” А тие размислуваа помеѓу себе и велеа: “Ако кажеме - ‘Од небото’, ќе ни рече: ‘Па зошто не му поверувавте?’
26 А ако речеме: - ‘Од луѓето’, се боиме од народот, оти сите го сметаа Јована за пророк.”
27 И, одговарајќи Му на Исуса рекоа: “Не знаеме.” А Он им рече: “Ни Јас не ви кажувам со каква власт го вршам тоа.”
28 “А како ви се чини ова? Еден човек имаше два сина; па отиде при првиот и му рече: ‘Сине, оди денес да работиш во моето лозје!’
29 Тој одговори и рече: ‘Нејќам!' Но потоа се покаја и отиде.
30 Па како дојде и вториот, му го рече истото. Тј одговори и рече: ‘Ќе отидам, господаре'. Но не отиде.
31 Кој од двајцата ја исполни татковата волја?" Му одговорија: "Првиот". Тогаш Исус им рече: "Вистина ви велам, дека митниците и влудниците ќе ве испреварат во царството Божјо:
32 зашто дојде при вас Јован по птаведен пат и вие не му поверувавте, а митниците и бледниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се покајавте отпосле, за да му поверувате."
33 "Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го огради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде.
34 И кога приближи времето за брање, тој испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите.
35 Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камење го засипаа.
36 Тој испрати сега други слуги , повеќе од првите; но и со нив направија исто.
37 Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: 'Ќе се засрамат од сина ми.'
38 Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа помеѓу себе: 'Овој е наследникот, ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.'
39 Па, кога го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
40 А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?"
41 Му одговорија: "Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите на време."
42 А Исус им рече: 'Зар не сте чителе во Книгите: 'Каменот, што го отфлрија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.'
43 Затоа ви велам дека царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови.
44 И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а тој врз кого падне, ќе го здроби."
45 И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,
46 па гледаа да Го фатет; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.
22
1 И договарајќи Исус пак им говореше во параболи и рече:
2 "Царството невесно прилега на човек цар, кој направи свадба на сина си,
3 и ги ииспрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие нејќеа да дојдат.
4 Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: 'Ете, приготвив јадење; јунците мои и се што е угоено се заклани, и се е готово; дојдете на свадба!'
5 Но тие не сакаа да знаат за тоа, а си отидоа: кој на нива, кој по трговија;
6 а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија.
7 Штом го чу тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.
8 Тогаш им рече на слугите свои: 'Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9 Затоа одете по раскрсниците и, колку души ќе најдете, поканети ги на свадба!'
10 И кога излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа - и лоши и добри; и се исполни свадбениот дом со гости.
11 Кога влезе, пак, царот забележа еден необлечен во свадбени алишта.
12 Па му рече: 'Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?' А тој молчеше.
13 Тогаш царот им рече на слугите: 'Врзете му ги рацете и нозете, земете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби;
14 зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани'."
15 Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат во некој збор.
16 И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, говорејќи: "Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој;
17 затоа кажи ни; како Ти се чини: треба да се дава данок на царот или не?"
18 Но Исус го разбра ликаството нивно и рече: "Што Ме искушувате, лицемери?
19 Покажете Ми една даночна пара!" Тие му донесоа еден динариј.
20 И им рече: 'Чиј е овој лик и натпис?"
21 тие одговорија: "На царот." Тогаш им рече: "Подајте го царевото на царот а Божјото на Бога!"
22 И штом го чуја тоа, тие се зачудија и, оставајќи Го, си отидоа.
23 Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи:
24 "Учителе, Мојсеј рече: 'Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си!'
25 При нас беа седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;
26 исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;
27 а по сите нив, умре и жената.
28 При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?"
29 Исус им одговори: "Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;
30 зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата.
31 А за воскресението на мртвите не сте ли чителе, што ви рекол Бог, Кој вели:
32 'Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов'. Бог не е Бога на мртвите, туку на живите."
33 И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на неговата наука.
34 А фарисеите, кога чуја дека ги посрами садукеите, се здружија со нив.
35 И еден од нив, законик, искушувајќи Го, праша и рече:
36 "Учителе која заповед е најголема во Законот?"
37 А Исус му одговори: "Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;
38 тоа е прва и најголема заповед;
39 а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!
40 На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците."
41 И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
42 "Што мислите за Христа? Чиј е син'" Му одговорија: "Давидов."
43 Им рече: "Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи:
44 'Му рече Господ на Мојот Господ: 'Седи од Мојат десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.'
45 И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Син?"
46 И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој не се осмели да Го праша.
23
1 Тогаш Исус им проповедаше на народот и на учениците Свои,
2 говорејќи: "На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
3 Затоа, се што ви кажат да правите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
4 врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат;
5 и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прват големи поли на својата облека;
6 сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,
7 и поздрави по улиците, и да им велат луѓето, учителе, учителе!'
8 А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител - Христос, а вие сте сите браќа;
9 и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата;
10 и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот наставник - Христос.
11 Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга;
12 зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.
13 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затварате царсвото небесно пред луѓето; оти, нити влегувате вие, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.
14 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
15 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
16 Тешко вам, водачи слепи, кои велите: 'Ако се заклне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е.'
17 Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, кој го осветува златото?
18 Исто така велите: 'Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.'
19 Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?
20 А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во се што е врз него;
21 и кој се колне во црквата, се колне и во Оној, Кој живее во неа;
22 и кој се колне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
23 Тешко вам, книжници и фарисеи, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
24 Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате.
25 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однавор, додека внетре тие се полни со грабеж и неправда.
26 Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
27 Тешко вам, книжици и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртвечки коски и секаква нечистотија;
28 така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
29 Тешко вам, оти ѕидате гробници за пророците и ги уркасувате спомениците на праведните,
30 па велеите: 'Ако живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.'
31 А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние, што ги убиле пророците.
32 Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши.
33 Зии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
34 Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги убиете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
35 за да падне врз вас сета прадена крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот Варихиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
36 Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род.
37 Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте.
38 Ете, ви се става вашиот дом пуст.
39 Оти, ви велам: нема да Ме видите отсега дури не кажете: 'Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!'"
24
1 И кога влезе Исус во храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите во храмот.
2 А Исус им рече: "Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане камен на камен, а да не биде урнат."
3 И кога седеше до Елеонската гора, дојдоа при Него учениците Негови насамо и Му рекоа: "Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот на Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?"
4 И Исус им одговори и рече: "Пазете се, да не прелаже некој;
5 зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: "Јас сум Христос!' и ќе прелажат мнозина.
6 Ќе слушате боеви и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.
7 Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси;
8 а сето тоа е почеток на болките.
9 Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат; и ќе бидете немразени од сите народи, заради Моето име.
10 Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат;
11 многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12 и бидејќи безаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади.
13 А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
14 И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво за сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.
15 Па така, штом ја видите мерзоста на запустението да стои на свето место, за која е зборувано преку пророкот Даниил - кој чита, нека разбере,
16 тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, да бегаат по планините;
17 кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од куќата своја;
18 и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои!
19 Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни.
20 Затоа молете се да не стане бегањето ваше симе, или во сабота;
21 оти тогаш ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде.
22 И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни.
23 Тогаш, ако ви каже некој: 'Еве, овде е Христос, или таму е', не верувајте!
24 Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе се покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
25 Ете, однапред ви кажав.
26 И така, ако ви речат: 'Еве, во пустињата е Он' - не излегувајте; 'Ете, во тајна соба е' - не влегувајте!
27 Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
28 Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите.
29 И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небесни ќе попуштат.
30 Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небесните облаци, со голема слава и сила;
31 И ќе ги испрати Своите ангели со трубен глас, и ќе ги соберат Своите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.
32 Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото;
33 така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.
34 Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
35 Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
36 А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;
37 но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаќањето на Синот Човечки;
38 оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот.
39 и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби се, - така ќе биде и доаќањето на Синот Човечки;
40 тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, а другиот ќе се остави;
41 две жени ќе мелат на рачници: едната ќе се земе, а другата ќе се остави.
42 Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.
43 Знајте го и тооа, дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би стоел буден и не би позволил да му ја поткопаат куќата.
44 Затоа бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки.
45 Кој е, пак, тој верен и благоразумен слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои, да им дава навреме храна?
46 Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го најде да постапува така;
47 вистина, ви велам, дека над целиот имот ќе го постави него.
48 Ако, пак, тој слуга, бидејќи лош, рече во срцето свое: 'Господарод мој уште за долго време нема да дојде',
49 па почне да ги бие другарите свои и да јаде и пие со пијаниците,
50 господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога тој не очекува , и во час, што нема да го знае;
51 и ќе го пресече на пововина, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби."
25
1 "Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа на го пречекаат младоженецот.
2 Петте од нив беа мудри, а петте - неразумни.
3 Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј;
4 а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои елеј;
5 и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6 А на полноќ се чу викање: 'Ете, младоженецот иде, излезете да го пречекате!'
7 Тогаш сите девојки стааа и ги подготвија своите светилници.
8 Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: 'Дај ни од елејот ваш, зашто нашите светилници се гаснат.'
9 Мудрите им одговорија и рекоа: 'Да не би да не стигне и нам, и вам: подобро одете кај продавачите и купете си!'
10 А кога отидоа тие да купат, пристигна младоженецот и спремните влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.
11 Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: 'Господаре, господаре, отвори ни!'
12 А тој им одговори и рече: 'Вистина, ви велам: не ве познавам!'
13 И така, бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.
14 Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;
15 и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина.
16 Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;
17 исто така и оној што зеде два таланти, спечали уште два;
18 а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар.
19 По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка.
20 И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: 'Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.'
21 Господарит му рече: 'Убаво добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам: влези во радоста на својот господар!'
22 Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: 'Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!'
23 Господарот му рече: 'Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе т поставам; влези во радоста на својот гос