Црква: Свето Предание
„Овде се стигнува рајот“ - Старец Тадеј
1. За зависта и завидливоста
Кај нас преовладува духовна неписменост, големо непознавање на Првиот и Новиот Завет со Псалмите.
Без животна наука нема ни мир ни спокојство, се паѓа во песимизам од кого доаѓаат незадоволството на зависта. Немојте да се ограничувате себеси со зависта!
Завидливците се ограничуваат самите себе, од нивниот ум како демонот да им ги одзема уздите и го држи во гнев. Сакаат да владеат, а совладани се. Се почнува од влијание на лошо друштво, користење магија, заробување со световни животни стандарди. Мислејќи дека тоа му е целта, и со своето огромно ЈАС во срцето, човекот станува затворен за Божјиот благослов.
Родителите ги издигнуваат децата за светот и така од мали ги учат наопаку.Тие ги наведуваат на забави во беззаконие. Упатувањето во светот и световниот живот како единствена смисла на животот, води кон нараснување кон беззаконието и уништување на духот. Самоуништувањето на духовните вредности не е ништо друго, туку допирање на пеколот уште во овоземниот живот. [повеќе]
2. За врзаноста за овозeмниот живот
Исполнувањето на услови, грчевитата борба да имаме сè за живо, сè е тоа измачување на духот. Освен тоа, сè е неволја. А видете и сами, кога сте во мир – дбро ви е. Но тој мир овде на земјата не трае долго. Само на кратко, а тогаш нешто пак го нарушува, поматува. Затоа мораме непрестајно да бидеме во врска со животот, со изворот на животот, со Бога. Постојано, непрестајно. Штом се расипи расположението, веднаш да бараме помош. Гледате, како малото дете кое штом со одвои од мајката, веднаш плаче по неа, никако нема да осане само.
И нашата душа, ако е сама, пати многу низ животот. А кога е соединета со Господ, какви тешкотии и да ја снајдат, сè ù e лесно. Ги пребродува сите незгоди зашто чувствува божествена радост. И чувствува дека ù прилега да помине низ овој пожар, низ огнот и низ водата на овој свет, да б се совладало сè, да се издигне над тие ситници кои нè измачуваат. [повеќе]
Богословие: Аскетика
Свети Григориј Ниски - За целта [на животот] по Бога и за вистинското подвижништво (II)
II,1 Поради тоа нам ни следи во иднина, да ги приведеме телото и душата кон Бога по законот на набожноста, и да Му принесуваме бескрвно и чисто служење така што ќе направиме раководител на [нашиот] живот да биде набожната вера кон која низ целото Писмо нé повикуваат гласовите на светите. Послушната и кротка душа мораме да ја изведеме на борилиштето на добродетелите токму така што во чистота самите себе ќе се ослободуваме од патиштата на овоземниот живот, ќе се избавуваме од робовското служење на [сé] ниско и празно, потполно ќе се предаваме на верата и живеењето само поради Бога, и јасно ќе знаеме дека на оној, кој во себе [ја чува] набожната вера и непорочниот живот, му е својствена и силата Христова, а во кого е силата Христова, тој го избегнува секое зло и смрт, која го разурнува нашиот живот. Лукавите [духови] немаат во себе таква сила која би можела да ú се спротивстави на силата на Господ [на овој свет]; на тие духови им е својствено само да ја следат човековата непослушност кон заповедите. И како што во дамнина поради тоа пострада првостворениот [Адам], така и сега го подражаваат оние кои,своеволно, [чекорат на патот] на непослушноста. [продолжи]
Богословие: Катихизис
д-р Игњатије Мидиќ - Православен Катихизис
III
Во зависност од тоа на кој начин пристапуваме кон прашањето за Бога, зависи и нашиот однос кон него, односно дали веруваме или не. На сите луѓе што веруваат, својстено им е за Бога да говорат врз основа на верата. Другите луѓе, пак, на прашањето за Бога пристапуваат врз основа на „знаење“. Познат е проблемот на односот помеѓу верата и знаењето. Тој проблем се изразува низ дилемата: или веруваш, или знаеш.
Наведената дилема, која се појавила на христијанскиот запад, произлегува од специфичното сфаќање на верата и знаењето. Знаењето за се’ што постои, па и за Бога, поистоветено е со објективно познавање на некого или на нешто т.е познавање врз основа на природата, а верата – со отсуство на такво знаење. Ваков вид на сознание довел и до појава на атеизмот, зашто Бог по природа никој никогаш не го видел и врз таа основа и не го познава. Затоа ваквото знаење ја негирала верата во Бога, односно го негирало самото постоење на Бога, зашто Бог по природа е невидлив и несознаен. [продолжи]
IV
Знаењето е идентификација, поистиветување на нешто или некого со самиот него, или одредување на нешто дека е тоа, а не нешто друго, односно на некого дека е тој, а не некој друг. Кога не можеме нешто да идентификуваме, тоа значи и дека не го познаваме. Да се признае дека Бог постои и да се говори за него, значи да се познава Бог. Сознанието претпоставува постоење на оној кого или што сознаваме. Со други зборови, познавањето некого или нешто има врска со постоењето. Она што не го познаваме – тоа за нас и не постои.
Пред да говориме за можностите на Божјото позание, најпрвин треба да објасниме како и на кои се’ начини познаваме, го идентификуаме светот кој не’ окружува. Треба да се нагласи дека со единстевн и ист метод на сознание не можат да се идентификуваат и предмети и луѓе, зашто во зависност од тоа на кој начин сознаваме нешто зависи и идентитетот на она што сознаваме. [продолжи]
Молитослов: Акатист
Акатист на светиот апостол и евангелист Јован Богослов
Кондак 1
Од рибарските мрежи избран за проповедање на Евангелието, и од ловењето риби за ловење луѓе за светлоста на вистинско богопознание, о голем апостолу, ученику, пријателу и љубимецу Христов, моли Го единствениот вистински Човекољубец, Кого со серафимска љубов си Го возљубил, да се смилува на нас кои го просиме твоето посредување кај Него и кои ти воспеваме: Радувај се, Јоване апостолу, љубимецу Христов и богослову!
[продолжи кон акатистот]
Свето Писмо
Во тек е поставувањето на Светото Писмо на македонски јазик, Синодското издание од 1990.
Канонот на Новиот Завет е внесен, се работи на внесување на канонот на Стариот Завет.
За повеќе, видете тука.


